Холестерол не се мери во бременост зашто е очекувано да биде висок. Мене така ме испаничија па на диета па глупости а тој упорно идеше нагоре. Завршив на интернист и кардиолог и ми рекоа дека не сум ни требало да го испитувам. 11 ми беше, не ни знаев дека може толку висок да постои. Одма после породување ми се нормализираше.
24+6 сум, до сега се супер, овие две недели дерман не ми иде, настината, грло ме болеше, па носот затнат па растечен и од ноќеска температура 37,4 не е висока ама сум омалаксана и преку глава ми е веќе ни на работа ми се оди ни никаде, доста беше мрзнење по амбуланти на сметка на моето здравје сакам малку и јас да си уживам да одмарам, еве 6ти месец некако ич не си поуживав во бременоста. Така сакав да си се пожалам тука зошто нема на кој друг, постариве одма ќе почнат да врзуваат кукули како во нивно време па вака па така, ич не ме интересира во нивно време како било.
Нутриционист. Јас со првото качив ептен, па успеав со маки да спуштам, сега со нутриционист па ќе видиме. Или не знам.. ако си дисциплирана без додатна мотивација и контрола, тогаш помалце тесто, повеќе овошје зеленчукc, овесни, манџа без запршки..
Ќе си ја тераш истата исхрана која си ја терала и досега. Јас не продолжив со истата исхрана да бидам искрена и не качив којзнае колку и да ти кажам најискрено ич не ми е гајле, пак ќе ослабам. Поважно ми беше да уживам зошто со синко голем бев цело време на штрек, не сакав и со ова, па си уживам во се што ми посакала душата. Здравје ќе се породам, ќе се вратам на старата програма и тоа е тоа.
Јас на чико го користев за синко преубаво мириса баш на бебе нежен е многу и до година го користев јас сите алишта му ги исправ на рака во 9ти месец пред да се породам се ми беше перено пеглано и во комода наредено
Провери шеќерот може да ти е низок мене ми е така на а 2месеци сум 4ка ми е а благо јадам скроз кога ќе ми падне да дојдам до степен на несвестица да ме фати еве ова недела ми се покачи а вода исто така пијам многу и сува устата пак
Како јас да се читам 1година бев на здрава исхрана кога почнав со постапката за ивф се поправив страшен апетит за јадење и благо но се исплати сега сум 2месеци и почнав со исхрана од кај Ана мама фит немам качено кг но немам и намалено добро е сто е така ,и матичната вика побитно е да е здраво бебето после другото ,за првото се поправив 30кг точно од како се породив за 1месец намалив 15кг докторот што ме породи не можеше да поверува а тој ме караше викаше нема да можиш да намалиш . И после пак се поправив со короната и со нутриционист за 5 месеци ослабев 25 кг се можи се само бебето да биде здраво право уживај не се замарај
Не знам како успеав, жими се. Мислам дека е многу битно да се јаде по помалку, но почесто. Таква е и исхраната од нутриционист, на секои 3 часа се јаде, јас не бев со програма од нутриционист, сама си распоредував оброци. Имав 3 оброци и 2 ужинки. Едната ужинка секогаш ми беше овошје, другата јатки. Салата јадев со секој ручек, запршка не ставав во манџа и онака, ми се лошеше од неа, пиев многу многу вода, нон стоп бев жедна. Не се штедев од благо, ама гледав да не претерувам, почесто си купував црно чоколадо. И секој ден пешачев, бар некаде 30 мин во денот.
Во првата бременост со 1 кг во плус отидов на породување, цела бременост внимавав поради скриен шеќер и така не се поправив. Пробај помали оброци почесто на ден, три главни и две ужинки. Не јади благо, тестенини од бело брашно. Умерена количина јади. Исклучи мозок од храна, самоконтрола, здрава храна и тоа е. Полесно звучи отколку што е, но не е невозможно. Ако имаш навика здраво да се храниш, тогаш можеш и во бременост да продолжиш ако имаш желба. Сега во оваа бременост досега стојам на иста килажа, не сум се поправила, но не ни можам да јадам од мачнини и зашто сè ми е одбивно.
Добро утро девојки. Вчера бев на ЦТГ . Илиевски ми рече наредна недела ке идам и ке закажеме датум Се ми е измешано. Бебе е пораснато ,што се должи на тоа дека Еманерата ме оправија па сега и јас јадам малку повеке ко човек. Иначе да ве прашам...тие со царски -дали the big day .т.е датумот го кажувате на вашите блиски ( демек не се кажувало да не те мислат) -и дали е точно дека на царски не треба да одам со лакирани нокти?
Мислеле не мислеле исто ти е, ама не кажувај за секој случај. Иначе да, лак за нокти или гел што год имаш вади го, не смееш да имаш. За твое добро. Првите промени се случуваат на нокти па да може да следат.
Со лесно да помине се. Баш вчера размислував како би направила кога би отишла на породување здравје , мислам дека не би кажала нема потреба од 20 луѓе по мене. За лакот ќе си го извадиш со чисти ќе си одиш, тоа е заради анестезијата гледаат ако има некои промени на ноктите.
Мила и јас одам наредна недела на преглед за во 39та да закажеме термин за царски Не планирам да кажам на никој, му напоменав и на сопругот дека не сакам да кажува никому. Мислам дека ако кажеме на нашите беспотребно ќе се грижат и ќе се секираат, вака кога ќе се заврши работата (дај Боже сè да биде добро) ќе ги израдуваме. Инаку да, не смееш да имаш лак на ноктите, јас од страв само што влегов во 9ти го извадив лакот (иако цел живот сум со лак, не можам да се гледам без ама кога се мора, не е тешко).
Здраво девојки задржана сум на пин поради покачен притисок за утре ни е закажано индуцирано породување wish me luck