И јас исто немав јадено авокадо откако сум бремена. Дали беше од него или од спојката на сите работи не знам, ама се исплашив. Во живот така немам повраќано. Тотално немоќно се осеќав и не знаев како да си помогнам. Исто и од јајца ми се гадеше на почеток и долг период не ги јадев освен пржено лепче со јајце. Пред недела дена почнав да јадам. Како и да е помина и се надевам нема да се повтори. Лактогин @АнаМаријаД ми ги препорача баш за таа намена и планирам да ги земам зошто на моменти се осеќам ко да не ми е помината кандидата. Имам нагон за мокрење и исцедок. Не ме чеша, не е црвено, ама чудно чувство имам некако повремено.
Состојба на црниот дроб каде жолчните киселини наместо во жолчката се излеваат во крвната циркулација. Не си барај симптоми сега ти и да паничиш.
Девојкии хелпп имав напон за гасови и како ги испуштив како напнав така еве доле стомакот ме сече дури и кај вагината ме боли мајками постојано ми труби несмееш да напињаш пази се јас некако од коа влегов во 6ти се опуштив и во вц недела дена си напињам и сега се виткам 2 3 пати и сега ми е страв може ли да се случи неш несакано многусе плашам
Предходно го праша истото и извини ама и мајка ти не знае што збори. Од напињање за во вц можеш само хемороиди да фатиш, веројатно и тоа те боли, напињање пред да ти е време за пораѓај не може да ти предизвика пораѓај, да беше така лесно со едно напињање ќе раѓаа одма кога сакаат. Нема што да се плашиш ама за да не си ствараш стресови едуцирај се малце што е нормално, што не е, како функционира раѓањето, што може да му наштети на бебето и на тебе итн. И на крај крај логиката е битна работа кога треба да смириш психа, ако нешто не ти изгледа логично значи најверојатно и не е, размислувај така и одма ќе ти се олесни анксиозноста.
Д утро мами. Преживеав синоќа. Дома бев. Од денес ветив ке пазам како и што јадам па да видам како ке биде. Иначе ве молам ако знаете каков чај за поттикнување на лактација да земам и дали можам од сега? Некако градиве не си ги осекам толку многу отечени ко што очекував, дали тоа значи дека нема да имам млеко.?
Можеш лактамикс или на holle да земеш. Едниот е рефус другиот филтер ќесички. Нема потреба од сега да пиеш. Исто и тоа што не ги чувствуваш отечени не влијае на продукцијата на млеко. Млекото може веднаш после пораѓај да надојде или по неколку дена. И ќе боли, ќе мора каналчиња да ослободуваш со жешка вода.
Утро! Се осеќам подобро, до сега спиев, ако не се рачуна тој саатипол баш кога го сменија времето што дежурав, ама добро. Човечето си игра нешто у стомак, забавно му е. Циркузи е со скокањето негово, некогаш сакам да имам едно ехо и да го гледам што прави во моментот зошто многу ми е интересен. Иначе вчера купив Нила течен за неговите алиштенца и ќе докупам некој омекнувач само за оние што се ептен стари да ги омекнам малку. Сте користеле Нила течен? Пишува дека е за деликатни работи меѓу нив и бебешки, сега иди додржи да не ги исперам да видам како ќе истераат. Ќе земам и од она новото Пинк за флеки да истретирам прво флеки со него, ќе ги пуштам прво со обичен, па после со Нила. Не сум фан на омекнувач, и за нас го избацив, ама ептен се крути некои, ќе пробам ако се ок не им ставам. И јас се слагам со тебе. Некогаш си стварање премногу стрес од читање на нет, ама па некогаш и од мислење и слушање совети од страна е полошо. Јас не читам, откако се извадив од памет со бетата што не се дуплираше по 3 дена реков јас повеќе не читам ништо. И еве ме 8ми влагам скоро и не читам. Бев во искушение за фатален скрининг да прочитам и ми излезе случајно од Дракулевски ко совети некои на инста отворив и пишуваше само дека ако бебе постојано мрда во стомак тоа е еден знак дека е здраво и толку ми беше доволно. После си помислив, а што и да има нешто, ќе го абортираш, не, епа кога ми откажаа фаталниот од државна не презакажав на друго место и се смирив некако и тоа е тоа. Од сега чај за лактација не, не ти треба, здравје кога ќе се породиш. Ако немаш млеко нема чај што ќе ти помогне, верувај. А да ризикуваш од сега, па недајбоже некои контракции да добиеш, подобро не. Јас со синко немав апсолутно никаков знак дека млеко ќе добијам, до 3 ден од царски, ништо, ко да не сум родила, на трет ден една тт коа ме стресе, коа рече мравки по рамена и гради ми шетаат и дојде првото златно млекце. Ќе биде добро, ќе видиш, само ти биди добра овие денови дур се породиш.
Се согласувам со @1209. Консултирај се со твојот гинеколог и прашувај што не ти е јасно зошто очигледно имаш недоумици кои се според мене некои основни биолошки работи кои треба да ги знаеш. Побарај стручна литература која ќе ти помогне да го разбереш целиот процес кој го поминуваш. Јас разбирам да имаш страв, и јас го имам, особено ако имаш негативно искуство од претходно или ако ти е прва бременост и се ти е непознато. Затоа и сметам дека треба да се едуцираш, за да си ги намалиш стравовите, односно да препознаеш за што треба да се "секираш", а за што не. Најлесно е да одиме во крајности, односно да паничиме за се едно нешто или пак да не се замараме со ништо. Треба баланс некој да се најде, а според мене ќе го најдеш кога ќе бидеш информирана за твоето тело и состојбата во која си. И да одговорам на прашањето, не, не може од напон, од гасови, од кивање и од слично, да искочи бебето од тебе и да го родиш!
Се слагам скоро со се но да не заборавиме дека 90% проценти од прашањата што си ги поставуваме на форумов и надвор од него, немаат врска со логика и едуцирање. Не познавам жена која на пример после трансфер не се плашела да напне поради тврда столица, да кивне или да се накашла. Стравот си стои се додека не се породиме.
Ама истава членка веќе неколку пати го поставува истово прашање, и секогаш го добива истиот одговор и пак е упорна.
Ама баш поради тоа што се ни е непознато треба да прашуваме стручни лица и да читаме стручна литература. Да, во ред е и на форум да прашаш ама конструктивни прашања, размена на искуства, кога веќе знаеш што прашуваш и имаш некое предзнаење од темата. Како што кажа @Lavender13 членката неколкупати исто нелогично прашање поставува и истиот одговор го добива а пак е во стрес, што воопшто не сметам дека влијае добро на неа и на бебето.
Јас те разбирам и досадуваат едни те исти прашања ама веројатно е појако од нив..Не знам што да кажам....тука и за свекрви и снаи се пишува на пример..))))
Во минатата бременост градите воопшто не ми беа потечени па млекото ми дојде ден после пораѓај, а плус немав бебе што би ги стимулирало жлездите. Овој пат се потечени, што не значи дека ќе имам млеко. Правила нема, а чај бар јас колку што знам се пие после пораѓај. Знам дека имаш мака, ама премногу анализираш, премногу акцент ставаш на сѐ и бременоста од уживање ја имаш направено измачување. Во ред е да се пожалиш, сите се жалиме. Ама барем кога ништо не те боли пробај да уживаш бар малку во благословот.