Леле и јас те мислев, прво дека бевме блиски со термин, да ти кажам дека малечката моја избрза малку повеќе и второ проблем со камерата што ја нарачав имав, па чекав да се уклучиш да ме управиш ако можеш Нешто апликацијата зезна, работеше додека работеше, сега ми бара 55 долари на годишно ниво за да ја користам или јас не сум разбрала добро Како и да е, Уживајј, гушни ги батковците, пиши кога ќе можеш
Нарушена вагинална флора. Прашај за пробиотик, пиев Лактогин 15 капсули и после 7 дена немав ништо. Брисевите ми беа чисти и мене.
мене ми препорачаа лактогин вагинални капсули да дтавам, ама нигде ги нема во Македонија. Ставав вагисан, не помогнаа…
Му се има десено на некој да се разболе дур е болен? Малку ми беше вирусот сеа и настин некој ме мавна. Грдо. Шмркам сеа и се затнав, се ме чеша... грдо. Беблак денес мрдна од мрдање. Ама па и јас го најадов асално блачко, а демек немаше да јадам ради кандида, ама кој да додржи. Убав ден мешиња!
Angel мене тука ми рекоа ако имам симтоми како настинка или грип и ако почне да имам чешање на телото да се јавам на матичен или да одам на брза помош. Не знам за што е знак и зошто ми го напоменаа уште на прв преглед со бабицата, ама се сеќавам убави дека баш беше нагласено чешањево. Може е паметно да си идеш на кај матичен.
Не ме чеша телото, пијам веќе антибиотик, ме чешаат уши и грло, како настинка типична. Бев кај матична, пијам и антибиотик. Имам јако воспаление на грло, може па и од антибиотикот да ми се разводнува секретот зошто ми кажа матичната да прскам обавезно спреј и да чистам нос.
Аа ок, не те разбрав, епа тогаш од што ти поминува вајада е и јас кога бев болна пред некоја недела при крај ушите ме убија од чешање, ми идеше со нешто остро да си брцам и да се чешам. Ќе помине.
Ако имаш терапија добиено со антибиотик не ти е вирус.. И ако за три дена отприлика не ти е подобро,можно е да ти е потребен друг антибиотик. Јас скоро кога бев болна,само црп ми беше во плафон и докторот сакаше да ми препише антибиотик. Јас почекав и не го почнав одма, мислев вирус е,ама откако не бев подобро на своја рака направив брис од нос и грло и испадна дека предложениот антибиотик џабе ќе го примав затоа што не ја покриваше бактеријата што ја имав...
За чешање на телото стварно имаше некоја причина... Од негде имам прочитано со црниот дроб да не имало врска... Ако знае некоја, нека сподели.
Па само што ја почнав терапијата, за воља на вистината ушите не ме болат веќе, грлото исто така, само многу кашлам и сега се растече нос. Докторката вика има 2 можности, да си настинала дополнително или да се разводнил секретот кој беше заглавен секако и сега се слева и кашлам и кивам од него. Ако беше настинка ќе имав тт, јас немам, само кашлам, кивам и шмрчкам, ама воглавно ми е подобро од пред 2 дена. Кај мене почна вирусно, ама се воспалија и грло и уши страшно.
Дали е нормален зголемен исцедок во 18та недела? Го имам додуша веќе 3,4 недели, само последнава некако баш е зголемен. Воденкаст, белузлав. Мењам гаќи 2 пати дневно минимум зошто дневни улошки не поднесувам. Брисевите се чисти, уринокултура исто. Не знам веќе што да правам/мислам. Докторката и лакмусов тест ми направи супер искочи, вика нема индикација ни за променета пх ни за бактериска инфекција, ни па за плодова вода дека тече. Дали некој пробиотик е дозволен во бременост да почнам и тоа да пијам, може ќе ми помогне? Не дека имам некоја конкретна мака, ама на мисла ми е сепак.
Девојки кичмава веќе 2 саати не престана да ме боли..си викам што ако не ги препознаам породилните болки
Девојки ве молам за помош. Се подреков дека сум добра и денес и покрај терапијата сум крш. Моментално се гушам од јадењето Се ми е во грло. Плачам и незнам што со себе....многу ми е лошо....толку лошо што се молам да излезе детево зашо ке умрам...ве молам за совет кај да одам? На Гак? На ургентен? Бидејки со желудникот ми е маката незнам кај би одела сега.....
И мене ми беше така и сеуште ми е 25 недела сум, еве денес баш се уплашив зошто неколку дена немав, а најчесто имам при пешачење. Немам ни јас објаснување.
Te citam se iznamaci. Isto i jas bev vo bremenosta, placev. Mi se sozdavase plunka I na 10 sekundi plukav. Takov simptom nikomu ne posakuvam, bil mnogu redok Samo da ti dadam poddrska. Da pojdes na Urgenten.
Јас стварно цело време се мислам дали има некој како мене...не се издржува ова , плачам нонстоп , цело јадење ми е во нос......
Ко да те запамтив дека примаш Панцеф, или тоа беше друга членка? Јас примав Панцеф минатата зима и имав таква реакција со чешање, го прочитав упатството и го пишуваше како несакана реакција. Во консултација со доктор ја прекинав терапијата, ваљда ми беше многу јак. Иначе чешање без причина во бременост е поврзано со лачење зголемени ензими од црниот дроб и треба секогаш да се пријави како симптом.
Јас примам моментално Панцеф и до сега не приметив чешање или било што такво. Ако ви се случува така јавете се кај докторот што ви ја дал терапијата може ке ви ја смени.