Јас се затнав скроз поради бактерија, неможев да голтам од затнат нос,се давев... Ништо живо не ми помагаше и користев септаназал за деца. Не знам дали е дозволен за трудници,ама се тешев дека локално делува.. сега користам хипертоничен спреј синомарин, ми помага да се одзатнам пред спиење
Изгледа јас сум изрод, го земав и уште толку кивам од него. Не знам како да си помогнам за алергијава, почнувам да се нервирам. Цело време сум затната и кивам. Ќе го прашам на втор скрининг Димчев што мисли за антихистаминик да пијам. Докторката што ме води вика смееш, ама ептен ми е шубе, а веќе не се трпам.
Баш ми е жал, инаку мене Димчев ми ги даде оперилот, со нив супер ама шубе ми беше да ги користам подолго.
Не мора да значи ако паднал чепот дека ќе се породиш одма. Штом те пуштиле дома направен ти е само контролен преглед со рака. Мене кога ме примија да лежам, ми направија преглед со рака за да ми подмопогнат да се отворам. Валда шират нешто доле не знам. Не се плаши и да е почнат процесот не завршува се така брзо
Која недела си? Немој да си будала ко мене, не трпи, земи ако треба и антибиотик и оперил на време, оти јас еве 2 недели веќе не можам да се опоравам од вирусиштето што ме снајде и се што ми се накалеми после. Значи кај мене се докажа дека касни терапијата, и тоа многу касни. Добив антибиотик доцна, дури после 4 дена од симптоми, а капки после недела дена. Сируп земав по убедување од докторот кој ми рече штетата од кашлањето е поголема од таа од сирупот. Од многу кашлање почна да ме боли стомакот страшно, бебе се вознемири, јас кренав притисок, тоа уште толку се вознемири и мрдаше без престан 2 часа. Отидов кај матичен и ми потврди дека е добар само, даде препорака за многу одмор и тоа е тоа. Среќа е добро, не е скратено грлото на матката, ама ќе морам повеќе да одмарам одсега натаму. Маж ќе ме носи на работа, таму нема многу рашетување, ќе си седам мирна, нема многу раздвижување и да изгураме до 9ти да видам како ќе бидеме па ако треба ќе се отвара породилното порано. Затоа имам недела дена да се спремам за секој случај, не цел месец. Тоа е. Многу се исплашив жени да не се повтори ситуацијата со синко, многу. Уште повеќе што болката не прекинува, кашлицата не прекинува и така. Притисокот ми го измерија 145/85, несвојствено за мене, мене ми е 110/70. Чувајте се мешиња, вирусов е прегаден, врска нема со ковид, беспомошно се осеќам, се ми е запушено во глава и не можам ништо да направам.
Јас си патам од алергии и ми препишаа лоратадин на клиника, само тој смеело, како постар лек бил безбеден за трудници. Прашај може ќе ти дозволат.
Ќе земам, неделава да ја изгурам и ќе земам најверојатно. Морам да оставам чисто биро и предмети, да затворам архива и да се одјавам ко што е ред.
Да споделам искуство... Имав страшна кашлица во 33/34 недела, до затајување преку ноќ, неможев да легнам воопшто, ужасно ми беше, ми попушти бешиката од кашлање а и ми се појавија хемороиди Многу ми помогна сирупот Алтал (бел слез,црн слез и босилок) за два дена ме смири. Пред тоа пробував од тегавец, па микс од мед и кромид, чаеви, млеко со мед и ништо ... Двајца гинеколози ми кажаа да не се секирам за бебето, ме боли мускулатурата на стомакот и лигаментите од кашлање,не е за паничење.. Инаку тоа страшно кашлање воопшто не ми влијаеше на должината на цервиксот, во 35 та недела ми беше над 3cm.. но секако индивидуално е тоа
Здраво. Бремена сум 9та недела, но веќе една недела ме мачи кашлица, никако не ми се смирува. Носот ми е во ред, грлото не ме боли, градите ми се чисти, крвната слика исто е во ред, а кашлицава никако да ја смирам. Првите 3 дена беше сува, а сега искашлувам. Пијам чаеви, мед и лимон, инхалации со физиолошки, сируп од бршлен, матичната ми вика нема потреба од антибиотик леукоцитите се мирни. Ме фаќа паника да не му се случи нешто на бебето од шо се напињам за да искашлам...
14 недела сум од денес,пијам Панцеф јас денес 5ти ден ми е,изгорев од температура два дена 39,и почнав одма со антибиотиков. А ништо не ми беше само температура имав. Од завчера почна грлото да ме боли и ми пројде од ракија на марамче на врат. Ама се затнав цела во носов неможам да дишам. Ке барам оперил нешто да ми дозволат,не осеќам ни што јадам ни што пијам,отиде и мирис и вкус од што сум затната. Ке пробам инхалација сега дали ке помогне нешто. Којзнае што вирус е ова ваков и колку трае..
Јас за грлото на матката бев и исплашена, дека со синко во оваа недела се скрати нагло. Ама добро е нема ништо, само лигаменти се и мускули тоа што ме боли и затега. Исто и бебе е добро. Мене ми кажаа после 12та се смее веќе. Оперил до 5 дена е сосема ок да се става, подобро тоа отколку да се давиш како мене вака.
Супер чим така ке прашам утре и докторката да потврди и ке си купам одма,се давам и јас цела и во спиење највеќе мислам,ужас.
Женски почеток на 9ти месец сум. Нормално е да боли половина? На крај на денот почнува да ме боли и тоа повеќе не по малку. Искрено веќе тешко станува, ме боли меѓу нозе, половина, тежи стомакот. Уффф, а цел 9ти пред мене.
Штом искашлуваш тоа е добро. На бебе ништо нема да му се случи не се секирај. Прво тромесечие си, освен парацетамол не е дозволено друго по тоа што мене ми кажувале освен ептен да е нож под грло. Послушај ја матичната, издржи уште некој ден види дали ќе оди на подобро. Зголеми вит Ц, супи, чаеви, овошје, здленчук и мислам ќе бидеш ок.