Хмм... незнам што икако прават на гак , ама мислам дека и до 42ра можат да те остават фино лепо. Бар така ги сватив, минатиот пат кога бев последен пат нешто зборуваа дека еее имаш време до 42ра недела. Еве ако општо си одиш на цтг пример, а се 38ма/39та недела и одеш на прегледи цтг незнам што таму, насила ќе те породат или што е работата? Јас скрининзите ги идев таму. Реално гледано до 42ра недела(максимум) може да оди бременост без да пукна водењак, да има болки и слично.
Прополис, пиј нешто топле, чај(овошен може секако), топло какако /топло чоколадо, млеко со прегорен шеќер добро ќети дојде.
Па за царски не треба да пукне водењак ако е договорен затоа и таков беше мојот случај. За други не знам што и како прават. Јас бев со претходна операција година пред тоа.
Паи лошо е да е пукнат водењак а царски , бар така кажуваат демек можело детето да тргне во каналот да се заглави додека стасаѓ до болница па после компликации еден куп.
Ќе пробам и тоа, ама како што знам повеќе за кашлица е Алпенкрафт. Ставив ракија и црн бибер на врат и плус јадам мед со црн бибер, моментално олеснува ама многу брзо пак се враќа болката.
На Алпенкрафтот пишува дека е и за грло и гласни жици. Инаку тогаш и јас сè што правев многу кратко даваше ефект и многу брзо се враќаше болката
Дали некоја била на скрининг кај Илиевски во Чаир? Знам дека е добар акушер ама не сум слушнала досега дека прави скрининзи, а на моја блиска и го препорачале.
Цеден лимон и вит ц пиеш? Јас не знаев за пантенол,по 2-3 на ден лижев. Исто ми помагаа и фишермен лутите бонбони. А сирупот за кашлица дозволен е во бременост? Мене ми помина грлото,ама чуствувам секрет од носот ми се лизга низ грло и ме тера да кашлам. Направив една инхалација со физиолошки па ќе видам дали ќе има подобрување.
Ќе ми потрае неколку дена знам. Уште поголема е маката зошто не дишам на нос од алергијата, повеќе на уста дишам и ми се суши уште толку грлото. Лимон не пијам, а може треба ама ич не сум обожавател. Ц витамин пијам од 1000мг секој ден, може треба да појачам периодов на 2000. И јас ќе си лижев по 2-3 зошто мислев како другите пастили се, ама ми текна да прочитам упатство и видов дека по едно смее.
Знам, иста бев и јас... Пробај и со млеко, путер и прегорен шеќер. Јас чував и шише вода до мене и нонстоп пиев по малце да си го навлажнам грлото. Ќе помине ама треба време, знаеш.