Им пишав на матичниот гинеколог и општ чекам да ме побараат па да видиме. Се надевам лесно ке поминам. Фала ти
Петра со најдобрата заштитничка се роди, со најубав благослов! Ќе биде добра и за кратко ќе бидете заедно и среќни Фала ви женски, ќе го почнам вечер и ќе го пијам. Ако треба после ќе лечиме кандида, ама земав убав пробиотик па ќе видиме. Ќе избегавам благо и така. Цела недела ме лечат со сол и лимон, чувар куќа и топла ракија, е не оди така тоа. Се надевам вечер ќе се спие. Плачам за сон.
Покрај благо, избегнувај и бело брашно, пиј јогурт, пробиотици и Б-комплекс два-три пати на ден ако дозволи доктор. Треба да е океј вака и да не се појави кандидата. Те читав дека не сакаш да корнеш на работа, но секоја можна прилика искористи да каснеш малку лукче.
Не можам лук, имам низок притисок, башка со странки сум на работа, не бива да јадам лук, нема смисла. Ќе јадам викендов кога сум дома и да ме кутне да спијам ќе си легнам.
Ај и тука да прашам, затоа што во друга тема не добив одговор. Кога ќе заврши патолошката и ќе се земе боледување од општ матичен, кој го исплаќа боледувањето од општиот? Фирма или фондот? Секако, да нема прекин во боледувањето.
Нема смисла, се согласувам. Искористи можност дома кога си. Ако не, здравје, со другите работи ќе тераш против кандидата.
Од патолошка мислиш на породилно или на обично? Јас колку што знам од патолошка не можеш после на обично туку 45 дена пред термин отвараш породилно, тоа државата го исплаќа. Е сеа ако сакаш да прекинеш патолошка и да продолжиш на обично мислам исто дека не може ама препрашај си, не сум сигурна. Јас денес прашав за после стар одмор да отворам 1 недела обично боледување, па после породилно, ако изгурам до крај да ми се фати таму до последно да бидам "на работа" и од 1ви да отворам породилно. Али не е се како сакаме нели, па можда и ќе треба породилно одма од одмор да отворам, може и одмор да не докористам...
Мислам на обично боледување од општ матичен, веќе отворив, па после ќе користам одмор. Само ме интересираше кој ги исплаќа тие две недели од општ матичен, дали фирма или фондот.
Ангелче, прашај дали можеш вагинален пробиотик да ставаш. Тој е супер за кандида, ама дека бремена препрашај.
Јадачки големи и мали, дали јадете туна? Мх мх со пченка, со маслинки, од Рио маре. Лигиии Само велам ај потака ај потака, демек да е поголемо бебево, ама ме фаќа стрв.
Ааа така, од фирма да. Ќе прашам, таман на контрола сум за 1 недела. Па еднаш во месецот можеш, не е страшно. Јас јадам, со тестенини, со сос од патлиџан... Мераци! Леле колку ми се спие, сон ме убива ама детево во стомак ако вечерва не се преврте, нема никогаш. Хаос прави. Денес најде кога ми се спие толку многу. Се надевам бар вечерва ќе поспијам. Добра ноќ мешиња, јас сум кома!
Кај нас гинеколозите не препорачуваат ама одвреме навреме не е ништо страшно. Во странство колку што знам дозволена им е, само да не е пречесто.
Можеш, зошто да не? Кај мене се препорачува риба два пати неделно, секако да се внимава да не е од врстите кои се со висока количина жива. Јас јадам туна еднаш неделно.
https://deca.mk/i-malite-detsa-znaat-poveke-od-da-i-ne-kako-da-pottiknete-interesni-razgovori/ Еве прочитајте за искуство за породување од Норвешка. Вака изгледа, во Македонија златно здравство ќе испадне. Yeah
Девојки еве ме мене. Бев на интернист во Ремедика. Демек бев за желудникот ,на крај ми најдоа 16мм камења . Рече дека ке мора да се вади скроз и дека тоа уствари ми праи проблем со киселини и мачнини цело време Ве молам некој искуство со жолчка. Дали мора да се вади? Нема ли друг начин? Може ли да настанат компликации при пораѓај? Плс. ..дали да одам на второ мислење и каде?