Кај нас незнам дали ке го најдеш не сум сретнала требаше од италија да ми донесат мене, го има една пријателка од таму и е инаку да дава многу убав звук и го смирува кога е нешто вознемирено
Добра е мојата цурица, супер напредува. 26+3 денес, главчето одговара за 27ма, нагоре свртено, 980 гр тежи. Повторно контрола за месец, во меѓувреме огтт да испитам треба. @elenaklasik прашав за менструалните грчеви, рече нормално е во 9 месеци мора нешто да боли, да не се константни. @AngelOfArh и јас те мислам, пиши како сте.
Не ми мереше овој пат вагинално, не знам дали абдоминално го виде или од предходните мерки, и од скринингот, рече цервиксот е добар.
Мешиња здраво. Ве поздравувам сите Се надевам нема да ве замарам со постот ама ми треба ваше мислење и искуство да слушнам како трудници или веќе остварени мајки… Јас по календар сум 12+2 по ултразвук 13 недели. Правев брисеви, излегов позитивна на Ureaplasma Urealyticum, читам по нетов индикации и крвта ми се заледе… Ве молам за ваше искуство… Секако јас ќе одам и кај докторката во понеделник ама во меѓувреме потребни сте ми вие. Извинете уште еднаш
Колку се релевантни броевите на ехо, големина главче, бутна коска, стомаче? Може ли да варираат во зависност од ехото и поставеноста на бебето? Треба ли да ме загрижува тоа што пред отприлика две недели главчето беше поголемо за некој ден, а на вчерашниот преглед беше назад за 5-6 дена? Прва бременост ми е (барем што ми стигнала до 15та недела), а матичната ми објаснува како да ми е шеста бременост, многу набрзина и очекува секоја кратенка или стручен термин да ми е познат. Сите тие CRL, BPD, HC, FL ми варираат од преглед на преглед. Некогаш бебето е понапред, некогаш поназад. Некое објаснување за ова од вас поискусните и поинформирани?
Фала Ириске шо неуморно ми одговараш на моите прашања од рубриката “Треба ли да ме загрижува?“. Можам јас нешто да сторам, што е до мене, да избегнам бебето да заостанува? Пример исхрана, суплементи?
Не е за загрижување воопшто. Тоа секогаш ќе варира, важно целокупно да оди напред развојот. Тие 4 параметри за обем на глава, на стомаче, нешто со две хемисфери на мозочето и бутна коска, кои ја даваат големината на плодот. И не е многу варирањето, велат до 2 недели е допуштено. Повеќе протеини и масти комбинирано. Вода пиј и од суплементите земај си и главно тоа е. Значи протеинска храна. Јајца, месо, јаткасти, житарки, земи си еден кајмак има многу убав словенечки, превкусен. И тоа е.
Битно е од претходниот преглед до овој да е пораснато. Значи пример ако на претходниот преглед crl (карикирам) било 20 мм, на овој преглед треба да е поголемо од 20. Пресметките за понапред или поназад вариираат од мерењето на лекарот од поставеноста на бебето и сл. Моето цело време беше со главчето накај мојот задник... Едвај со судни маки земаа било каква мерка, а не пак точна мерка. Не се секирај околу тоа, битно е бебче да расте.
Кај мене многу влијание има исхраната. Ако внесувам протеини повеќе бебе е понапредно, макар што не е секогаш правило. Претходно повеќе внимавав, сега искрено ми се смачи и од јајца и од меса од сè, јадам што ми се јаде и не се форсирам и замарам толку многу.
Da znam vo site drugi drzavi go ima kaj nas mnogu tesko da se najde inace e prekrasno go imam videno vo zivo i mnogu mi se dopadna najiskreno, bas ke razgledam kade ima pa ke naracam ke donesat
Женски да не ве цитирам сите, добри сме, ама сепак јас завршувам со работа за оваа година. Бебе е добро, малку вознемирен, малку се тепаше со цтг-то, плодова вода има доволно, грлото на матката е ок, ама самата матка од кашлање е спуштена и се повредени лигаментите што ја држат. Морам да мирувам и заради претходниот царски и заради бепче, не легната, полулегната да сум зошто така нема да кашлам толку многу. Многу се исплашив, премногу, мислам дека поисплашена бев сега од тоа што бев со синко, такво чувство имав. Не е дека ќе залегнам скроз, ок сум засега, ама сакам да одмарам што повеќе зошто стварно ич не одмарав досега. Фала ви на мислата, засега Супер Марио е безбеден.