Баш ми е мило, те чекав да пишеш Ме израдува Одмарај мајка колку што може повише, не остана уште многу,минува време (ова ти го збори лежач со стаж ) Бтв Марио е прекрасно име, да беше мушко мојата принцеза така ќе се викаше
Редно беше да си седнеш дома и да баталиш работа...без разлика колку ти е рано. Уживај сега и не се замарај за ништо.... те мислевме тука
Првин мило ми е што сте добри, и така да останете до крај,мислам дека не исплаши и сите тука. Второ, знам дека се секираш за работата и парите шо ги кратат, јас сум цела бременост на патолошка и секој ден со грижа на совест за парите шо ми ги крати фонд, за работа да не се деси нешто да ме отпуштат, ама состојбата ни бара претпазливост и одмор и се друго може да се надмине, пари пак ќе заработиме. Само чувајте се до крај, рехабилитирај се заслужено пошо се изнамачи со вируси и се ќе биде добро.
Devojki prasanje. Smeam li da odam vo spa? I dali veke da peram be alista ,si vikam rano da Ne e da Ne fatat prasina
Здраво девојки,многу малку време наоѓам за да ве читам,фала што мислите на нас. Вчера бев да си ја видам,се е во ред,почнува да качува по малку на килажа затоа што за една недела изгуби 80г,викаат дека килажата е најмал проблем добро е што реагира позитивно на терапијата на која е,денес се јавив намален е кислородот за повеќе сама да диши и океј реагира и на тоа. Млеко имам се молзам само ми е криво што не ми дозволуваат да го носам и да и даваат од моето млеко,ама тоа е најважно ми е она да е во ред. Ви праќам гушки на сите.
Душичка злато малечко Да си молзиш и да си го мрзниш млекцето. Моето бебче беше една недела на интензивна нега и јас го мрзнев млекото од таа недела. Само да е стабилно е важно, килажата ќе си оди нагоре
Ти благодарам Ми рекоа мене од ОИНТ дека било многу специфично за да го замрзнувам млекото,требало одредена температура не требало да се меша со други работи кои ми стојат во фрижидер па подобрп да сум го фрлала да не сум направела беља,а да одржувам само лактација.
Души тие...ти ја пракам целата љубов на светот и се молам за вас , за да бидете силни и да си напредувате како и до сега. Гушки
Јас 2 месеци замрзнував млеко додека беше во болница бебето. И педијатарот и лактацискиот консултант истото ме советуваа.
Ќе може ако не ти е проблем да ми го пишеше процесот како го замрзнуваше? немора тука можеш и во порака да ми пишеш. Ти благодарам
Спа не. Перење не е рано, планирам да дојде плакар и да почнам да перам. Никако да фрлаш млеко, никако. 1г се молзев и давав молзено и имав во еден период смрзнато 2 фиоки млеко, никаква филозофија не е. Штета што не пиша досега да те оправиме. Млекото го молзиш и го оставаш во обичен фрижидер на најдолгата полица најдлабоко, можеш во стаклени теглички, во шишенца или во чашки за урина. Откако ќе собереш одредена количина и сето млеко е оладено на иста тт ги мешаш во садовите во кои е складирано да се раствори цела маснотија бидејќи таа ќе се одвои, ќе биде најгоре а доле ќе биде вода и го префрлаш во ќесички специјални. 1 ќесичка е 180мл, на неа пишуваш датум и мрзнеш. Мрзнеш така што цел воздух го вадиш од ќесата, побарај на youtube постапка ќе ти се разјасни. Смрзнато млекото може да стои 6м. Во обичен фрижидер може да стои и до 1 недела сега на поладно, ама ти нема толку да го чуваш, ќе го смрзнеш сигурно за ден два. Кога ќе почнеш да одмрзнуваш вадиш ќесичка и ја ставаш во фрижидер преку ноќ, таа до сабајле ќе се одмрзне веќе. Мој најискрен совет ти е да мешаш тазе молзено оладено во фрижидер и смрзнато, или пак свежо молзено и затоплено смрзнато во сад со топла вода, отприлика да се на иста тт двете млекца. Не го сакаат сите бебушки смрзнато. Ќе ти мириса чудно и тоа не е страшно, нормално е. За молзење се што ти треба е добра пумпа, воља и хигиена малку поголема. Ако ти е полесно пишувај ми во инбокс се ќе ти објаснам. Молзев 1г скоро и давав молзено скоро до годинаипол, здрав прав мајкин син, прваче е веќе. Женски не знаете колку ми значи оваа ваша мисла, ви благодарам многу. Се надевам ќе изгураме до 36та. Инаку многу позитивно изненадена од ГАК.