Фала ви на сите што ми пишавте Болката беше многу болна ама за среќа кратко траеше. Се напив магнезиум, чај и се истуширав со топла вода и ми помина, заспав. Не отидов на лекар, реков ако боли и не се смирува ќе одам ама сега сум добра. Ќе се слушнам со мојата докторка ќе видам што ќе ми каже. Многу се исплашив, не сум осетила таква јака болка досега, среќа што кратко траеше.
Јутрич! И моево денес е многу немирно, салто прави, дури мислам дека се преврте конечно надоле, така ми стои. Колку е немирно, ако е бар 1/10тинка од ова кога ќе се роди, тешко мене. Осеќам дека забавно ќе ни биде. Да ви кажам веќе смрт ми е кога треба да се спие, зошто знам дека ме чекаат саати и саати спиење на рати, па сува уста, па се укочила таа страна сврти се на другата, па жешко, па ладно, па ниска перницата (бајдвеј скроз се сплеска перницата од Сомниа) додај мало перниче, па високо некако тргни ја, па тесно, па широко... ми иде цела ноќ да си ја преседам а да спијам преку ден, жими се. Со синко голем станував и одев во вц и имав будни периоди, ама не до волку. Се мислам да се преселам во дневна со спиење, може таа локација ми е добитна, таму спиев со синколе. Ќе пробам богами, и така сме настинати моментално и јас и мм и за да не разболеме дете ќе се поделиме сите во различна соба, оти јас хрчам ко моторна пила маж нема шанси да ме трпи а синко ќе си го испратам во неговата соба, досега спиеше во спална со татко му а јас кај него. Па да пробаме може ќе ни успее. Денес во план ни е молот да го шетаме, па може да тркнеме и до она од карши Бејби центар, чисто да извидиме ситуација, може и да се купи нешто ситно. Списокот да почнам да го чкртам веќе. Убав ден мешиња, искористете го до максимум!
И мене ми е смрт коа доага нок. Синоќа пак дежурав. Се ме боли. У пм више али ја стварно не можам да издржам до крај вака. Се надевам нема да чекам до 40та зашто ке си умрам...психата ме јебе. Се подреков вчера дека сум добра и синоќа ми беше пекол.....многу се изморив многу....а кај е цел деветти месец
Хај Како сте девојки, Јана овде Се изолирав малку од форумот за убави работи, да не урочам ама од убавини не можеме да куртулиме Па сакав да се вратам кога се породив за да ве известам ама си заборавив пасс и од обврски забаталив. И сега пред некој ден ми текна пак на вас, контактирав админ за помош и до денеска ме игнорираа, па си направив нов профил Ние се галиме веќе 3+ недели, го имам најзлатното дете што може некоја да го посака. Мирно, мирно, премирно. Баткото супер го прифати дури и љубоморен е ако некој од страна го чепне. Не го дава на никој. Душата ми е полна и само ги гушкам, си лежиме, не ми се мрда од нив затоа и телефонот не го фаќав, недостапна сум за сите Сакам да кажам дека многу ми значи што ме помислувавте само поради тоа и се вратив, да ви кажам дека сме супер, среќни и ви посакувам на сите лесен пораѓај, здрави и живи бебенца. Туку прочитав некои убави вести @0ли @Bebence29 @Bella_Stella нека ви е со лесно до крај, пресреќна сум за вас Огромен поздрав за @Yowannty @Misskirova @elenaklasik @forumce и се извинувам ако заборавив некоја што ме помисли, се надевам дека сте добро
Девојкооо....многгуууу ме израдувааа ,многуу. Честитки . Да сте живи и здрави. Многу те мислев да ти кажам. Се радувам што сте добро. Ке се читаме, не ни бегај. Бацки и гушки
Ах душо моја, кој не прашува нас дали можеме или не да издржиме... јас спијам на тоа уво дека со батко се породив рано, па и ова рано ќе излезе, добро не мора толку рано како бато, ама може и да не изненади. Битно да се пожалиме тука меѓу свои, кој ни брани. Велком бек!
Дај Боже да се завртило надолу Па добро дојде назад Јанушке! Честитки за беблето, здраво живо и радосно заедно со бато Богами, нѐ задума, ама премило ми е шо читам вакви убави вести! Види колку сме збогатени на темава, и јас се радувам на членките шо си очекуваа позитивен тест, сега еве сме заедно во иста тема. Дај боже да се множи темава. Велиш супее сте се со бебенцето, бато го прифати. Ќе ти пишам за детали како беше првата средба да кажеш. П.с ај сега стави ја сликичката од Сара Кеј Убав ден, папочиња
Добро утро мешиња ! Се породив царски, помина се во ред , бебушко е до мене си се галиме , чувството не се опишува.. светот го имам во свои раце ! Посакувам сите на овај свет да го доживеат ова чувство, секоја жена го заслужува тоа ! Ве гушкам ❤️
Идни мамички здраво. Во прва бременост од која недела почнавте да чуствувате движења на вашето бебче ? Јас сум на почеток од 21, некогаш така наречените пеперутки ми се многу изразени навечер одкако ќе легнам, а некогаш се случува да не почуствувам мрдкање еден или два дена. Дали ви се случувало и вас исто ? На контрола сум наредна недела и не можам да дочекам. На сите нека ни е со лесно, поздрав
Да прашам дали може ако не си од Скопје да можи да се породиш на клинички и кој дава упат за таму ако воопшто можи мојот сопруг вика нема шанси да пуштаат од друг град и дали клинички и гак е исто или различно е.