Нам ортопед ни кажа никако ракавички на бебе, го држат стиснасти палецот како во тупаница и може да се деформира. Исто уште еден совет од него - препорачува цуцла за да не бутка детето палец во уста, повеќе може да се деформира вилицата, исто така и палецот да се искриви и потешко е за одвикнување за разлика од цуцла
Бебињата не гледаат на почеток, бар не јасно, тие светот го осознаваат преку допир, замислете да им ставиме уште ракавички. Нема шанси. Капче за надвор да, ама дома не. Тоа е твое мислење, мое мислење е дека сакам сама да се спремам, а не да оставам да ми купуваат други па да се нервирам со хормони до плафон дали било испрано, испеглано, натамането како што сум замислила. Од искуство зборам и решив овој пат вака. Нема правилни и неправилни одлуки, секој сам си прави за себе како си сака.
Сè зависи од детето, не мора да значи дека мора цуцла да му се дава за да не цица палец. Моево ни цуцла сакаше ни палец во уста ставаше да цица.
Кебенца можеш да земеш уште едно евентуално 2. Јас изнакупував од Венис, Зара а најкористено ми е едно од 500 ден од малско дуќанче, такво мекано, така да не мора да е скапо. Тетри секако ти требаат за се нешто ке ти се најдат. Тие моч пелени купив една и не ми е ич користена, користиме подлоги за една употреба (2-3-4 употреби додека не ја измочка ). Шишиња купив и медела и авент, цица, така да не ми се искористени, освен на почеток 2-3 дена. Инаку моево бебе не знае да пие од медела, не знаеше да повлече на почеток, така да за џабе фрлени пари. Капчиња ставам од причина што кога лежи си го превиткува увцето и да не и се исклемпават исто и стегачи/ оние со машни како и да се викаат. Бодиња можеш да земеш уште неколку и плус на кратки ракави или без ракави, јас под шпикозни и облекувам боди на кратки, зошто и боди на долги и шпикозна ми е ту мач, а топло е. @Iris-1234 може сум грешка ама мислам ти имаше пишано, јас имав неколку 50ки купено бодиња и комплети оние од хм долен и горен ден ѝ и беа точни една недела/10 дена, сакав да не и висат ама тоа беше неколку дена . 56 ка мислам дека е идеално за почеток, ное тераме 4 недела и таман ни е 56 ка, додуша кај и да е ке преминеме на 62 ама ок, месец дена значи носи 56ка. Зависи многу и колкаво ке се роди. Така да совет од искуство ептен ако ви е мерак неколку 50ки, после 56ки земете да не ви останат.
И мене баш ме интересира... Јас купив два пара зашто свекрва ми настојуваше и секој пат прашуваше дали купивме па ете реков да имам...
Јас мила реков дека 50ки се за прематурчиња, бар така ми кажуваа во продавниците а една членка тука ми рече дека ми е грешна информацијата и дека 45ки се за прематурчиња. Јас земав 56ки најмногу и имам неколку 62ки
За да не се гребат на почеток , некам да ја малтретирам на два дена бебе да сечам нокти, али океј секој со своето
Секако кога се бања и кога е многу мало пожелно е да е во просторија 24 ° колку што се сеќавам. На таа температура воопшто не е потребно Може има некакво објаснување Јас знам исто како грунџи дека од ортопедски причини не е препорачливо. Ок затоа и прашав кое е објаснувањето. Ако сметаш дека треба ќе ставаш. Одлуката е твоја
Тогаш сум грешка. И мене една во Тила во рамстор ме убедуваше дека 50 ка е за прематурчиња Добро што не ја послушав и купив инаку ке и висеа 56 ки на почеток, се роди 50 см.
Не е секој со своето туку или по совет од доктор или како те учи памет. На бебе не му е проблем да му сечеш нокти. Кога ке заспие за 2-3 минути се готови ноктите.
Па види , реално ке биде зимско бебе , и да не ставам дома ,имам кука на планина па кога ке ја носам здравје понатака секако ке морам и капи и ракавчиња...не е на одмет да се имаат а и не е само за сечење нокти или несечење
Ноктите се лист хартија, сами си паѓаат. Јас уште немам исечено. Еднаш само мала гребнатинка си направи, ставив павловичева, утредента ја снема. И јас не сум за ракавици.
Некоја има користено турпија за бебе? Гледам на инста ми излегуваат од Мејби бејби ама истите се од АлиЕкспрес. Би нарачала од Али ако е корисна.
За мене има врска , имам изгубено бебе во шести месец од бременоста и сега не ми е битно кој ми купил шпикозни или боди за бебињата. Му кажав на маж ми ние двајца да си ги одбереме количката и креветчињата за останатото кој што сака нека земе, дали мајка ми или свекрвата сестра ми или сестра му ич не ми е битно.
Искрено тешко дека би седело бебе мирно за турпија. Бар според мене. Јас со ножички сечам цело време. За среќа на раце дава, на нозе е малку борба
Jas ppracav od aliexpress, kaj nas zabegaa so cenite. Mi stigna za dve nedeli, otvori vo temata bebe, go staviv i linkot od prodavacot, kollu ke go koristime neznam ama bitno go poracav
Не, бебињата топлина регулираат преку глава, со ставање капа се прегреваат. Капа носиме за надвор, и ние возрасните и децата, дома кој носи капа. За после бањање соодветна температура, убаво избришано и облечено соодветно. Среќо секој со своето за алишта, за рано/на време, ама за ова има научни истражувања. И колку порано почнеш со сечење нокти и ја навикнеш, толку полесно за тебе. Јас почнав да се нервирам. Секој ден по нешто ме боли. Глава, кичма, грло, еве најново подлактици. И секој ден си пијам парацетамол ко нормално. Се нервирам. Ме вијат раце ко време кога се менува.
Земав и јас Бекутан течен детергент,одпосле добив многу коментари да го сменам наводно содржел најмногу хемикалии да го дотрошам и ќе го сменам