И кај мене често е вака, сè е испомешано. Докторката рече не е страшно, сè е во ред, а ептен имам доверба во нејзе така што ако и веруваш на докторката, опушти се. Мене ми рече дека многу зависи и како е поставено бебето, некогаш не е можно да се земат точни мерки. Не се секирај, опушти се и пробај да не си ставаш дополнителни грижи пред пораѓај
Исто сме јас и ти со неделите, 18+2 сум и уште не го осеќам. Некни во саботата баш се жалев дека не го осеќам и откако се најадов нешто ми мрдна ама секунда траеше и толку, мислам дека беше он. Мене на преден ѕид ми е постелката ако тоа има некаква врска не знам.. Едвај чекам да го осеќам секојдневно..
Мојата постелка е на преден ѕид, докторката ми рече дека во 22 недела ќе го осетам убаво, така и беше, од 20 почнаа пеперутки после тоа имаше благи удари, сега веќе се приметуваат и преку стомак раче, ноженце, убавини
И мене ми е на преден. Сега повеќе се осеќа да. Јас сум 24та недела. Веќе си на пола скоро, браво, само напред
А јас пак, кога ќе ми текне дека повеќето сте бремени што чекавте долго за прво бебе, ептен ми е радост. Ми доаѓа да ве соберам негде и да ве гушнам. Да дојдат наскоро и останатите, ги повикувам
Моево е второ, првото ми е на небо. Ама во право си, дај Боже што поскоро да се наполнат сите раширени раце.
Кај мене до 24та ич не мрдаше, ко пеперутки тук таму, претежно навечер. Сега е 24/7 активен. Моментално не знам што прави али опасничко е. Ме гмечи на стариот царски и кај папокот, ме стиска, се превртува... ко да имам хеликоптерче у стомак а не дете. Живее на мајка.
Женски.. болка ниско долу кај вагината и коската почна да ме боли при одење само, во седење и лежење не.. и еве втор пат вечерва кога одам во вц како притисок како напон внатре.. Чувствувате нешто вака и вие? Јас сум 33 и 4 дена.. ми беше страв дури да седнам убаво во тоалет.. ова второво дете ми наплаќа и за првото.. Како можи толку различни бремености тоа да се чудиш.. незнам што да правам страв ме фаќа.. утре одам пак кај матичната. ..
Мене исто, обично навечер, едвај одам. Се фаќам за маса, за ѕид, да се прикрепам. Приметив ако го носам син ми, тогаш повеќе ме боли. И избегавам. И облекување панталони обевезно седната. у Му кажав на мојот матичен, ја виде коската на ехо, рече добра е, врзана...или нешто слично. Ама ако продолжи, да се јавам. Јас сум 18 недела. Којзнае што ме чека
И јас приметувам ваква болка при крај на ден, дека сум на нога цело време и веќе последните саати едвај одам, од работа до станица е 5мин пат, мене ми требаат 15. Ама повеќе ми се чини дека е притисок на бешиката отколку коската, не знам, или некој лигамент. Ама дефинитивно мислам дека не е од нешто што е проблем, мислам дека е нормално поради преоптерување или носење тежина, умор.
Девојки дали сте имале болки во долниот дел од стомакот како менструалн, најчесто кога си легнувам навечер? 27 ма недела влегувам денес
Од денес 36та недела. 90% ке се пораѓам царски Многу ми е страв искрено. Милион прашања имам. Цело време се обвинувам за тоа што бебе не се сврти надолу... Цело време се обвинувам и ми е страв дека нема да имам млеко дека ке бидам со царски и дека нема да сум доволно вредна зашто нема да осетам како е да раѓаш природно...како да си помогнам со сите овие чувства.?