Фала Богу син ми се роди 6 ноември. И син ми и јас сме здрави и живи. Ќе пишам во темата породилни приказни кога ќе можам. И тука на некои мислења
Редовно читам но не коментирам, и овој пост ќе го поминев со читање но сакав да ти кажам како и повеќето членки дека најбитно е бебето и ти да бидете живи и здрави, отпосле воопшто не е битно како си го родила, знам дека сега ти ствара притисок и се тоа но не вреди, вредностите ги согледуваш отпосле, тие две мали очиња кои те бараат само тебе и тие мали рачиња кои копнеат кон тебе. Те молам не се стресирај од искуство ти кажувам, ова ми е втора бременост и сеедно ми е како ќе го родам само живи и здрави да сме, со првата бременост не сакав ни да помислам на царски не дека се плашев но некако како тебе сметав дека повредна ќе сум ако родам природно( отпосле сфатив со какви глупости сум си ја оптеретувала главата).. никако не сакав да слушнам за царски иако докторот на почетокот ми спомна дека може царски ќе треба поради тесно грло но упорна бев, издржав доста болки но со 9цм отворена завршив со царски затоа што бебето беше умотено со папочната врвца и престана да прима кислород, итно ме оперираа па фала му на Бога живи здрави заврши се. Со тоа сакам да ти кажам дека не секогаш работите се во наша контрола, помири се со нештата како треба така ќе биде најважно е да излезете живи и здрави двете. А околу доењето ќе ти кажам дека после операцијата кога ми дозволија течности пиев без контрола најмногу вода и сокови од јаболко и праска, млекото ми надојде на вториот ден и тоа сестрата ми се смееше дека имам за цело одделение и ја доев повеќе од 2год. Ти посакувам да се смириш и да размислуваш за убавините кои те чекаат откако ќе се роди, со среќа
@Nala37 Без семки калинката, семките правеле контракции. Така имам прочитано, јас неможам без семки па пола ја јадам со семки пола не
За 2 недели изедовме огромна кутија калинки, еве сега зобам, нешто контракции не приметувам повеќе. Греота е да се фрлаат семките од калинка колку се здрави и полни масни киселини здрави за организмот.
Стојам на тоа дека калинка не е калинка без семки . Така прочитав и си викам ај 50% ризик пола јадам пола плукам.
Јас првпат овде прочитав дека со царски биле немајки или тие што не успеале да дојат биле немајки и се вознемирив искрено. Како тоа од нас да зависи, а не од природа. Јас еве од сите другарки, роднини, блиски последна ќе раѓам, на стари години и никогаш досега не сум слушнала ваков муабет. Која си имаше мака, беше царски, која не си се породи природно. И во двата случаи имало компликации, ама фала богу сите се живи здрави и мислам дека нема простор за споредба. А вакви муабети од такт ме вадат. После толку години бирба и вложување пари во испитувања, инсеминации, ивф, апчиња, инекции конечно сум успеала, ги носам двете со константни проблеми во бременост и страв 24/7 и на крај ако ги родам царски као нема да сум мајка? Или ако немам доволно млеко за двете пак нема да сум мајка? Ма нека ми рече само некој, коса ќе му искубам. Јас не знам како толку светов напреднал, а нашите ставови останале во 15ти век.
Па искрено и по препорака на доктор ама и сама сакав. Сметав дека е одлична можност да се отарасам од нив. И ми успеа.
Јас со првото бев царски, голема беше, поминав и термин, и не се отварав. Докторот кој беше прво за природно и нејќеше да слушне за царски, сам предложи царски, за да не дојде до компликации. Пред повеќе од година ипол, прво пробаа природно, ама испадна царски. Сега ќе сум пак царски… Сакам да кажам, ич не ми е гајле кој што мисли. Јас знам колку се трудам за бебето и колку сакам да направам се што е во моја моќ за да ми се роди здраво и живо. Ако некој мисли дека сум немајка, нека му служи на чест. А кога некој ќе ми каже дека е полесно, прво нека помине низ истото, па нека збори. Двата начина се болни, носиме живот на овој свет. И нема споредување кое е подобро, полошо, поболно… секој има различен праг на толеранција. Во однос на млеко, немав доволно, па беше на адаптирано. Сега е здрава, права девојка. Да, прво пробував на секој можен начин да ја дојам, ама кога нема, нема млеко. Тоа е. Требаше ли гладна да ја оставам? Затоа според мене, секоја мајка прави се најдобро за своето дете. Некои работи не зависат од нас, ама сите исто се трудиме. Убав ден на сите
Со семки ги јадам. Една калинка на ден, некогаш и помалку. Првата бременост на крај, со таа цел се утепав од јадење урми и ананас и други работи што предизвикуваат контракции па родив едвај на 40+ со провокација.
Не сите работи зависат од тебе. Искрено, воопшто не се замарам дали со царски, дали ќе имам млеко, дали некој нешто ќе каже..олабави се.. колку деца се пораснати со вештачко..олабави се и мисли на убаво..
Сите вие шо имате запек Варена киноа+кисело млеко+печурки Која сака може и спанаќ да ставе Тоа е лекот за запек
I jas im sum nastrvena periodov, ova ne go znaev za semkite. Znaci sega da gi cedam.. A kolku gi obozavav da gi grickam so se semki
Ова прв пат слушам, прво како да ги изолирам семките а друго што е калинка без семки, тоа е впрочем најздраво заедно со сокот. Ги јадам со семка и уживам и не сум почувствувала контракции. Урми некако не ми се слатки сега во бременост а се утепував од јадење пред бременост, тука прочитав дека предизвикуваат контракции. Искрено се’ што нема да прочиташ
Какви треба да бидат печурките? Од тегла, свежи динстани? Јади си ги со семка и уживај, нема ништо да ти биде.
Мене тука докторите не ми рекоа ништо за овошје, рекоа се можам да јадам освен папаја и секако убаво измиено, за храна ми рекоа само да не јадам необработено месо, мувлосано сирење и жива риба, туна може до две конзерви неделно од 150гр, зеленчук секаков, дури и за јајцата прашав пошто оној ден се насекирав тирамису што јадев, рекоа дека сите што имаат едно знакче на кутијата овде се јајца од кокошки кои се вакцинирани од овие бактерии и доколку се свежи можам да ги јадам течни жолчките како што сакам. Така да јадете си и урми и ананас и калинки, не е научно докажано дека предизвикуваат пораѓај предвремено, може да го забрзат процесот кога ќе дојде време, како лутото што сум чула дека прави ама дека ќе ве фатат контракции од калинка со семка не верувам.