Ај сеа пак. Менструални мали болки, повеќе како мачнотија околу стомак, половина имавте во 24та недела па и понатака? Можда како потреба за нужда ама не ми е дојдено уште.
Ги имам од кај 20та негде. Утре сум на контрола едвај чекам да прашам дали се нормални. Ама сепак мислам е нормално, штом не се константни и ако е на ехо се во ред. Исто некогаш како стегање за во вц ги чувствувам и после тоа имам гасови. Ама ми се чини тоа од страв.
Да бе така. Ко за во вц, се спремам со саати да одам, никако. Сега од што умот ми е тука, да поминат, ме снеможија. Ај прашај баш. Јас како виење имам, како во колковиве сега, во половина и во јајници по страните. Не е ништо силно, ама ме вознемирува.
Знам, повеќе како нелагодност во тој предел. Како што читав не е страшно, матката се подготвува за важниот чин, раѓање.
Pa dobro ti si znaes najdobro za sebe ,jas pak nemam loso iskustvo dva pati imam lezeno tamu. Ama deka e preskapo e po privatnive.
Аџико,Меркур,Флорис во Кочани се наоѓа мислам е они ми се уникатни морам да кажам јас се онлајн ги следам.
На 3год од бебешко креветче го префрливме во кревет. Му стана тесно,особено ако користи перница. Во меркур има извадено
Мојава кашлица изгуби контрола. Сега кашлам суво и без запирачка, стомакот кај што ми е најиспакнат ме боли ме кине, ама вечерва само што задремав ме разбуди една надразнителна кашлица едвај се смири и на гаки локва. Сеа иди заспи дали е водењак или не. У 3 лепе веќе. Ме теши што нема сукрвица, со синко имав тоа, башка и активничко е, не е мирно, рита тропа, тазе туширана башка, ваљда ништо страшно не е. Ваљда...
Не е страшно, исцедок е сигурно од самиот напор. А да си закажеш негде на специјалист? Долго се мачиш некако со настинкава
Настинката помина, сега суво кашлам само од што ми е надразнето грлото. Немам на плуќа, немам веќе мака, дури еве и слухот ми се врати, ама ќе кашлам уште некое време додека ми се среди грлото.
Ве читам вака доста ве има болни со слични симптоми и се ми се чини дека не е настинка туку некој вирус. Маж ми пред една недела имаше некој настан од работа во Скопје и голем дел од присутните таму биле болни сега. И он беше малце неарен ама со ринистоп и спреј од диво оригано се опорави. Периодот е таков и за жал нема како да се заштитиме баш. Јас сум добра да чукнам во дрво, ама на работа обавезно имам бар еден што шмрка, го болат коски, грло, кива итн.
Може глупо ќе звучи, ама да пишам да си олеснам. Дали некогаш поминува ова чувствово на збунетост и неверување? 24та недела терам, ги осеќам цело време кај што маваат, клоцкаат, ги гледаме на ехо на две, три недели, не можам да се движам повеќе од километар или да се наведнам, ама пак не можам да сфатам дека има две бебиња во мене, како на некој друг да му се случува. Не знам до кога ќе биде вака, ама не можам ни да си го замислам моментот на породување, како да не ме чека мене тоа, или од толкав страв може сум ја исклучила опцијата за реалност. По се изгледа наместо толку гинеколошки прегледи, повеќе ми треба разговор со психијатар, затоа што сама не можам да си се објаснам.
Имам пријателка и она бремена исто 3 недели кашла страшно без прекин и дале некој сируп вика ништо не помага ,а се плашам за бебето. Некој вирус е изгледа ова