Не ми е место веќе во темава бидејќи веќе сум породена ама неможев да го одминам ова што си го пишала. Првата ќерка ја родив природно,и второво прцле сакав природно ама во прашање беше нејзиниот живот и најмалку не се каам дека ја родив царски,верувај дека се поминува многу луѓе предходно ми ја полнеле тиквата со разни муабети за царскиот ама верувај дека тоа е најмалку важно во тие моменти. Ќе си закрепнеш јас дојдов дома и уште одма правев се сама,луѓе кои очекував да бидат до мене не ми се јавиле да ме прашаат ниту како сум. Главата горе,мајка си можеш се,ќе успееш,без стравови затоа што стравот е најголем непријател. Сите сме мајки и сите си ги ставаме децата секогаш на прво место,така да само позитивни мисли и се ќе биде во ред,а за млекото не му јс мисли дали после 3 или после 5 дена доаѓа млеко,дали ќе го задржиш и ќе одржуваш лактација пак останува на тебе. Најважно од се е дека се може да се среди.
И јас нонстоп јадам па не сум осетила контракции, па и никој не ме предупредил за ова Ова само на Балканот го има, ич да не се вознемируваш. Ехееее, што нема да слушнеш. Јас имам слушнато дека и тие што раѓаат со епидурал се немајки, затоа што не ги истрпеле болките за да станат мајки
Исто баш вака. Од примери во околината на жени кои завршиле со долгорочна постпородилна депресија баш затоа што родиле царски, а не природно реков со таа тема не се занимавам. Само двете да сме здрави и живи. Е сега преокупација ми е делот со спремање, баш затоа што треба да делам дел од просторот, баш затоа што околу мене ќе имам луѓе кои ќе се прават поголеми родители од мене. Од тоа што ќе си имам коментари како на детето му е постојано ладно или јас не знам да го облечам итн. Ова претпоставувам знаејќи ги луѓето со кои живеам и бар неколку недели би биле околу мене. Е сега се надевам дека нема да занимаваат толку со нас.
Мислам дека @Misskirova е само голем овертинкер и тоа не е ништо страшно, сите сме различни. Не се сеќирај мајче, ќе бидете добри како и да се породиш на крај од тебе подобра мајка за твојата принцеза нема да има Како сум дремнала 1 час, аууу, пауер нап на најјако. Мераци! Каква спанка сум оваа бременост, лелееее.... Да спие човечето бар пола од ова топ ќе биде. Да прашам, зимала некое боледување во 8ми? Онакво од матичен обично. Или пак во 9ти на почеток. Пошто планот да останам на работа до декември ете пропадна, моментално користам одмор стар, завршува на 21ви, па мислам ми е како да терам понатака. Се мислам до 1ви да се вратам на работа па таму од декември да земам уште 2 недели боледување или нешто така па да отворам породилно. Има некоја искуство?
Земи од матичен општ, а после ако имаш некој специјалист може да ти допише денови и да одиш комисиски за плус денови, нема да имаш проблем.
Јас. Изгурав пола бременост со две боледувања од матичен гин. плус две од општ матичен со дијагноза од специјалист плус одмор од оваа година цел што ми следува. И го отворив породилното порано. Над 27ма недела матичен гин може да само да ти даде дијагноза лажно раѓање 2 недели и после комисиски се продолжува или со конзилијарно или со лежење во болница. Општ матичен тешко давс две недели без препорака, заострени им биле контролите,ама и тоа зависи... Ако ти треба подетално пиши ми лп.
Да, ова е точно. Ептен им се заострени мерките и не даваат без препорака на специјалист две недели, се плашат некако.
Ме полажаа овој месец конечно ќе пуштеле качена платата па со викам да истерам одморот и да одам една недела ми се фаќа на работа, па после од 1ви да земам боледување 2 недели и да отворам породилно. А ич не ми се седи дома беспотребно. Ради една настинка се ми се поремети еј. Не ми се верувало некогаш дека ради настинка ќе дремам дома.
Хахах баш така, на балканот со нашиот заостанат менталитет. Еднаш уште пред да останам првиот пат бремена уз муабет свекор ми имаше искоментирано дека маж што не служел војска не бил маж, а жена што не раѓала природно не била жена. Според ова неговите два сина не се мажи, а јас ако родам царски нема да сум жена. Мене вакви муабети не ме ни допираат, од едно уво влегуваат, од друго излегуваат.
Леле те молам немој да се преоптеретуваш и вака да размислуваш. Кај мене беше се во ред , свртено бебче таман за излегување , поминат термин,јас решена за природно до крај, со провокации пробувавме и не сакаше,одлучивме царски. Немој да мислиш дека помалку боли, болките секако ќе ги имаш само со едниот начин пред а со другиот потоа. Нека не те допираат вакви муабети, тој што го нема поминато тоа незнае како е . Мисли на тоа да сте добри ти и бебче, па за другото гајле да не ти е, луѓето се за тоа да си зборуваат, верувај кога ќе го видиш нема ништо друго да те интересира . Млеко вториот ден ми дојде , а третиот веќе се одмолзував бидејќи имав премногу , сега сме само на доење . Само позитивно мајка ❤️
Срцки го поминав вториот скринин се е супер со бебето според мерките... постелката ми била добра грлото исто така се надевам дека така ќе продолжиме...малку се криеше бебушот фацичката не сакаше да си ја сврти ама ако нека ми биде само добро и нека ми претка мама се радува на секој удар од беба
Зошто пред време си ствараш стресови мајка? јас сум природно породена пред 10 месеци и цела бременост бев оптимистична дека ке го дојам барем една година, ама се изнамачивме едвај 2 месеци, па фала му на бога си се развива супер и на Ад, и не се осекам никако помалце мајка од жените што дојат, најбитно од се е бебе да е нахрането не е битно дали ке биде на ад или ке биде доено Мене свекрва ми ми рече дека затоа што сум имала мали гради сум немала млеко доволно за бебето да го дојам, затоа и толку мал период сум го доела
Јас имам коментар од свекорот добро да се облекувам за на работа и излегување, да не "му ја настинам внуката". Оти нели јас не знам како треба, јас нема да имам мака од настинка и слично. Јас нема да бидам таа што ќе пие лекови и ќе се мачи. Секако ги игнорирам овие коментари, дури и смешни ми се на моменти.
Леле леле експертиве Еве три години поминаа како не можам да заборавам еден бисер на една туѓа свекрва. Се породи мајката што се породи и отидов бебето да го видам. Го подржав малку и го ставив во релаксаторот и го наместив поубаво да го гледам. Ене ја иде, трча "немој така накај запад да гледа, ќе се зајде дете" Ете ова уште ми е win од сите бабини деветини. Ова не е деветина, десетина е.