Женски пакетче со 26 пелени доволно е за во болница? Зедов Памперс премиум 1 за во болница, за дома да земам 2ка или да продолжам со 1?
Јас сум 36 и кај мене се намалени, повеќе осеќам како истегнување или испапчување на стомакот пример на една страна ќе го видам цел стомак искривен хаха.. нормално било и јас бев загрижена бев и на цтг, докторката рече дека е во ред и нема место за грижа битно да го осетиш бебче без разлика дали ќе биде удар или испапчување, затоа што сега им е потесно внатре. Сепак ако ти е на мисла тркни си на цтг сепак ти најдобро знаеш како си го осеќаш.
Доволно за во болница и не мораш скапи да земаш за таму, затоа што може да го видиш бебе со друг памперс, ги мешаат на сите жени им земаат и што ќе му стават ќе му стават не значи дека ќе биде ти тие што си ги купила.. а за дома нормално ќе си земеш поубави кога ќе дојде денот.
Зависи колкаво ќе се роди бебето. За памперси секогаш се водев по долната граница што ја пишува на пакувањето и никогаш така не му протекувале или да му се мали/големи. На пример, тројката се од 6 кг, па кога качи толку, веднаш се префрлив на тројка. Двојката се за 4 кг и нагоре, секако ќе ги искористиш ако купиш, но за почеток мислам дека 1 ќе ти е таман ако не се роди над 4 кг. Не земај големи количини единица, брзо растат Едит. За во болница не знам колку би било доволно, немам искуство.
Иста тактика со памперсите имам и јас за во градинка зашто гледам дека некогаш ставаат туѓи памперси. Затоа за дома и земам Pampers active baby, за во градинка поефтини.
Bev pred 3 dena na ctg bese se vo red,inace go osekjam i jas kako ispapcuvanje ili kako potvrdo na delot kaj so mu se nodzinjata izgleda kako ke se poragjas prirodno ili carski?
Не знам искрено, ме заплашува тоа што папочната врвца еднуш му била замотана околу вратот, докторката ме смирува вика не е ништо тоа дека кај 70 % е така и дека тоа се гледало пред пораѓај а не сега и дека на бебче не му било ништо не го давело.. но јас сепак имам страв ако раѓам природно да не се случи нешто
Јас не ставив цуцле, не знам зошто би ми користело во болница, затоа што цело време ќе пробуваш да ти биде на града и да фаќа цице да се учи и да ти надојде млеко со самото тргање што ќе го прави бебе.
Како што ти кажа Оли, ако е мало бебенце можеш и за дома 1 да земеш ама најдобро породи се, па ќе купиш покасно. Првото дете ми е 3900 и одма премина на 2ка, а второво 3400 и почна со 1, па после 3 недели со 2ка (можеше и порано 2ка ама од мекици има тон пелени единица ). Цуцла исто земи си, може ќе биде плачливо и се наоѓа.
Фала ви девојки Мислам дека можеби ќе треба 2ка зашто некако брзо качува на килажа (ако се точни мерките на ехо). Сепак ќе почекам, па ќе видиме
Јас планирам да земам пелени 1 за во болница 1 пакување, а кога ќе си дојдеме ќе испратам маж по други. Со синко сирот долго користев 1, скоро цел 1 месец ако не и 2, 2ипол се роди, падна на 2 кила. Цуцла здравје за дома, ќе земам една на Авент и една-две на Бејбилав, со синко бевме со Бејбилав. Шише ќе земам Томи Типи едно, ако затреба второ маж ќе купува, ама се крстам да не треба.
Јас зедов едно 1 ама има 46 ги ставив сите сега се мислам дали да ги извадам половината или да ги носам сите со мене или пак да купам ново помало паковање за таму незнам што да правам
Прво ти е? Мене ми е прво и навистина за сè ср прриспитувам... Малку ли е, многу ли е, треба или не треба... Па 46 не верувам дека ќе ти требаат ама можеш 30 да си земеш со себе
Па ти и 2ка земи си секако ќе се искористи @Bebce ❤️❤️❤️ Рачунај дека пелена се менува на 3 саати освен ако се искака порано, значи околу 10 пелени дневно и ќе знаеш колку да земеш.
Па тогаш ке ги земам овие сите со царски се останува повеќе денови во болница па можеби и нема да ми стасат
Е да, за царски ти требаат повеќе ама бебето првиот ден пие 2-5мл млеко, па 10, 20… нема да мочка и кака многу ама јас не го оставам повеќе од 3 саати со иста пелена. Во болница искрено ниедна пелена не му сменив ама гледав во картонот дека често менуваат.