Моето во 36та недела е 2.400, помало за недела и некој ден. Прв пат приметивме дека е помало на ехо преглед во 32 недела. Тогаш др ми кажа дека битно е да има напредок на следно ехо. Од тогаш правам ехо секоја недела. Зголемив многу на протеинска исхрана, плус пијам по еден дневно од овошните јогурти на збрегов со 50гр протеин. Од недела во недела си напредува што е најбитно. Во 35та недела имав преглед со рака, при што се контатира дека сум отворена 1цм. Од тогаш користам ферона, 2*1 утрогестан вагинално и лежам.
Абе како ке почнеш да идеш ке те споулават. Заврши мојот преглед во Чаир за денес...параспур ми е мозокот. Задоволна сум од Илиевски се на се . Коректен е . Иначе незнам зашто две докторки во Ремедика и интернистот и Котларова ми рекоа дека Еманерата се безбедни да ги пијам а он ми рече не биле и да ги сменам за некои што се шмукаат а јас искрено ако не е Еманерата ке си умрам од маки ....ке ги намалам од две на едно ако не...нема шанси без нив
Знаеш понекогаш докторите не делат исто мислење за некој лек... Консултирај се уште еднаш со докторите од Ремедика и прашај ги зошто ти го кажа ова докторот во Чаир.
Фала ви женски. Ќе тркнам утре да носам на Микро со тој упат што го имам, ако не бива че оставам на приватно и готово. Не можам веќе со испитувања и трчање по болници
Еднаш искоментирав за него, ќе кажам сега пак. Мене ми мрчеше дека ми било мало бебето зошто не сум јадела, сум била малце поправена, не знам си што. Па после не знаеше шо да каже па као ама ти си ситна, колкаво бебе сакаш да родиш, не може големо. На терапија со клексан за протоци он ова ми го дробеше 2 недели. За мене не е компетентен ама ич, другарка моја 2400 ја роди ќерка и цели 7 дена надносена и тоа. Малце нека искулира докторов
Bogami I treba da iskulira mu vikam za prvoto sakav on da me porodi deka go znam vika ke se dog sto kako ne e problem I na kraj drug bese ama Ajde sea za vtoro pak se pogodi on prvo ctg vika Ajde koga ke treba ke se dog mnogu mi e nekako neseriozen
Здраво девојки, 34+4 сум. Имам благи менструални болки , ама скрос долу ниско, ме болат и срамна коска и препони,константни се болките не се појачаат. Од сабајле сум така. Дали е нормално? Утре сум на лекар ... И од која недела се иде на ЦТГ?
Некое чаре за крв во нос? Цело време ми е затнат, мислев од нешто друго е, првин бев настината, па ковид, прскав аква марис, ама ништо. Е сега почна крв и тоа по цел ден, не да тече (тоа ретко, еднаш двапати) туку засирени големи парчиња кога го чистам, две минути дишам и пак се затнува. Може има врска што железото ми е до плафон не знам. Ноќе е уште поужас, воопшто не можам да дишам и не спијам. Витамин ц знам дека е лек, ама веќе примам максимална доза.
На прв преглед на гак бев во 36 недела. Ми рекоа рано е за цтг,следната недела отидов пак и побарав цтг(излажав дека имам болки). Инаку според нив дури во 38ма се прави цтг. Да се претставам како што е редот. Имам 3 годишно синче, претходниве 4 месеци вредно работевме за бебе бр.2 и во неделата на ден пред добивање направив тест и добив 2 цртки. На 2 дена доцнење го повторив и излезе уште појака втора линија. Според апликацијава сега сум 4+3, п.м. ми беше на 02.10.2022. Закажав преглед кога ќе бидам 5+5 па се надевам да биде се во ред и да ја видам точката Знам дека бременоста го бутка имунитетот и веднаш се исфрлив на уста афта или херпес,нешто чудно е. Почнав да пијам вит ц од 1000мг и фолна. Од денес почна и грло да ме грепка... освен пантенол и прополис што друго можам да преземам за грлово?
Нормални се таквите болки, мене така ми рекоа. Константни се и кај мене, породилните треба да се на точни временски интервали. За ЦТГ и матичната и на ГАК ми рекоа од 37 недела.
Океј фала на одговорот. Ама многу незгодно ова, ко набиено да ми е местото долу, ко да сум се мавнала у нешто... Инаку утре сум за последни брисеви, дали се носи и мокрача или само брисеви е доволно ?
Може да ти е иритација од константното дување и прскање. Колкави се парките? Доколку ти тече поголема количина тогаш самиот организам ја засирува крвта за да прекине крварењето и така настануваат парките, но не би требало да се толку големи во тој случај.
Мене ми е железото на граница па пак ми се прави така. Во второ тромесечие ми течеше и крв почесто. Ми рекоа дека е нормално во бременост да не се паничам. Ама јас примам клексани а тогаш и Аспирин. Сега аспиринот го прекинав нели, не ми тече крв ама имам крвави заситени грутки во носот од време на време. Чаре чистење почесто за да можам да дишам, друго незнам.
Секој месец правам уринокултура, ми даваат месец за месец упат и трае точно 1м. Еве веќе 8ми месец. Јас со такви болки отидов кај матичен и грлото на матката беше скратено многу. Петок ми беше 42, понеделник со тие болки беше 21, 31 недела терав. Колку примаш витЦ?
@AngelOfArh мила мене ми е скратено од 21ва недела , последно мерење беше 1.5цм ама више ме ме ни чепкаат долу да мерат. А не ни давам. До кај стигнеме до таму. Како што бев преплашена за предвремено пораѓај уште од 5ти месец, среќна сум што стигнавме и до тука. Инаку немав никакви болки ни симптоми кога ми се коратеше грлото.