До лесно мила, сега ти е време да го обработиш сопруг, под притисок, дека кога ќе се вратиш дома тој циркуз нема да игра или ти и твоето бебе нема да сте тука за да се изживува врз вас баба му. И предочи му дека си свесна дека има промени поради тоа што мајка му е тука, да не мисли дека си глупача, дека ќе замине таа ама ти и бебето останувате засекогаш, нека размисли убаво. Се надевам дека само на зборови ќе остане бабата, нема да спроведе во дела. Дали знаевте дека од лежечка позиција најубаво се гледаат недостатоците по дома? Сите прашинки, сите трошки, секое збрчкано ќоше, сите флекички на теписите, на ѕидовите, секоја пајажина!? Баш се! Ни 24 часа не сум легната у кревет, се ми смета. И заклучив дека ќе морам да исчистам купатило сама, нит мм, нит свеки, никој не успева како јас, како е можно. Со 2 маски, ракавици и минимум напор, ама морам да го пројдам еднаш, нешто не ми штима. Пред бањање сега ќе го средам тоа, морам, стварно ќе се трудам да е со минимум напор. Не е дека ми кажаа да легнам и да не станувам од кревет, скраја да е, утрово и појадок спремив и ручек ќе правам, ама сакав ете малку да успорам, ама тешко оди. Убав ден!
Со лесно, да биде се како што треба. За проблемов кој го имаш, многу тука на темава ти дале совети веќе, сма не издржав јас да не пишам. Прво ќе го седнеш маж ти и ќе му кажеш дека ако сака детето да му биде здраво и среќно ќе те слуша тебе и ќе ја стави мајка му на место, ако не му одговара тоа ти купи си повратна карта и со мајка ти назад дома. Бебето ти е најбитно сега и ти, ни маж, ни мајки ни шајки. Ќе се поставиш пред неа, за се што то прече нема да и кјутиш, не се мачела она 9м да го носи и да си го ризикува животот и да се скратува од се, не се мачи она сега да се пораѓа, за да кажува што ќе се носи што нема и ако не се разбира со убаво ќе и кажеш буквално со вакви зборови. Плус кога ќе дојде бабицата верувај ќе ги измаршира убаво, нема да знаат кај да погледнат од срам ако се прават мајќи и двете. Бабицата мора да дојде, законски мора, нема избор. Предност до некаде е мајка ти тука, ќе и речеш мамо ти уста немаш да ме браниш, зар ме изгледа и чекаш внуче, ми се радуваше за некој да ме депримира сега и да ме прави неспособна, нека пушти глас и таа. А маж ти очигледно има страв уште од мама па се променува комплетно при нејзино присуство. Срам да го е. Ќе ми кажува она како да го облачам моето дете, важи. Стави ги сите каде што им е местото оти во спротивно ќе паднеш во постпородилна депресија и со тројца луѓе што ти вршат притисок ќе полудиш. Не дозволувај да те газат, ти си мајка и ти знаеш најдобро што треба, тие се таму да ти помогнат во домашните обврски и кога треба да одмориш, а не да ти ствараат стрес.
Така е. Свекрвна работа е бе. Дошла на гости, можам да ги замислам ваквите, и ќе се топори внуче чекала и таа ќе команда. Па и другата баба чека внуче ама нема право на збор? Што изродчиња од жени се ваквите ццц. Мореее нека се осмели некоја да ми вели има прво маж ми пеење а после неа. Ај да речам од ќеф да сакаат да помогнат сите или да речат важи како ќе нѝ даде совети бабицата, така ќе си правиш. Ти си мајка. Што ти треба тука сме. А не, таа ќе се исмејува за облека. До толку ниско спуштање еј.
Абе се гледа дека е жена што команда по дома, штом син и се понаша различно кога е она присутна значи има нешто. Со тројца мажи дома сигурно ја гледале како матица и тоа се претворило во токсичност. Мора да има сила од некаде, да ја ставил син и на место немало да се осуди ни да гукне. Ваква била баба ми, за која баш пишав пред некој ден, вештерка, затоа сега никој не ја мати, ама мајка ми беше таква убишка, да не згреши, да не прави кавги, учена од баба ми дека треба да слуша, се додека еден ден не доби нервен слом кога се роди брат ми, па на татко ми му текна кој е битен и комплет се иселивме од кај нив. Го преживеав ова однесување, затоа и кажувам на членката ако преќути сега ќе нема крај, ќе ја газат и газат додека не попушти нервно и не изгуби самодоверба. Страшна е ваква ситуација, ич не е наивно.
Најголемата грешка е што се викнати во толку специфичен период. Баш кога на тројцата ќе им треба највеќе мир и слога за да се прилагодат со новиот член дошла таму некоја вампирка да става ред. Кривица гледам многу и во маж и, ама со таква мајка што да очекуваш поинаку. Му го перела мозокот уште од мал дека мама е центар на светот, па сега невини ќе страдаат. Лесно е за нас од страна да ‘солиме’ памет, ама јас во ваква ситуација ни секунда не би мислела и калкулирала како да се испонашам. Со мажот мора да разговара под итно. Развод не се спомнува така лесно, поготово кога проблемот го прави фактор од страна. Претходно имале добар брак, според мене не смеат да дозволат заради старата да отиде сѐ во вода. На неа треба да и се покаже местото и ако сака да биде баба слободно, времето кога била мајка поминало.
Многу млади парови прават слична грешка кога очекуваат бебе. Гледајќи од другите, кога се породив со син ми, сопругот зеде 15 дена слободни и се сами си правевме дома, да фатиме ред и да не ни се мешаат бабите. Дојдоа на по пола саат да го видат бебето, да поделат совети ама тоа за тоа. Најпаметна одлука ми беше тоа
Мешиња дај кажете некоја страна кај да најдам зимски фустанчиња за новороденче. Сите по ги наоѓам се за +6м.
@Shekjerna јас бев до кај 7ми месец, после почнав лесно да се преморувам ,се да ме боли а сега во 9ти веке нема шанси. Некни пробав да си продолжам со јогата ( ужасно ми фали) мислам дека се низ уста ке ми искочеше. Нека тоа , се ме боли. Иначе многу ме боли долу стомак ниско, бебе цело време ми се собира ,стомак ми се грчи ,дали се лажни или не незнам ама многу е грдо чувство, дури здив снемувам., Едит -заедно со стомак ме боли и крстот...да кревам аларм? Еднаш матичниот ко да ми рече ако болат двете наеднаш не е добро