Душички мили, да си се молзиш мама и да си смрзнуваш млекце како што ти пишаа. Се молиме за принцезата што побрзо да си дојде домче и да се гушка со мама
Super, sto se e vo red. Se raduvam. Cuvaj se. Misli pozitivno. I onaka si silna zena, ke izdrzis i do 38+ ❤️ Najvazni ste vie dvajca. Znam kako e da si odgovoren i vreden, ama zasluzuvas odmor i mir i zatoa odmaraj
Иначе толку јако ми е воспалено се на стомакот што ми сметаат тренерките труднички со ластикот, хеланките ми сметаа, ме пржи и кожа и мускули и се. До толку е јака кашлицата. И дури сеа ми рече докторката Епа земи ако не Бел слез... ова е само од доцна реакција од докторката, ништо друго.
Срцки денес бев на контрола кај матичен рече дека бебе добро си напредува... го утепав со прашања и ми вели многу сум читала да не сум се замарала толку...и го натерав да ми мери грлото и кажа дека ми било ок. Следна недела планирам на приватно на 2 скрининг да одам...
Девојки јас се породив пресреќна сум си го добив нај убавиот дар од Бога и најубавата титула, инаку царски беше пораѓајот и многу убаво поминав
честиткииии . кажи ми царскиот секогаш го закажуваат порано? во 38ма се породи ти? да знам отприлика кога да очекувам...
Девојки дали во 26 та недела може доле да заболува стомак? И дали вежбате во бременоста? Дали сте физички активни?
Трудници мои ви се десило ли да ви се мача на 10мин...до 15 ... нешто ми беше ладно и само што се вратам од вц пак ми се мочка... дури несакам вода да пијам а ми се пие..
Честитки мамаааа, здрави и живи да сте Мене за прворотка ми рекоа дека не се закажува царски пред 39та, освен нели ако не дај Боже не се случи нешто итно.
Јас за вакви неодговорни им кажав на сите ви канцеларија, ако не се добри или маска или дома да си седат. Ако не јас ќе си земам боледување и нема да ме видат. За сега се прилично одговорни. Вчера сум легнала со мали, денес на работа ептен во гужва и дури сега ги читам постовите. Со првите постови искрено се исплашив и едвај чекав да ја прочитам разврската. Мило ми е што е се во ред со бебо. Пари се печалат, одмарај за да се опоравош и да си истераш до безбедно. Никој и ништо не е побитно од тебе и бебе во моментов. Знам тешко е за нележачи, ама ќе издржиш. до тебе и малиот борец. Супер ќе биде и брзо ќе заборавите и осравите се ова позади вас. Ај сега добро вечер иако одамана е стемнето и како да е време за спиење. Вчера сум си легнала со мали и до сабајле. И среќа зошто денес на работа беше општ хаос. Згора на се се расправам со сешто. Не се расправам со клиенти, ама ова уште полошо со колеги кои не си ја вршат работата, ако може некој друг да им ја заврши. Згора на се компликација со вработени не можам да ги организирам. Кој на патолошка, кој фаличен секој втор ден е на боледување, кој вратен од породилно па користи мерки. Мене силата ми ја снемува, а си висат проекти, а луѓе никој не планира да донесе. Донесоа и таман почнав да обучувам, вчера ми вика шефицата ќе го земат за на друго место. Е како ми спука се, зошто уште лани и најавував какви ми се плановите со цел да си планира, двајца ми носат и ми ги земаат за 3 месеци. Е толку од мене и пишав се што мислев и сум се воздржувала да и кажам мислејќи дека има стратегија во глава, која се повеќе ми личи дека е илузија. А ако продолжи вака и покрај тоа што најавив да седам до нг ако е се во ред, ќе се спакувам и ќе си отворам боледување многу порано од планираното. Тешко ми е веќе, колку и да се трудам да сум ефикасна за да не останат многу опашки, сопки на сите страни. А не сакам, стварно не сакам да си го оставам тимот на цедило, ама толку ми е силата, ќе мора дофека ме нема да се снаоѓаат како знаат и умеат. Истатат грешка ја направија и претходниот пат па кога се вратив ме чекаше исто и сега ќе се случи. Ете си се изнажалив за сите пари, ама многу се нервирам кога сум немоќна да си ги истерам замислените планови зошто сум зависна од други, а мразам да оставам хаос позади себе. Згора на се денес толку се напнав на работа што не можам да си простам колку го вознемирив бебе. Во еден момент мислев дека ќе излезе низ стомак колку беше и он вознемирен. Амамси реков ова е последно. Наредно вака кога ќе ми направат ситуација сред ден ако треба ќе се спакувам и ќе си одам дома. После денес едвај чекам наредна контрола. Закажав наредна недела да се видиме со бебе. Се надевам не сум направила некоја беља од нервоза деновиве и се е во ред. Нема да си простам ако нешто сум искомплицирала. Туку деновиве сум била многу дисциплинирана со исхрана, па денес си ветив ќе се почастам благичко. Чекам мали во стомак да се смири уште малку од бурниот ден. Се надевам утре да се одморам, па во недела да симнам алишта од мали, да видам колку и што имам за бебе, за да можам да почнам да правам список и да планирам што уште ќе треба да се докупува. Не дека веќе немам направено едно мачо купче . Ќе се самоиспратам после овој долгометражен пост. Имајте убав викенд и гушкајте се со најмилите
Скоро 40та недела и немам контракции, не сум ни малку отворена, гинекологот рече ќе се чекало до крај и немало дс ми дадат провокација, природно било природно. После рече една недела од термин само да се чекало, ама рече зависи од болница до болница, некаде чекаат десет дена а некаде повеќе. Вчера ми беше терминот, одам секои два дена на цтг. Ама многу лошо се чувствувам, навлегов во тешка депресија, не спијам со ноќи, не знам како да си помогнам. Место да се радувам јас се осеќам ужасно. Не знам што да правам како да се опуштам? Цела бременост бев одлично а сега овој месец ми е ужас. Само ми се плаче. Мајка ми и свекрва ми дојдоа на гости, ќе бидат неколку месеци тука. Се мислев и за развод, почнаа некои чудни кавги за прв пат во браков. Се ми е собрано. Ужасно сонувам, не спијам по цела ноќ. Како ќе се породувам јас вака олку депресивна. Што да правам Толку се радував и нестрпливо чекав да се породам а сега изгубив воља за живот.
Смири се мила кога ќе си го гушнеш бебуш ќе заборавиш на се... не ми се нервирај на крај кога си во исчекување на најубавото нешто.
Фала ти ама многу сум исплашена. Јас се осеќам неспособно за ништо, што и да речам што и да направам, свекрва ми вика не така него вака. Јас како да не сум мајка на ова бебе. Ништо не одговара што имам купено за бебето, од креми до чај, не требело така, таа двајца синови израснала. Таа ќе го капела бебето, одлучи каде ќе спие. Јас за ништо не се прашувам. Маж ми застана на нејзина страна, имала искуство, знаела. Ме зачуди маж ми, тој ваков не беше. Мене ќе ми доаѓа бабица дома секој ден, тие викаат ма како да не ние пораснавме деца без бабици. И денеска се исмеа свекрва ми што сум купила за бебето облека за дедо мраз, вика вакво нешто внук ми нема да носи, а јас сакав да го облечам како дедо мразче за нова година. Капак на се, маж ми искоментира дека синот негов нема да носи злато, тој не носел, мажи не носеле злато, а мајка ми му има купено златно белегзиче, свекрва ми сребрено. Јас не знам што му е на маж ми, многу е чуден откако дојде мајка му. Крајно беше што свекрва ми синоќа рече, ќотекот излегол од рајот и раскажуваше како ги тепала децата. Јас многу сум исплашена да не ми го земат бебево. Можда е смешно ама потресена сум. Синоќа му реков на маж ми, ако покушате да ме правите неспособна и само вие да одлучувате за бебево, како тоа јас за ништо да не се прашувам? Ќе си го земам и ќе си заминам. Рече сум дигнала нос. Е сега јас вака ќе направам, ако ме прават неспособна и незнајна мајка кога ќе родам, ќе заминам. И сами ако одлучуваат без мене нешто, ќе заминам. И ќе му речам на маж ми, ако сакаш бебе да гледаш со мајка ти, најди си жена да ти роди и нека ви го даде да го гледате, јас не ви родив играчка за играње, за себе си родив дете. Извинете многу, можда ова не е темата ама морав да се олеснам. Сонував како се исмевале дека немам млеко и ми го земале детето. Знам дека не можат да ми го земат, ама пореметена сум скроз. Почнав да се осеќам неспособно да гледам бебе, а ова е мое дете јас сум му мајка. Тешко ми е многу.
@Eluna на старт ако не им покажеш каде им е местото особено на свекрва ти, ќе имаш големи нервози душо. Ти си мајка и со твоето бебе ќе се прави како ти шо ќе одлучиш. Ќе.носи облека каква шо ти ќе одбериш и ќе носи накит каков што ти сакаш да носи. Маж ти и бебето се две различни индивидуи, ако маж ти не носи злато не значи дека не треба бебето да носи. Сечи во корен !