Нека ви е со лесно @АнаМаријаД мислам дека може и од поткачен шеќер да се суши устата, ми се случува и мене ама ја имам клима во соба. Ај баш види и сподели после. Гуд лак!
Женски, тоа што немам скоро никакво чувство за сол се должи на бременоста или? Ручекот вчера шо го праев маж вели комај и да не се јадело од солено , а мене превкусно.... За вечера чепнав кашкавал, блантав, несолен. Му велам убав кашкавал ама му фали сол. Го пробува тој, ми вели, не бе таман е. Сега за доручек овес и јогурт и тоа несолено... Нормално ова, или?
Вчера бев на преглед во 27 недела, конечно го дочекав после 5 недели. Се е супер со бебето си расте како треба, органите се супер, постелката од преден зид сега се качила горе и плодовата вода беше во ред. Јас целата среќна, конечно да ја видам бебушка, ни го покажа лицето зошто минатиот пат на скрининг се криеше и во сета возбуда ништо не прашав оставив се на матичната. Излегувам од кај неа и ми текна дека не ми провери цервикс и грло. Ми идеше да се утепам зошто знам дека наредните 5 недели ќе паничам. Го снимав прегледот за да му ја покажам беба на маж ми, го враќам јас гледам ни абдоменално не ми измерила ни она. Последно на втор скрининг, не кај неа туку кај Димчев цервиксот ми беше 4.19цм и затворено грло. Дали видела дека нема индикации за да ме провери или тоа мора превентивно да го направи? Да не чекам 32 недела да одам накај 30 на приватно? Зошто знам дека нема симптом за јас да осетам дека се крати, а некако во овие последни месеци ми е најбитно тоа, да не е предвремено.
Здраво девојки правев брисеви и ми излезе стрептокока 19+3 сум искуство? Понеделникот бев се е во ред со бебе супер е со мерки веќе по малку почнав да ја осеќам,цервикс ми е 40мм.
Мене докторката и без да ми го измери кога ќе го видеше викаше дека има супер должина и кажуваше колку цм отприлика и личи дека е долг, и кога ќе го измереше навистина беше отприлика долг колку што кажала претходно, искусна е и навистина дава точна проценка. Така да мислам дека воопшто немаш простор за грижа, ако виделе докторите дека имало потреба за мерење ќе го измереле, си ја знаат работата па не треба баш секогаш ние да се правиме поголеми доктори од нив
Прво од кај знаеш дали го измерила или не. Ако не искоментирала не значи дека не измерила. Може видела и не искоментирала. Не паничи, немаш потреба. Друго, симптоми за скратување на грлото на матката итекако има, притисок над пубичната коска, болки ниско во стомакот, бодежи во вагината, се што се осеќа во текот на бременоста но со многу појак интензитет, едноставно знаеш дека нешто не е во ред, притисок некој безвезе осеќаш што не се промашува лесно.
Како почнува природниот пораѓај и отварањето? Дали првин мора да испадне мукозниот чеп и да пукне водењакот или? Се ближи време па да знам што да очекувам .
Толку разбира очигледно матичниот гинеколог. Не се испаничив јас воопшто, прочитав дека е нормално и дека обично се спушта 4 недели по пораѓај. Чисто искуства сакав да прочитам. Фала.
Здраво девојки од денес 34 недела утре конечно на преглед да видиме до каде сме.. Почнува паника да ме фаќа што ќе ми кажат утре на доктор и тахикардија имам дури да се смирам се ми смета да лежам да седам.. Притисок сеуште имам долу навечер ми е став убаво во вц да седнам.. и овие глупави стврднувања веќе се почести и магнезиум ништо мислам не делува а пијам до 2000мг во денот.. Се надевам уште малку ќе издржиме оти вака се мрднав секое одење во вц гледам да не има нешто секрет од чепот..
Јас иначе веке неколку дена имам зголемен исцедок бел. Ама онака буквално седам и осекам кога ми истекува ,како мокрење..брисевите се чисти. Дали е знак дека се ближи раѓање?
Јас читав дека нормално било повеќе исцедок има на крај, така се врши прочистување и заштита од инфекции.
Јас јадам се што ми се јаде ама умерено без да се прејадувам. Овошје, зеленчук, месо имам скоро секој ден на мени. И тестенца си каснувам, а од нив бегав зошто бело тесто за никој не е добро. Ама сега ми сака душа и си дозволувам. 19та недела ја терам и имам качено 2 кг од почетната килажа. До крај си давам фора до негде максимум 10-11. Се е до организам, балансирање на желби и потреби, конструкција итн. Во минатата бременост стигнав до 8ми месец и качив 7 кила.
Здраво женска. Мене чепот ми падна сабајлето во 4 часот.. и дека имаше и малку крв одма испаничив и на доктор. Ме прегледаја ми рекоја рано дека 37 недела бев прво дете. ама јас некое предчуство му реков нека дојди мојата докторка да ме прегледа.. Ја почекав и ме прегледа во 8 и 30.. Ми вика ти си отворена 7 прсти болки немав никакви ми го пукна водењакот и дури епидурална ставивме се качив на бокс и се породив.. Сега за второво имам индикации за предвреме да се породам и многу страв имам дали пак ќе сетам некој исцедок и дали ќе имам болки.. Со лесно да ни е на сите..
Јас не го кажав точниот датум ама знаев од прилика која да ке е и таа и ја кажав јас се породив еден ден претходно така испадна,а за ноктите да ми напоменаа да не ми се лакирани
Кога отидов на контрола пред пораѓај 3-4 прста бев отворена, мукозен чеп не видов да ми падне. Немав никакви болки, дури после прегледот почнаа болките. Водењакот ми го пукнаа пред да идам на бокс.
Јас пред малку се подизвадив од памет. Го осетив бебе ниско долу, можеби со нозе маваше. Станав, на нозе бев, како што мрдаше така бодежи во вагина осрќав. Многу сум исплашена, лежам и не мрдам, сега го чувствувам погоре. Ви се случило? Треба да се грижам?
Јас не пчанирам на никого да кажам, евентуално пак,золва ми ако треба да фо оставиме детево некаде. Мене че м итежи на глава дека сите се во исчекување. Овој пат богами и за излегување не кажувам, ќе се пријавам дома кога ќе сме, а не како минатиот пат цела делегација, па за малер каснеа со испис некоја машина за кс за мали се расипа, а без неа не сакаа да не испишат. Нокти треба чисти заради анестезијата, ако не дај боже има проблем прво се забележува на нокти, како што веќе ти кажале. Јас заради итен царски немав време, немаше ни кога да ги средиме влегов така во сала, а ми рекоа додека ме спремаа, ама кај мене беше ептен ургентно. И прстен на рака имав, а и тоа не смее, ама заглавена ми беше бурмата, цел месец претходно се обидував са ја извадам
Зошто да паничиш? Си расте бебе и сегде допира/удира... Ќе го осеќаш и горе и доле, секаде, најнормално е.