Тоа сигурно дека ќе купуваат ама сепак не можеш толку да се надеваш на тоа. Пред некое време една членка имаше пишано како и рекле дека се доволно по 5-6 бодиња и шпихозни за почеток, па и се случило бебе да и ги извалка сите во еден ден па праќала да и докупат алишта. Можеш да си земеш уште 2-3 пара малецки, па други можеш да земеш поголемки и во случај сите мали да ги извалкате во еден ден ќе се најдат и поголемите за пресоблекување
Јас па 10 тетра зедов и не знам дали се доволно, мислам дека ептен се наоѓаат па ќе требаат повеќе. Си велам барем уште 5 да земам
Сигурно и ќе ти донесат многу, па и да видиш дека ти се малку ќе пратиш некој или ќе си излезеш сама ќе си купиш, тоа е најмал проблем нека се роди живо здраво се се купува.
Тетри никогаш доста. И нема попрактично. За се ќе ри се наоѓаат за бебе па и за дете. Малиот ми е 5 години и еве уште ги користиме. За сите ги користиме зошто ми се попрактични и за перење и за сушење од пешкир
Да, купи си уште некој пар. Брзо се валкаат, ќе блуцне, ќе се покака...и мора да менуваш. На почеток по 8 пати какаат ))
Не се брзајте со облеки. Ако имате од каде да позајмите, уште поубаво. Доколку сакате да купувате почекајте барем некаде до крај, чисто да знаете кои димензии би ви одговарале. Јас земав 52-56, за две недели се ни стана мало, па трчав да докупувам. Останаа куп работи необлечени. Испадна мерките на ехо да бидат скроз точни со родилната тежина, а јас си викав нема шанси. Иначе точно, бљуцкаат, па пропуштила пелена, некогаш и по 3-4 пати на ден преслекувам.
Јас ги користам најмногу за кога дојам од едната града, другата секој пат тече без престан. Инаку за се нешто се користи, бљуцнало, да постелиш на количка, транспортер, за што сакаш.
Буквално за се што ќе ти текне. Кога го замивав, за покривање, за постилање, додека беше мал и кога го држеше некој, на доење да не се поти од мене (дека првото сред август се роди). Еве сега он сеуште си има обесено во тоалет кога се мие да се брише, зошто убаво впиваат, а дека се тенки полесни се за одржување од пешкири. Дури за летно време и за туширање имав поголеми купено. Фактички за се освен оригиналната намена за широк повој
Дали на ехо ти ја кажуваат должината на бебето и според тоа купуваш шпикозни? Како да знаеш точно какви да купиш 50, 56, 62?
Кај мене пак се што е земено досега од бабите е 0-3, се мислам да не е големо, па јас да си купам неколку парчиња помали. Баш 50ки или 56ки.
Фала ви мамички, јас колку знам за широк повој се, па затоа се зачудив малку, знам веќе не се практикува тоа, но за покривање, бањање и за уште по нешто ќе се најдат. Уште ова, гледам се продаваат како вреќички и пликоа? Која е разликата и кои се подобри за спиење?
Обично за новороденче се зема 56ка иако и тие им се големки на почеток. 50ките ги водат како за прематурчиња. 62ка се многу големи за почеток.
Една недела пред да ме породат, ми ја кажаа. После испадна истата. Инаку последните неколку недели брзо накачуваше на тежина, до тогаш појма немав. Требаше по тоа да се водам. Затоа изнакупив мали бројчиња. Само што и тука има отстапки, докторката што ми ја водеше бременоста, најпрецизно ми ја измери тежината, а кога ќе се паднев кај друг, се некои различни димензии.
Многу бе 3 плакнење, доста се 2 плакнење сосема. Ако переш со нежен прашок, тие за деликатно перење, доволно е и едно. Со големиот син така правев и никогаш немавме мака со кожата. Ако недајбоже има претензии за тоа, ако сакаш и 10 пати плакни ќе има. Ептен ти се малку. За почеток барем 20 бодиња, рачунај денес 2 да ти бљуцне минимум и 1 да ти пушти пелена, отидоа пола. Ако имаш сушара ќе ги пикнеш набрзинка, ама кој ќар од малку облека ако ти переш по 2 по 3 парчиња денес 2 пати, подобро собери ги на крај на денот пушти една машина или на 2 дена еднаш, отколку да пушташ 2 па и 3 пати дневно машини. Земи си бар уште толку. 6-7 бодиња во еден ден може да смени, а со мало бебе дома знак прашање е дали ќе можеш да излезеш одма да купиш, па и да ти купат ќе се нервираш се погодиле не се погодиле, не ти погодиле боја и материјал, хормони вријат и сами нервоза ќе се полниш. Земи си сам со време и спреми си се оти никој нема да се сеќира за тоа дете како ти. Јас 2г мкнев една грда торба зошто одев по памет на демек попаметни од мене и не купив торба за после истите тие попаметни од мене да ми купат најгрда торба на цел свет, нема правда знам. Затоа сега прво што си купив уште после прв скрининг беше торба за пелени. Што е сигурно сигурно е. Исто и постелнина, ме подучуваа дека има време ќе се купи, а се породив само што влегов во 35та и ми бираа други, па се дрзнаа да ми одберат и алишта за од болница и без да ме прашаат да ми ги донесат во болница а тоа што спремив не им се бендисало. Оти ги слушав истите дека е рано и нема потреба да се спремам од толку рано. Аха, нема проблем, сега ќе се спремам штом се приближи крајот на 8ми месец, кој што сака нека ми каже. Јас имам многу гардероба од синко и ми имаат дадено дополнително и уште ми најавуваат па пак си купувам тук таму по нешто. Зар само во старо да го облакам, греота е. И со синко имав доста, мајка ми ми имаше купено, јас си имав купено, Дани ми имаше донесено од Германија доста, па добив исто многу и од мекици и пак доаѓав да снемам ако 2 дена по ред не пуштам машина. Место да пуштам секој ден по 2 машини бирав повеќе алишта да имам зошто дневно бар по 2 менував сигурно и тоа најмалку 2 и ми се најдоа. Мерења на лекар, кај матичен, молитви, имав шетање првите месец дена и ништо не ми остана неизносено.