Јанкееееееее, те мислевме, пишувавме пораки, се загриживме што те нема, но пресреќна сум што е сè во ред! Се надевам дека ќе те има низ форумов, ми фалиш по темите. Гушкај дечиња, изнамирисај ги, изеди ги, пиленца слатки Уживајте во убавините, многу ме израдува што пиша Првпат во 19+ бев сигурна дека е бебе, баш ме клоцна доле. Може на почеток некогаш да осеќаш, па после некое време не, но со тек на време сè повеќе и почесто ќе го осеќаш.
Честитки мамички! Здрави и живи да се бебињата Можеш да се породиш иако си од друг град, матичната ќе ти даде упат за да почнеш со ЦТГ и после ќе си се договараш со докторот кај кој што сакаш да се породиш. Клинички и ГАК (Гинеколошко акушерска клиника) е исто.
На телма има емисија за камен на жолчката мислам дека пред некој ден некој кажа дека има таков проблем зборуваат и за во бременост
Девојки кажете што да земам за да ми олесни. 17+0 денес и прв пат повратив. После доручек почна да ме боли ненормално желудник и да ми доаѓа нагон за повраќање. Не јадев ништо тешко, авокадо, домат, моцарела и јајце. Пробав се, маслинка со семка голтнав, сода со кисела вода, чај од нане. После се ова повратив ама уште ме боли желудникот и не знам што да правам. Имам и нагон за во вц, а не можам.
Јас во бременост имав киселини од домат. Инаку можеш таблета антиметил, рупурут или гастроград за киселина.
И кај мене женче уште не е свртена.....тоа е....се надевам има време ама некако докторот е скептик....ич некам царски ,многу ми е страв ама тоа е што е. На мојава главата и е горе во желудник,ваљда затоа и имам толку мака ,а нозете и се доле скроз
Оффф ми се плаче кога слушам за киселини. Мене ништо од ова не ми помагаше...освен сода тогаш за тогаш...ама има некои финти...после јадење никако пиење течност веднаш,чекаш бар пола саат. И никако легнување,најдобро ако можеш веднаш да свртиш круг два.... Едит...а да ,и непечен бадем ми помага малку од малку, ми олеснува тежини....
Кај мене срцка дури не е ни скроз карлично, глава десно во ребра, нозе во лев препон. Не знам што да кажам, не мрда од оваа положба. Многу сакав природно иако имав страв и од тоа ама сега некако си се спремам психички за царски и премногу се плашам ама изгледа тоа е, мора да се издржи. Се надевам дека сè ќе помине кога ќе си го земам во раце
Не знам дали се киселини, никогаш претходно ни желудник ме болел, ни со киселини сум имала мака и стварно не знам да препознаам. Мислам сега откако повратив втор пат малце почна да ми олеснува. Ако не бива ќе пијам некое апче од овие што ми ги предложивте.
И мене ми беше така од вчера до денес и кај 12 си каснав за ужинка чоколадо за готвење и ми помина одма дали да се смееш дали да плачиш пробај може и тебе ќе ти помогне
Подобра сум, ми помина. Денес решив на полесна храна да сум. Јадев супа и ориз со грчки јогурт. Ама ова со чоколадово може да го имам на ум. Фала ти.
Кока кола напи се може ќе ти олесни. Јас сакам многу авокадо ама од почетокот на бременост немам пробано некако ми се згади кога јадев.