Една остра болка ама ме мавна сега ме загрижи, доле лево, како јајник во овулација кога боли или бешика… не знам што е, а и мокрам почесто, се надевам не е уринарна инфекција, ќе земам утре има едни домашни тестови за уринари инфекции да видам што ќе кажат. Прилегнав да одморам, се надевам ќе помине.
Значи сепак може да земам нешто такво и во 9ти. Супер. После да отворам породилно од средина на декември. Ако и овој план ми успее де.
Хахахах се изнасмеав. Јас сега скоро слушнав жалење на една новопечена мајка дека ја гњавеле да му стават метла на бебето одма до него кога спие за да брка некок ѓаволи а мојава свеки мртва ладна и покрај тоа јас што се изнасмеав на приказните вели као да даа тоа се реди така до 40 дена оти не му е испеана молитва. О Господе што не измислиле
Хахахаахах замисли става метла и ја снемува свекрвата. Свашта бе луѓе мене ми е јако да слушам вакви суеверија, не постои граница за нив. Имам среќа од моја страна не се воопшто суеверни, за другата страна не можам да го кажам истото.
Дечки ми треба правен совет за тужба..кој има овде нека ми пише ЛП или нека ми даде соодветна тема..не можам да најдам...фала
Го имам истото слушнато, само јас знам дека под креветче се ставала метлата Честитки мами, здрави и живи да сте
Како свечено се зафркнав... таман да си легнам и синко и маж јадеа Нутела и лепче, со млеко, иди одолеј. Изедов 2 кришки и сега бебе прави салто у стомак, место не го збира. Смотаница сум значи. Утре ќе се гледаме на ехо, ако не е свртен пак карлично добро ќе биде.
Дефинитивно кај мене е наместено со главчето доле. Повеќе пати вечерва почувствував притисок накај анусот. Не беше многу долго или многу болно, ама знак дека се мести доле
Ако ти е за утеха првото го родив природно и цицаше 3 месеци со зор ич немав млеко,пријателка пред мене што се породи царски го доеше скоро 3 ипол години едвај го одвикна ,а исто скоро сега другарка се породи со второ царски и си дои без проблем и со првото исто така беше. Инаку пораѓај како пораѓај за мене е исто со природно имаш моментално болки со царски одпосле значи нема разлика.
Добра ви вечер мешиња од кога почнавте да купувате по нешто за бебе ,јас сум веќе 24 та недела и се мислам да не е уште рано некако?
И јас сум 24 недела, а со купување почнав одма по прв скрининг. Малку по малку поголемите работи, а сега планирам едно турбо да направам по списоците со ситници, до нова година се да ми е купено. Многу ми станува мачно да одам по дуќани, а од онлајн шопинг деновиве се разочарав и сакам додека уште можам да си го завршам физички шопингот. Стварно ви се воодушевувам како издржувате да одложувате купување. Мене во цела бременост единствени моменти на среќа ми се кога одам на преглед и ми кажуваат дека бебињата се добри и одма после тоа кога ќе им изнакупам слатки работи Сите останати денови сум под константен страв и стрес.