Покалени леукоцити во мокрача, можно е да се од настинка? Уринокултурата е стерилна, во 25та и брисеви правев, сега 29та покажа леукоцити во мокрачата.
26+2 и сеуште немам ништо купено. Ама буквално ништо немам, а сакам да почнам, а мислам дека е рано, а и искрено не знам прво од каде да почнам. Вчера го поминавме цел ден во шетање, гледавме колички, креветчиња, релаксатори. Мм вика да купиме, јас викам не рано е. Ми се бендисаа количка, вика барем неа да ја купиме, јас викам не рано е. Не знам зошто така, и не знам од каде да почнам. Сега ми иди на памет барем ќебенце, бодиња и слично да земам. Цуцла, шише. Стварно не знам од каде и кога да почнам. Дискутабилно е секогаш на оваа тема, некои купуваат порано, некои подоцна, ама ај и јас да си пишам дека не можам да се одлучам. Од кога и од каде почнавте? Нема друг кој да прашам. Сестра ми купуваа во 8ми, а креветче порачаа кога влезе во 9ти. Мене ем ми се чека, ем не ми се чека толку. И друго какви креветчиња се подобри, тие медијапанските со механизам за нишање и фиоки долу или оние како платнени со мреша околу што се собираат?
Да ве прашам, сте биле некоја деновиве во Систина на преглед? Пак им се качени цените ли? Вчера бев на друг преглед, не на гинекологија, за ехо и консултација 4300 ми наплатија. Ако е качено пак веќе нема смисла ова.
Ако мене ме прашуваш вооошто не ти е рано да почнеш со купување. 8ми и 9ти месец се многу тешки месеци, барем јас имам такво чувство и тешко ми беше т.е ми е да шетам, плус знаеш дека времето за пораѓај се ближи и се осеќа притисок па уште да треба тогаш сè да купуваш Инаку, за купувањето почни од каде сакаш, направи си список и почни полека, па така нема да се оптеретиш и финансиски. Јас почнав со облека, како ми се допаѓаше нешто кога шетав, така си купував. Потоа купивме количка и креветче. За првите месеци добив на поклон Chicco Next2me креветче/лулка кое мислам ќе ми е многу практично, а класично креветче купив дрвено, сметам дека е постабилно и поцврсто за кога ќе порасне бебе. Кон крај на 8ми месец ги исправ алиштата и ги вакумирав, сега во 9ти ќе ги испеглам за да му се спремни, а и купувам работи за мене за да ја подготвам торбицата за во болница
Па не е рано реално, подобро почекај сега до Блек Фрајдеј ќе има попусти, и таман ќе помине и малку време, а до тогаш купи си некоја ситница како боди, алиштенца, да си ја задоволиш бар малку желбата. Најголем проблем кај овие работи како количка, креветче, релаксатор е што може да ги снема за некое време, да е последен примерок или пак веќе следниот месец да бидат поефтини, на попуст.
Mene mi zakazaa kontrola za 3 dena use ne me brisete od spisok nedzipi Mi vika i da vlezes 41va nedela ne e strasno
Точно, јас не очекувам нешто поевтино да биде допрва. Ние купивме количка одма после прв скрининг, дека близнаци и немаше ни избор ни ништо и ич не се каам, сега истата е 6-7000 поскапа. Шишенца исто начекав на попуст порано, облека еден куп, сега сето тоа е многу поскапо, па си викам паметни чекори, со тие пари сега ќе им купам друго.
@Iris-1234 @AngelOfArh Утре сум на контрола, после неа ќе шетнам пак и ќе земам бар нешто, стварно ми е мерак. За количката ми е мака, ама набавувале почесто од истите. Здравје нареден месец ќе ја земам. Само се да е во ред. Битно убаво разгледав да имам некоја ориентација и за модели и за цени, сега за избор е полесно.
Не да се поскапуваат, ептен се поскапуваат. Стрикно цуцлите на Филипс, беа 289, сега се 349 истите, срамота. Нема 1м како ги гледав.
И јас ако начекам на попуст нешто што ми треба веднаш купувам. Штета не можам да го чекам Black friday, бидејќи дотогаш може и породена ќе сум
За количката прашај дали можеш да си ја нарачаш или резервираш. Големите работи се знаат кои се и лесно се купуваат ама ситници има милион за купување, затоа списочето спреми си го и почни да си чкрткаш
Јас сум дење, ноќе, внатре надвор на кратки ракави. Ги сменив јорганите, ги ставив летните, оти нели, мислам дека жештини се. Синоќа маж гледам шета, ќебе бара да се покрива, му студело. Облека, креветче, количка имам, фали транспортер, ама и детската никако маж да ја досреди. Се има време, има време. Коса ми се крева кога ќе видам тоа немонтираните фиоки, незалепени стикери, ламба незакачена. Козметика ништо немам зедено, деновиве на раат да одам и јас да зимам се што треба од ДМ.
Ич да не се обвинуваш за ништо јас што ако не сум пушач ниту кафе не пијам ама ич не се надевам дека големо бебе ќе родам со тоа помирена си сум од порано дека генетика е во прашање јас сум мала родена 2500 а сопругот 3100 и сеа неможам да очекувам бебе од 4 кила дека ќе родам мада никогаш не се знае и на крај не е битно колку ќе се роди и како битно е здраво и живо да е.
Секогаш е последниот петок од ноември, 25ти оваа година. Ама јас немам добро искуство со тоа, секогаш сум забележувала дека кај нас една недела пред тој ден ги качуваат цените, па тогаш демек малку ќе ги намалат, општо како и за се што прават мајмунлаци нашиве трговци. За купување од секаде, јас не можам многу да се движам и само до андреј компани и ист гејт сум била брзински со кола. Се друго онлајн си нарачувам, ме научи чичкото што доставува веќе Количка земавме од андреј, а креветчиња од Babydream на пластичарска, пошо секаде беа изгор поскапи.