Не се паничи, секако сега ништо не можеш да направиш додека си бремена. Што ти кажаа? Дали воопшто треба да се вади? Сега може бебе стиска па затоа така се осеќаш. При пораѓај не верувам дека може да се случи било каква компликација. Инаку, за второ мислење може да се обратиш кај некој од лекарите во 8ми Септември, многу биле добри интернистите таму.
Оди на второ мислење, маж ми имаше камења, ништо не му дадоа, после некој месец му станаа песок, сега уште стојат како песок. Ако треба да се вади и после второ мислење, не е страшно, баба ми ја има извадено во бременост, рачунај пред 50 год и била добро, уште е жива со 3 деца. Не се сеќирај во секој случај добро ќе е.
Имаш постирано погрешен линк. Јас не се согласувам со ова гледиште, секако секаде постојат компликации и верувам дека тоа што е пишано е вистинито искуство, но од 1000 пораѓаи дали еден ќе е ваков. Јас уште не сум била на ехо а сум веќе 15та недела, здравје за еден месец ќе го видам бебето. Но секоја посета кај бабицата имам разговор, што ме мачи, ми дава информации за што да очекувам, како да се припремам, како се чувствувам ментално, имам група со останати трудници кои се од прилика со ист термин од кои многу не се првородилки и сите се презадоволни од претходните пораѓаи.
https://deca.mk/majka-od-srbija-kog...GGhp30Ex7Z6hnQ0V5XCDHy3jI9cPQ7ylcyDoJCPtmUZCs да, еве го тој што сакав. Од систем до систем големи разлики. Ниту пречесто ниту преретко е правилно. Не знам. До навиките е можеби. Ама и во текстот можеби има вистина.
@mb2408 нека е жива и здрава Петра, родена на голем празник св. Петка ќе ја чува и се ќе биде во ред Празникот ми е посебно драг и мене, бидејќи пред 5 години за прв пат станав мајка
Не знам што е со секретов што го имам. Значи како урда е, жолтеникав зелен, после мокрење на тоалетна го има, и секако на гаќи. Правени брисеви 2 пати на различно место, чисти се, правена уринокултура, чиста. Вагисан вагиналети ставав 7 дена, не помогнаа. Не разбирам, а секретот се виде и на вагинално ехо на матката.
Лежам од вторникот и мислам дека грбот повеќе не си го чуствувам. Браво на жените кои успеваат месеци да лежат. 35та недела +5 дена сум, па среќа нема да има потреба долго да лежам. Д-р вика до 37ма недела да издржиме ќе биде супер. Пијам ферона и ставам по два утрогестани дневно. Се надевам ќе стигнам до сигурна зона. Среќа што се купив, ми остана само пелени и козметика, мм ќе го заврши тоа деновиве и мајка ми и свекрва ми да исперат алишта и да спакуваат ствари за на болница
38ма недела без знаци дека нешто ќе се деси....битно нозете хаос , па утре на трансфузиолог. Инаку што да спакувам во ташна здравје, за во болница? Да не ставам непотребни работи ако може некоја нека ми пише што навистина е потребно. Треба да има некои промени во градите? Немам ни тоа, само едини симптом нервоза(како и обично) и јадам еден тон благо, некако ми се спие па со кафе и благо се докрепувам навечер.
Здраво, имам гестациски дијабет и одлично го држам со диета. Но ќе треба предвреме да се породам( 35 недела сум) и примав инекции за зреење на плодот и шеќерот на гладно ми се покачи на 7(претходно ми беше 5). Некоја со слично искуство?
-Влошки обавезно, јас би ти рекла мрежести на Бони да земеш, Вир имаат најлон и не се баш пријатни, мрежести гаќи не, -спаваќа не мораш, секако ќе ти дадат, -сапун, -вода, -крпа, -нешто за поткаснување, ако сакаш, -пелени, барем 10, т.е минимум -влажни, виолета на база на вода, најдобро, -папучи гумени, -полнач, дезодоранс, паста, четка за заби, за коса, -четвртасти подлоги, Друго ништо не ти треба. За градите промени ќе имаш тек кога ќе се породиш. Би ти рекла да се снабдиш со пумпа, рачна или електрична, или пак позајми. Страшно ќе ти се најде. За по дома, за во болница ако ти треба ќе ти дадат. Спреми си најлон ако ти пукне водењак и одиш со кола, лом ќе направиш инаку. Вистинските контракции не се утнуваат. Толку се точни, а и боли, што веднаш ќе знаеш дека тоа е тоа. Со среќа и брзо да се олесниш.
Кога ти се покачи на 7 ? Веднаш по инекциите за зреење ? Тоа е кортико и од него шеќерот скока многу . Следи си го деновиве и ќе видиш како ќе се движи . Инаку не ти е толку висок за да мислиш дека мора предвреме да се породиш. Јас и инсулин боцкав и пак ми беше височок па како ништо истуркав да влезам во 9ти . Кој ендокринолог те води ?
Мене ми е чудно што на толкави камења јас немам болки единствено имам проблем со храна што мислев ми е од желудник....
Па може не ти сметаат туку заради поставеноста и големината на бебче осеќаш само киселини. Дај Боже и да немаш болки.
Оневозможено е доволно лачење на жолчен сок, што е потребен за дигестија на храната, затоа ти е тешко во желудникот.
Оди обавезно на второ ако треба и на трето мислење за камењата постои и лапараскопски да ти ги искршат да не мора да се вади жолчката тоа валда зависи од камењата колкави се но не се секирај за се постои решение бар кај нас за тоа докториве искуство имаат.
Фала девојки. Ми дадоа терапија Еманера т.е есомепразол да пијам до крај . Рече.не се штетни. Шубе ми е ама тоа е....
Кај се породи ти мами? И зошто не мрежасти гаки? Јас ќе сум на ГАК па мислев да земам мрежасти, сега ме замисли ти...
Женски грлово од ноќеска лом ми е, многу ме боли, што да правам, да земам нешто што е дозволено или на доктор да одам?
Башка многу се грижам што сум ослабена ....како е можно? Влегов во бременост со 62 ,сега сум 66 едвај .Лани ова време бев 66 кила. Се надевам се ке е во ред...се нервирам веке сите да ми коментираат колку сум слаба за трудница на праг на 9ти месец. Ме загледуваат чудно....