Елуна мами, навистина е безобразно и крајно непочитување од страна на свекрвата. Мајка ти како се поставува на ова? Како да ти кажам, ама ако можеш немој да дозволиш да си подредена, немој. Сега се чувствуваш изгубено, зашто тие што треба да ти се поддршка, ти создаваат сомнежи. Мажот треба на твоја страна да е, ама можда и тој е исплашен и верува дека мајка му како постара има искуство. Да го застанеш деновиве, да разговараш за твоите чувства кон сето ова. Иако ти е прво, да кажеш дека веруваш во себеси, дека бебенцето ќе си сака со мајка му да е, а најубаво е кога мајката е смирена, неоптоварена од средината, опуштена да му се посвети на бебето. Бебето ќе плаче, ќе има грчеви, со млекото дури се снајдеш на почеток, значи ќе има повеќе работи кои ќе ти создаваат прашања, и уште плус старата да ја трпиш, не е вредно човече. Уште сега распореди кај и е местото во однос на бебето, за да не се нервираш подоцна. Кажи дека сега заслужуваш ти за твоето дете да одлучуваш, кога веќе нејзиното си го завршила кон синовите. И да не се потсмева што ќе му облечеш, како не ѝ срам!
@Eluna Уште од сега мораш да покажеш заби што се вика и да и го покажеш местото на свекрвата. Не е таа мајка, таа нејзините деца ги израснала сега на тебе е ред. Ќе го седнеш маж ти и ќе му кажеш дека за што сметаш дека треба ќе побараш совет или помош ама дека на крајот ти си мајката и ти одлучуваш и тоа е твое дете. Уште неродено треба да се расправаш со свекрва ти ко ќе плаче дали ти ќе си го земеш во раце или она ќе ти го земе. Уште од сега кажи и и на неа, јас како кажам така ќе е,вие за помош дојдовте а не мое дете да растете. Ако не ви чини чао пријатно, и сама ќе се снајдеш верувај.
@Eluna и мајка па и свекрва со месеци на гости. Јас не би се нафатила, тапан глава ќе ти стане. Прв проблем ти е мажот, со него на само да си направите сериозен муабет, а ти од прв ден детето до тебе а они нека готват/пеглаат/перат/чистат. Ама сериозно, ќе си се повлечеш во спална со дете и ќе им поделиш обврски. Се поинаку на глава ќе ти се качат. Кога ќе иде бабицата и мажот ти нека слуша што кажува за потоа да не ти соли и он памет дека старинското е правилно. Крајот е најтежок…ама се заборава, ќе биде се ок.
@Eluna Мами не ги рецкај, терај си по свое. На мажот ти кажи му дека вие двајцата со договор одлучувате за вашето дете а свекрвата нема потреба да се меша. Како што веќе спомнаа ако сака да е од корист нека зготви и зачисти а не да ти се меша во мајчинството. И мојава е тука пробува да ми дава совети кои никој не ги бара од неа као "релаксатор не ми требало ќе станело мрзливо детето " ,"пумпа не ми требало да сум се одмолзувала рачно" "цуцла да не сум давала ќе се искривела вилицата на бебето" Нека бркаат работа. Нивното време коа чувале деца поминало... Сега има милион работи да си го олесниме животот и зашто да не ги искористиме тие привилегии ?
Мајка ми некои од овие работи ги слуша а некои не, ништо нив им нема речено, мене на само ми рече не сака да прави кавги, ама да не дозволувам да прави свекрва ми што сака, бебето е мое. И да не и ќутам рече ако се меша многу и ме понижува. Не и беше пријатно и видов на лицето, што рече маж ми немало детето да носи злато а таа му донесе златно белегзиче како поклон. Ама после тој ми рече, како бебе нека носело ама како поголемо не. Па еве размислувам дури на развод верувај ми, во шок сум од понашањето на маж ми. Кога ќе се роди бебето, јас ќе правам по мое, а тој ако е на нејзина страна ќе го оставам ќе си заминам. Не знам зошто рскажуваше за тепање деца, дури од сестра и и брат и ги тепала децата, што сакаше да кажи? Дека и моево ќе го тепа? Прееска ми викс што си скислена во фацата, оди запали си цигарче и опушти се. Демек нрвозна си за цигара и значеше. А јас не пушам веќе. Само зсминав во соба и си легнав и сега пишувам тука. Ќе видиме после породување како ќе биде.
Не не после породување, сега! Скислена? Што зборот е тој на трудница! Зависно од твојот карактер, не ќути. Можда нејќеш да влегуваш во дискусии, ама гледај како те напаѓа. Значи, застани в соба со маж ти, зборувај. Како се осеќаш ти, прашај го него како се осеќа, дали е исплашен, дали со мајка му е посигурен, дали забележува дека те повредува таа... Не ги оставај работите така само, со надеж дека ајде после. Тоа бебе заслужува мирно да расте, а не во тревоги. Ако таа сега вака зема сила и кажува, значи тоа и ќе го оствари. Ти веќе се нервираш на тоа што го наумила, а што ќе правиш кога ќе го реализира таа секојдневно? Ќе пукнеш од нервози. Прво со маж ти. Се надевам ќе те разбере. Кажи дека добро е да те послуша како сакаш ти, дека сакаш ти да спремаш облека, ти си му мајка еееј, ти го носиш, од каде таа те турка буквално и се испрчува пред сите. Ако не најдеш согласност од маж ти, директно со неа конфликт. Не мора галама многу, ама постави се строго и одлучно. Кажи кој го носи бебето, ти или јас? Која му е мајка, а која баба? Твојата улога како мајка на бебе завршила. А мене ми е мерак како сакам јас да го облечам, ставам накит, сликам, капам, шетам, јас и татко му. Леле не трпи девојко, аман што се топори таа, пушти глас не ќути.
Некако како да бегам од кавги со надеж дека ќе биде подобро, ама можеби и доста беше ќутење. Јас и со маж ми ретко се карам, ама сега ми е некако чуден и дури смешен со понашњево. Додуша не се расправал ни тој со мене никогаш, не знам какви му се овие излети птед мајка му. Тој самиот се израдува за облеката за дедо мраз, викаше душичка мала дедо мразче, мило му беше. А сега пред мајка му вели, ма не зне ни таа што купува. Ватафак??? Си мислам ок е да и угодуваш на мајка ти на секое и на секој збор, прв пат ни дошла во Германија на гости, ама ова е претерување. И тој почна со критики према мене, додуша мали и како шега демек, ама сепак се критики. Ама ко што ве читам, гледам повеќето ме разбравте и застанавте на моја страна, мило ми е. И како што гледам сите сте за тоа да ја поставам на нејзино место. Се надевам ќе ја отворам устава деновиве
Уште немам кажано на сите колеги дека сум бремена, ама изгледа ќе треба. И онака кај и да е нема да се крие, утре сум 18 полни. Оние што знаат се одговорни, не можам да се пожалам. Во канцеларија сум само со двајца, ама цела фирма користиме едно вц, кујна итн. Јас се крстам на мојот организам. Не сум човек што се разболува. Како дете бев болежлива многу и мислам дека од тогаш имунитетот го зајакнав па во последниве 15 години не памтам да сум се разболела. Како и да е треба пазење, никогаш не се знае..
Се истегнав во кревет и примеров отоци на двата глужда. Ме вијат, болат, глуждовиве и нозете, ама не ми отекувале до сега. Јадев солено поради притисокот, сега ќе го елиминирам целосно. Друг совет некој? Мислам не е страшно за да барам вонреден термин кај гинеколог понеделник.
Офф, од вируси и бактерии не можеш да се заштитиш, ниту да се ослониш на својот имунитет, еве од искуство најтазе ти кажувам. Вакво нешто ме нема одамна спопаднато, скоро 25г, од дете. 2 недели без престан да се кашла, мислам дека кожата ќе ми испука на стомакот веќе. Навечер е хорор. Стисни со показалецот, ако се враќа одма на место кожата не е страшно ако останува како дупка барај доктор одма.
Па речи апла се гледа дека си различен пред мајка ти и од претходно каков беше. Во ред е да помогне со нешта кои за мене ќе нема време, јадење, средување алишта, пеглање за бебето, ама вака да се наметне за било што со бебето е премногу кажи. И да ја отвориш устата малку пошироко. Не се плаши, кажи си став. Еднаш да проговориш, сите наредни пати ќе ти е полесно. Верувај. Моиве свекори не се мешаат за син ми, нити кога беше бебе. Ама за воспитување сега, како си имам поставено дека нема да ќутам и не ќутам. Со убаво си кажувам како сакам и си прифаќаат. Еднаш свекоров рече, пред да се роди малиов, дека ќе го карал, демек ќе го воспитувал. Јас на тоа му велам, па ќе се прашаме за што како. И сега знаат дека си кажувам. Нема ништо лошо во тоа. Нормален однос меѓу возрасни. Ако сега ја оставиш, понатака веќе е доцна. Зш мака ќе ти е пред детето да се расправаш, а маж ти ќе е изгубен. Ќе види дека мајка му команда и неа ќе ја слуша, кога ќе сфати дека не даваш ти инструкции. Ајде таму нека не се чепати како ќе правела, смешка жива се како се трубат дека тие изгледале синови леле леле, се расчепатија. На пиедесталот нема да биде. Ти ќе бидеш со бебето. Крај. Покажи го ова на маж ти. Нека прочита слободно.
Да ти кажам исрено не очекував дека е вака јас сум многу задоволна со д-р Ана Данева имав закажано и таа ме породи потоа многу е чисто овде во собите има во секое време доктори сестри не проверуваат дали ни треба нешто дали имаме болки, нз дали оти јас очекував полоша слика и сега сум изненадена од односот на сите а во однос на хигиената