Тоа ми го кажа сега и докторката, се слушнавме, кажа да ги прекинам суплементите. Кај мене ковидот направил проблем, ми го замастил црниот дроб и сега тој не можел да го процесира железото, затоа толку нагло ми се качило за неколку дена, а и ми се направија отоци на нозете, посебно на една, тоа се си било поврзано. А инаку не јадам воопшто никакво месо, јајца едвај еднаш неделно, овошје исто едвај овој период, па само суплементите ме држеа. Сега ќе ги прекинам, за две недели нова крвна слика, толку време му требало на организмот да се избори постковид, па ако се смират ензимите на црниот дроб, би требало и железото да паѓа. Демек не било нешто многу опасно, ама сепак не сум само јас во прашање, уште два живота носам и не е сеедно. Да не сме бремени, може и ќе игнорираме се што ни викаат дека не е опасно, ама вака не. Исто, цело време ми трубеа, де ма па ти што се плашиш толку од ковид, ко настинка е, ама еве не било настинка, еден куп проблеми ми направи.
Баш така. Кога не бев бремена многу бев недисциплинирана во врска со здравјето, за сè си викав ај ќе помине, ништо страшно де... ама сега воопшто не е сеедно.
Девојки,закажав прв преглед за потврдување на бременост кога би била 5+5. Не е рано ,нели? Претходниот пат на 5+6 видовме точка,на 6+5 слушнавме срце.
Fala vi sto me mislite zlatni.Deneska sum so krvarenje veke obilno na uloska.Bev na privatno ne vidoa nisto na eho( vaginalno).Me pratija na beta preku krv.Vecer ke gi imam rezultatite.Nema da e na arno devojcinja.Patem sto znaci naodot.Mi izgledase muabetot kako da sum dobila ciklus i nema bremenost do sega ke se videse a i krvarenje imas.
Исто, не можеа да ме натераат мртва болна на лекар да отидам. А сега се преиспитувам, сите анализи на време, читам, се едуцирам. Ова како превоспитување ни доаѓа
Здраво девојки во петокот на контрола ни кажаа дека бебе е 2 недели назад со мерки исто така и намалена е плодовата вода се преплашив ми рече да дојдам повторно на контрола за 1 недела. И се јавив на матичната она ми вика може да се земе во предвид опција породување бидејќи сум 36та недела,не ме фаќаше место и вчера пак се вратив на гак ме гледаа таму рекоа дека протоците се уредни и на извештајот стои фетоплацентарна единица уредна нст-реактивно. Дали сте имале вакво искуство? Секое мислење ми значи,фала ви однапред
Ти дадоа некоја терапија? Прогестерон депо? Не се обесхрабрувај, секако е прерано нешто да се види. Наодот вака е во ред, пак ќе речам не можат да видат ништо толку рано. Почекај да видиш резултати од бхцг па понатаму ќе знаеш како да постапиш. Те гушкам и ти пуштам многу среќа
Ништо не ми дадоа Ајде вечер да ги имам резултатите од бета ќе ви ги пишам па дајте ми совет вече незнам што да мислам ова крварење ми се појави повеќе после вагиналното ехо ме боли кичмата.оххх дали можеби е биохемиска? Само немој да биде вонматерична леле ке пукнам.И тоа излив во мала карлица што значи тоа ми рече имало.
Јас кога имав таков случај мене не ме боцкаа прогестерон депо никаква терапија не ми дадоа прво чекаа резултат од бета а потоа терапија бев на второ мислење во систина кај Панчевски и тој ми кажа исто прво бета потоа терапија ако има потреба нека ги почека прво резултатите па потоа ке и дадат се што треба
Фала мила на одговорот,кажи ми и ти ли имаше вака крварење во рана бременост или како? Ќе ви ја пуштам вечер бетата колку ќе биде.
Да затоа и ти коментирам и јас имав таков случај почекај бета, сакав да ти пишам лп но неможам имаш ставено забрана
Те советуваа што да правиш? Бетата не е висока за толку дена доцнење ама со оглед на тоа што има излив, значи дека скоро се случила овулација така што според мене треба да се следи. Барај си повеќе мислења.