Vo cair davaat oni spavakja ne e dozvoleno od nadvor eve ja momentslnk sum 3ti den i do sega 6 gi ima potroseno od tie so gi zedov a zedov mini paketce celo na baby love sto se od dm
Денес влегов во 14 недела еве веќе 7 недели немам прескокнато ден без повраќање и мачнини, не можам да функционирам до после ручек нормално. Малава сака да се прошета, да си играме.. мене само ми се лежи. Главоболка имам неподнослива, од парацетамол не поминува амаа бааш се спротивно од прва бременост. Туку, се надевам дека за брзо магично ќе ми помине повраќањето оти ме исцрпува скроз. Ми се јаде, не знам што сакам, јадам, не ми е вкусно, ми се гади, ако не јадам па уште полошо амаан
Иста бев, до пред некој ден, ако ти e утеха, сега сум 18та и можам конечно да кажам дека се осеќам добро, не скроз нормално ама барем можам да јадам повеќе. Јас мислев дека ќе умрам последните недели, после 12та стана полошо, не подобро, изгледа пикот беше во 4ти месец. Издржи, број ги деновите и ќе стане полесно како што ќе напредува бебето. Знам дека не ти е до ништо ама излези, прошетај, со сила ако треба. Јас се мачев да одам на работа секој ден, ама барем времето ми минуваше и не мислев на тоа колку ми е лошо, ако лежиш само ќе ти биде уште полошо.
Здраво девојки како сте денеска ? Јас бев да ми земат последни брисеви и ми зема внатрешно, иако тука сите рековте надворешно и во Ремедика ми рекоа надворешно се земаат. Мојата матична вика кој се плаши нека не зима брисеви И така ми е скратено грлото ама си реков ајде ваљда знае што прави и нема да ми направи проблем Инаку бебето пак ми го измери мало 2200 а 35+2 сум . Многу сум загрижена да не прекине да ми расте бебче.. Се надевам дека барем до 38ма ќе издржиме да качи уште некое грамче. Стомакот денеска тврд како камен ми е, ме боли ко да ме тепале по стомак. Нормално е тоа? Докторката ништо не рече , демек ок е бебето е во таква позиција па ме оптега...
Смачено ми е а тек 34та сум. Де укочена, де парализирана, де со болки. Ич не трчам по брза помош оти знам дека е нормално. Цела ноќ клоцаше, па ме засекуваше како со нож, па ме болеше доле, па воздух не можев да земав, па икс пати до веце па па па. Четврти пат низ истово и дефинитивно последен. Секоја бременост се потешко, деца и сите обврски околу нив чекаат на тебе, со првата колку повеќе си прилегнував, одмарав. Вчера се истурив од повраќање, среќа деца беа мирни и редеа лего, па лежев во дневна, колку таму да бидам. Дефинитивно сите бремености се исти, само обврските мои не се.
Не се секирај за големината, секое бебенце е различно и не е никакво мерило тоа. Брат му на маж ми е роден 2600 грама во 38-9 недела, а сега е 25 годишен дечко висок 190цм.
Капа доле за такви царици како тебе. Мене ми е прва бременост, барем прва што стигнала до тука. Многу тешко .. патолошка со лежење со инекции со повраќанје до ден денеска , на праг на 9ти месец. Да ми се роди бебче живо здраво, колку и да звучам себично не би се нафатила пак да поминувам низ ова...
Знам мила, ама ете после секој преглед ми кажуваат таква некоја загрижувачка вест, Аман више одвај чекам да се породам, ич не уживав у бременоста, раaт да не си 1 ден. Инаку у стомачето е помала 2 недели.. ко да престанува да се храни рече докторката, на постелката толку и бил капацитетот
Знам дека си загрижена, таков период е бременоста за жал, освен што е убава полна е и со секирации. Уште ептен малку ќе влезеш во безбедна зона и ако треба ќе те породат па бебе ќе продолжи да си расте надвор од мама. Селектирај од кого ќе слушаш информации и на кого треба да се потпреш и да му веруваш. Како што разбрав кај матична одиш за брисеви, а водиш бременост на друго место. Слушај го докторот што ти влева повеќе доверба. Многу доктори знаат на глас да коментираат претпоставки без да се свесни дека ние секој еден нивни збор после го анализираме по пет пати. Сѐ ќе биде добро, на крајот си, имај позитивна мисла.
Така е , докторите не бираат зборови понекогаш, на нив им се секојдневие тоа, а ние премислуваме по 100 пати све што ќе кажат...
И јас поминувам моментално низ исто, од почеток се водам како високоризична бременост, лежам постојано и стомачето на бебето касни во развој 2 недели а сум 33 уште два дена. Постелката послабо функционира ама не знаат да кажат до кога, затоа одам на 2 недели на контрола и се молам до 36 да стигнам. Ти си скоро 36 недела и верувам дека ќе стигнеш до 38Тешко е лежењето ама ќе издржиме
Јас сум 2200 родена се на се, па еве ме ништо не ми фали, дури и вишок имам. Да е жива и здрава, друго не е важно. Ќе се роди ќе си напредува. Зависи и вие какви сте, ситни, крупни, високи, слаби, дебели, ниски... и моето е помало од мерките, назад е цело време со некој ден па и цела недела. Синоќа другариве договорени биле да лумпуваат. Поспав што поспав до 2 и толку. До 5 се вртев па од 5 до 7 дремнав и однесов дете во школо, се прошетав за џабе до Биотек, утнат упатот и не можев да оставам урина, па си дојдов дома и отспав уште саатипол. Реков денес гравот сам нека се вари, јас ќе одмарам. Мноооогу сум подобра денес, уште сум затната, слухот не ми е вратен скроз ама подобра сум каде каде. Се мислам да одам на орл кај еден мој доктор, ама страв ми е од тоа сондите, ќе ми брза во нос, ќе ме гњави. Може и да појдам, нека ми исперат уши бар. Ама ич не ми се меша у гужвите по болниците. Иначе денес ја затварам 31ва, почнувам 32 од утре, лелее, кога летна времево. Денес таков лажњак ме здрви, мислам цел стомак ми отрпна и препони и се. Ама се врти нешто праи егзибиции. Списокот веќе се штиклира, кај и да е ќе го завршам, па да почнам со перење, со пакување... уште немам одлучено што ќе носи за од болница, чекам нешто да ме изненади од некаде, па ќе видиме. Едно шпихозниче од Мапетс такво дебелко ми праи мерак, се мислам да го нарачам, и така имам попуст кодови собрано да ги искористам, ќе видам. И ќебенцето од Тила ми остана во мисла, ама тоа за дома, за спиење, не е за искачање од болница, нема да може да го закопчам во транспортер. Кога сме кај транспортер треба да се изнесе и количка да се испере, да се исуши, да се среди. Убав ден мешиња!
И јас морам да се пожалам, џа си олеснам тука, затоа што друг не ме слуша ни разбира. Почнав да добивам панични напади, тек во среда ќе наполниме 24 недели, а стомакот ми е огромен, ни можам да лежам, ни да се свртам, трудничката перница ќе ја искинам и фрлам, само повеќе ме укочува, џабе парите, немам спиено од мај навака. Не знам како ќе се справам со стомакот што допрва уште повеќе ќе расте, две се. Од ковид уште не сум оправена, а веќе се борам со страшни киселини и запек и ништо не помага, ама буквално се што пробувам само влошува. Цело време гладна, нервозна, исплашена, плус и по цел ден сама дома, мислам дека ќе полудам. Ме плаши кога доаѓа ноќ и треба да си легнам, тогаш сè само се влошува. Бебињава се напикале скроз на лева страна и ме фаќаат ирационални стравови дека кога лежам на таа страна може да им се случи нешто. Плус заостануваа по една недела и нешто, а јас не можам ништо хранливо да јадам, сè ми се враќа во грло. И најискрено ме фаќа паника дека сум слабак и нема да издржам до крај.
Ne se sekiraj kerka mi ja rodiv vo 39ta nedela 2640 pa sega e devojka ipol bev ispotresena cela ne kavuvase voopsto
И јас да си се пожалам.. 33 недела и 4 дена.. од сабајле јаки менструални болки грчеви стврднувања одвај ми поминаа со два магнезиуми од по 500 мг. Минатиот вторник и среда ги примив инексиите за зреење, докторката ми рече некој ден нема да мрда не се плаши.. но дојде и понеделник а еднаш од сабајле го осетив скроз нежно веќе почнува да ме нервира оти не мрда.. не помага ни пепси ни благо.. сама сум во моментов, спремам дете за во градинка носам и го земам и обврски со неа.. веќе е се испрано уште да се испеглаат.. да докупам од аптека работи и си велам спремни сме. Сега цел ни е барем до кај 35 недела.. во понеделник имам преглед со цтг.. господ со сите да е да ни помогни..