Не бе зошто грешка, еве сега по вторпат ќе се облечат и тие што ти се 56 Јас имав и мали купено, боди и шпикозни што се до 4,5 кг и ми се најдоа бидејќи малиот се роди 3280, малку падна со килажа и можеби еден месец или месец и пол ги носеше, така се погоди. И од нив имам по еднаш облечени, па ќе се искористат пак со второво. Сите што беа 0-3 му висеа, ооогромни му беа.
Ќе се искористат даа, се погоди и ова женско таман ќе заштедиме хаха ама ако беше друг пол.. па ништо неутрално не сум купувала. А најголемата грешка, теди јакничка и имав купено со кој памет хаха за сега куклите да ги облекуваме. Така да, за новопечените мајки, купувајте само работи што се комотни, неутрални бои и помалце алишта, повеќе лигавчиња и тетра пелени. По 10 лигавчиња на ден валкаше оти повраќаше многу.
Да уште лимонот е на список денес, инаку сѐ друго правам. Синоќе и јака главоболка имав и од страв да не качам температура испив еден парацетамол. Не сум качила ни еднаш, ама така сум омалаксана и со желба да лежам цело време..
Јас па повеќе неутрално купував за помали работи. Бело, крем, ептен малку со принтови за машки, а боја не ми смета и девојче да носи сина, зелена. Моево уште не знам дали е машко или женско, но што и да е, секако ќе ги носи од батково сите бебешки работи. Најмалку лигавчиња имам, моево воопшто не повраќаше. Ама затоа тетри 40 имам
Јад така се осетив малаксано минатиот викенд. Си ги прележав двата дена и многу течности, витамини и проанги бејби и се кренав. Слушај си го организмот и одмарај колку што ти бара.
Јас од сабајле сум крш , се ме боли,, имам некоја константна болка од левата страна на стомакот..ко некој мускул,ко некој нерв ,незнам што е ама многу боли у пм....и баш му викав на маж ми ,не можам веке најозбилно ,преуморна сум, притисокот ми паѓа нонстоп ,цело сабајле мислев како ке раѓам царски ,што ако и таму ми паѓа притисокот,па ако се онесвестам.. само на тоа мислам...и ме фати паника и незнаев што да правам ,земав све перев
Здраво, јас веќе се припремам за во болница. Да ве прашам нешто, од влажни марамчиња кои се најдобри за новороденче? За емне каква купка/гел/сапун за туширање да земам(пример ако е царски рез , ако дојде до тоа сигурно некоја без мириси понежна треба)? Од алишта за од болница освен фустан некој најбезвезен широк вањда нема да можам друго?
За царски за излегување планирај нешто од трудничка гардероба плус гаќи со висок струк за да не те сече кај раната...
Јас така се испаничив во петокот, земав цел стан го исчистив После секое ковче ме болеше ама тоа е, морав.
Мешковци апдејт од мене. Херојот мој е супер,антибиотска терапија веќе не прима,супер се храни и вечер или утре ќе биде тргната од кислородна поддршка. Напредува супер по 30г дневно. Плачам од среќа па сакав да споделам со вас,ви благодарам на сите за поддршката,се надевам и набрзо ќе си ја помирисам и гушнам.
http://fva.gov.mk/mk/221104-otpovikuvanјe-nebezbeden-proizvod-uht-trajno-mleko-milkano-32 Ќе го оставам линкот тука, имајте на ум. Ако има соодветна тема, префрлете таму.