Супер, ќе одам во аптека/поголем маркет ќе купам. Него пумпата , јас порачав од алиекспрес електрична и ќе стигне некаде 15ти декември демек , мене терминот ми е меец порано, дали да земам и една рачна пумпа у меѓувреме(од тие најефтините околу 500 денари) или да чекам да стигне оваа?
Не знам што да ти кажам. Јас ја зедов рачната на Chicco за почеток, имаше многу позитивни искуства со неа и плус тука ме советуваа дека за почеток е пожелно да се има пумпа. Планирам да дојам па зедов само рачна за почеток, ако треба понатаму ќе земам електрична. Така што, размисли дали ти треба друга пумпа за ептен на почеток кога веќе имаш нарачано една.
Исто, од ковид вака не се осеќав. Мислам дека ни спрејевите за нос веќе не ми функционираат. Точно 10 дена станаа веќе. Јас пијам витЦ цело време по 1000ка навечер, за друга работа, без витЦ не смеам да помислам да останам.
Kl До сега требаше да ти биде подобро од антибиотикот. Прашај да не не ти делува, да не треба друг да земеш. Имаче добро утро, што е ова не знам, но секој ден од 5.30 сум ококорена
Добро утро мешиња, ме фати некоја настинка , грло страшно ме боли и кашлам, тт немам. Око немам склопено цела вечер. Септолете можам да земам?? На мм вчера му ги дале во аптека, ама се мислам не се дозволени во бременост. 34+6 сум
Пантенол пастиљи земи, за грло прополис бејби без алкохол прскај и прави прегорен шеќер со путер и млеко
Прскав и прополис и прегорен шеќер со путер, не ми помага. Ке ги земам пантенол, фала ти да поминува брзо само, мачно е
Не знам колку се користи ова во МК, мислам дека го има по аптеки. Тука константно го препорачуваат за секрет во нос/грло. Спојлер За измивање секрет од нос и грло нема подобро. Се користи дестилирана солена морска вода, верувајте одма олеснува и веднаш се намалува секретот.
Не е до антибиотикот, едноставно накалемив екстра вирус од вирусот. Само што се вратив од лекар, вика не се мачи земи си Оперил, нема да те пушти без нив. Апсолутно ништо не слушам. Топ глува. И маж го фати, дури и боледување му дадоа зошто кај него се поклопи со алергијата. Абе смешна работа, дома сме ко на заразно, секој во својата соба, секој со своето шише по себе, никој од никој не зима да пие... баш сме да не жали чоек, најмалото најздраво, ама па не може да се чува само. Ова у стомак игра ли игра. Денес наполнивме 30 недели, од утре влагаме во 31ва. Убав ден мешиња, да земам да пуштам машини по дома, вчера цел ден немавме вода, ми остана една машина на пола недопрана, вц не исчистено, садови неизмерно.
Крвари и вака и така, само што ако си царски можеш и обични улошки, мрежестиве се повеќе за природно ако си породена, зошто сечат и шојат доле, па да не лепи и иритира. Снаа ми беше со царски породена па си користеше од розевите, обичните на Бони, поефтини и беа, си оглед на тоа дека мн често се менуваат
Се соочила ли некоја од вас со многу високо железо, а низок хемоглобин? Зборам многу високо, над 40, дури и каде што правев анализа забележале дека е испитано неколку пати и да се провери дополнително што примам. А пред бременоста секогаш ми било ниско, до 12 максимум.