Јас не знам дали постои понемирно бебе во стомак... нон стоп е активно... Икаше до сега, сега па се трти нешто ме шиба ниско во стомак, ме убива. Денес бевме на преглед на ехо, и таму не застана мирен. Туку што се однесува до храната и јадењето... Си замислувам некоја храна и едвај чекам да ја пробам, ќе ја купам, ќе ја направам и после не ми е вкусна ич. Препекав за свинско со праз, направив и мех, не ми е убаво. И на ништо вкусот не му е како претходно, се ми е поинаку некако на вкус. Едвај ќе чекам да пробам, ќе цупкам дур го отворам или спремам и не ми се свиѓа после. Јас гурманот на векот
Дечки, внимавате на состав на витамините? Има еден нов профил на Инстаграм, живот без токсини. Прашував за домаќинство нешто и попатно за витаминиве што ги пијам Pregnacare. Имаат рече титан диоксид, некоја генотоксична состојка. Фемибион исто полно е адитиви. Што да пиеме ондак? Рече за некои од Србија Terranova пренатални биле безбедни . Сега ништо не ми се пие.
Мислам дека премногу се оптоваруваш. Ако ми дал доктор сигурно не ми дал за да се отрујам или да си наштетам, да постојат штетни состојки но постои нешто уште поштетно од што не можеме да се заштитиме, воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме, така да малку помалку читање и малку повеќе релакс.
Јас пиев на почеток Фемибион, прво тромесечје. После ми ги смени на Пренатас. Не го имам препрашувано зошто и дали се подобри, штом ги дава доктор мислам дека е безбедно. Инаку гадни ми се во последно време, многу често се случува после појадок ко ќе се напијам од нив и да повратам. Ако продолжи и зачести никакви не пијам. Па не планирам да ги купувам, а да ги повраќам, тоа е џабе.
Не гледам воопшто, цела бременост пијам само ПреМама и толку. На другарка ми во Систина пак и рекоа да не пие никакви витамини преку апчиња туку колку може да прима преку Јадење.
Моето Журки прави по цела ноќ, во 22ч почнува најјакото и трае до сабајле. Ама на преглед кога одиме, премирен е, спие и никако не се буди.
Јас ќе ги прекинам сега. Подобро малку пауза. Ќе гледам преку храна да внесувам. Ќе продолжам само со витамин Ц и Д и за железо ако има потреба.
Не внимавам. Такви штетни состојки има буквално во сè: храна, лекови, пијалоци, козметички производи, вода, воздух... Не можеме да се ставиме во стаклено ѕвоно, така што пијам што треба. Прво пиев Фемибион, сега зедов ПреМама бидејќи имаше акција 1+1 гратис.
По цел ден и цела ноќ, дури ни на преглед не застанува. Досега бато го смируваше, сега ни бато не го смирува. Еве сега се превртуваше и му правеше шоу на бато. Батково па се топи.
Јас во прва бременост ги пиев Фемибион до 3 тромесечие, во 3то не пиев ништо. Сега пиев чат-пат искрено, па прекинав и ништо не пијам. Само што се согласувам со многу, дека не е ок да се оптеретуваш до толку, реално и во храната која пишува био не си сигурен. На крај испаднало дека и некој бебешки производи биле штетни, а камоли за нас. Да не зборам дека Мк и некои појаки европски земји имаат исти производи, но не со ист состав. Колки пати сум приметила само и по вкус или мирис дека не е ништо исто. Шо знам.. имам мислење дека што повеќе се потресуваме за деца и за нас, то повеќе не преваќа нешто.
Искрено на оваа скапотија од храна, едни банани се 100ка, ќе пијам витамини и оро ќе играм. Не можам да си дозволам толку многу здрава, квалитетна и нутритивно богата храна со моменталните цени па затоа се тешам дека бар малку внесувам. Не јадам редовно авокадо, риба, месо, јатки, разновидно овошје и зеленчук и затоа ќе пијам витамини за да заменам.
Девојки покачен холестерол во бременост беше нормално нели? И онака ми е благо над горна граница секогаш и ендокринолог ми има кажано дека е ради ПЦОС. Сега правев крвна слика и ми е 7.08. Ова го најдов како информација на интернет. https://www.ringeraja.mk/statija/dali-pokacheniot-holesterol-e-normalen-vo-bremenosta_6398.html Исто и на леукоцити во урина имам +, и тоа беше нормално така? Останатото е супер, железото 21.3, хемоглобинот 12.5. Пренатални витамини уште не пијам никакви. Само метил фолат и метил б12, ц витамин и чат-пат магнезиум. И мене докторката ми рече дека сега за сега сум ок без витамини, да си внесувам преку храна. Кога ќе одам на втор скрининг планирам да прашам дали да почнам, ги нарачав Пренатал од Џејмисон.
И мене ми беше малу покачен холесторолот пред некој ден(на горна граница), баш се чудев зошто. Пренатални витамини не пиев ни со првата бременост ниту пак сега(21+), освен холесторол се е ок. Внесувам преку храна и се чувствувам супер Фала за линкот.
Женски да ве прашам,навечер се будам 100 пати за во вц ај тоа нормално си е знам,ама се будам со сува уста барут,а не спијам со отворена уста,како може внатре да ми се суши толку многу додека спијам,а пијам преку ден еден куп течности,само вода едно два литра сигурно. Ви се случува ли на вас така?
Ако имате клима во соба може и од нејзе да е да го суши воздухот. Ставај си во некое тенџере или пластика вода во соба да ти стои.
Немаме клима во спалнава,не ја грееме собава намерно луфтирам и преку ден долго време за да биде ладна собава дека поубаво се спие во ладно. Имаме и такво што покажува колку е влажноста на воздухот,добра си е. Незнам што ми се случува ама многу често ми е така. Прв пат знам само што ја направив инсеминацијата после три дена ова ми се деси и од тогаш не прекина,ептен чудно гледам трудници се жалат со премногу лачење плунка а кај мене суво барут навечер во спиење..
Сакам да ве прашам вас кој што успеавте да не качите многу килажа во тек на бременоста како успеавте? Последнава година со доста труд успеав да симнам доста кг а сакам и бремена да останам ама се плашам да се здебелам повторно…До сега се хранев здраво…Многу се плашам од повторно здебелување како да успеам да не качам многу кг дајте ми совети ве молам..