Никаде. Со првото бебе имав проблем со желудник. Во 3 наутро отидов на ургентен, од таму ме пратија на токсикологија, а од таму на гак за да на гак (во 6 ч наутро веќе) ми речат почекај нека отвори матичниот. Чекав отвори и ми стави тој инекција и ми помина.
Нека ти е жива и здрава, се надевам се заврши добро Не знам зошто така за апликацијата, ми нема побарано досега освен ако сакам cloud storage такви работи. Да видиш на страната некоја помош?
Devojki, dali vo 37 nedela dvizenjata na bebeto se namaluvaat t.e se ograniceni radi prostorot dali e toa normalno? Ili treba da se panicam?
Би ти препорачала ако имаш можност да примаш инфузија со б-комплекс(б12 можда не памтам). Таков микс имам примано во првата бременост и се преродив. Доктор би знаел која комбинација се дава. Плус ти пишав, не знам што внесуваш но со ваков желудник мораш многу да внимаваш што, колку и кога внесуваш. Со помин.
Па пример сабајле каснав малце кашкавал со црн леб , се пазам цело време да не пијам вода после јадење и жедна сум ко пес , ми се пие ми се плаче а ако се напијам вода готова сум....и исто ми се Фака,вчера јадев варен ориз и пак ми беше лошо.. бебе многу притиска ,осекам како некој да ми седи на желудник
И јас плукам нон-стоп, киселини ме убиваат, се надевам нема да остане вака до крај или недај боже полошо, многу се надевам. Јас уште не чувствувам мрдање на бебе, ни пеперутки, ни клокотење, ништо. Бев кај бабица пред два дена, ме слушаше со доплер и ме фаќаше, она вика мрда бебе ама уште не препознаваш, се надевам ќе препознаам скоро. Мене заб почна да ме боли, преку ден не ме боли, ни кога јадам, ни општо, ама ноќно време цело време сонам како ме боли и кога се будам сфаќам дека стварно ме боли, на притисок, вајда ќе треба да посетам стоматолог, а тука тоа ми е најголем хорор. Преуморна сум овие два дена, не знам како жива издржувам да работам, бројам денови до јануари.
Пробај вода да пиеш по голтка на 5 мин. Да не го оптеретуваш желудникот. Мене со неколку капки лимун ми помагаше многу. Ориз е тежок за варење. Свари компир пробај, со сол малку. Кисело млеко, банана. И што и да јадеш, јади малку а почесто. Ова мене ми помагаше, се надевам бар малку да ти олесни.
Па мене тука ми рекоа дека нема такво нешто како намалување на движењата, до 28ма треба да се зголемуваат, а после да останат константни и ако приметам дека не се чести или де сменети одма да се консултирам со бабица или доктор. Не знам дали овоа е првилно ама ете така ми кажаа на консултацијата. Може убаво е да си провериш да не ти е на мисла.
Незгодно ми е и од вас и од мм дома цело време кај шо се жалам ама можете да замислете чим со апчиња ми е вака како би ми било без нив . Него, дали пример може со доктор да се договарам да го извади побрзо детево бидејки ми е лошо многу? Мислам побрзо бар на 37ма,ако чекам до крај, отидов
Пошто ти е прво пред 38ма тешко. И тоа строго на приватно, во државна скоро па невозможно. Пробај, можеби е можно. Ама не ме чеша телото, раце, лице, ме чеша грло и нос како за класична настинка. Кивам и кашлам од секрет, баш како кога настинуваме. Мука не мука за мочање си сварив еден чај и нафукав лимон внатре, мед и сега ќе мочам цела вечер, ама бар знам дека испив чајче полесно ќе ми биде. Ги обогатив Зегин од тестови купување, кој што прави јас ковид тест правам. Страв ми е. Прееска у Веро коа ме спопадна една кашлица од секрет што ми се слива, бруки, кашлам ли кашлам. Иде ноќ, кој ќе се бори со ноќта сеа, ми се темни. А преку ден да затворам очи 2 саати спијам ко топ, ништо не ми смета, нит светло нит галама, ништо. Ама уморна сум, тоа е. Да не сопираа толку боледување како ќе земев сега 2 недели да се опраам асално, ама нема. Сега кога највеќе ни требаат финансии нема шанси да одам на боледување.
Не треба да ти е незгодно, тука сите се жалиме за нешто па така ни олеснува колку толку. Инаку, не верувам дека по твоја желба би можеле да го извадат порано Ако остане карлично и ако е потребен царски рез, секако нема да чекаат до крај.
Зависи од цела ситуација, може и на државно докторот да одлучи да ја породи во 38ма ама пред тоа не верувам, освен ако нема некоја многу сериозна причина.
Да да, тоа мислев и јас, пред 38ма без причина тешко. А докторите некако не сфаќаат дека нашата болка за нив е може смешна, ама нас ни е мачна.
Од кога треба да почнеме да броиме движења или да сме алертни колку и дали се во приближно време и ситуации движењата на бебето? Мене до сега ми беше битно еднаш бар во денот да ја осетам, а сега како поминува времето е почесто ама не и постојано со некој редослед.