Јас вчера се паковав и пак не сум доспакована, од паника како во некое безредие и хаос сум. Јас зедов брадавици на Медела затоа што знам дека по државниве болници не објаснуваат многу околу доењето па реков да не се нервираме со бебе, а и мали брадавици имам па мислам ќе ни е вака полесно. Инаку нарачав брадавици и ланолин од пакет.мк на прва нарачка има 400ден попуст и многу поволно ми дојде. Мидер или појас немам купено, вервам дека после царски нема да може одма да се носи врз раната, а и сакам да почекам докторката да ме посоветува како да постапам.
Опушти се и уживај. Бебето откако ќе се роди, здравје, ќе можеш да си излезеш и докупиш или да пратиш некој. Не му се стегај толку сега за ситници. Нема да те држи дома врзана
Затоа што ме видоа на почетокот блиски дека си пијам и ми искоментираа неколку пати дека не чинело ни за мене ни за бебињата, да не ми се качел притисок па предвреме да раѓам, и ми го начукаа шубето И сеа ем знам дека е глупо тоа шо ми го збореа, ем шубе ми е и со грижа на совест го пијам и тоа едно на неколку дена.
Глупости. Ич да не ги слушаш! Мене самата докторка ми дозволи да пијам. На почеток не пиев затоа што повраќав многу и ми се гадеше од сè. Сега прво што правам наутро е варење кафе и време посветено за себе, дури можам, после со бебе секако потешко ќе биде
Ах зборевме пред некој ден за суфлирање од страна. Карактер си е, ама треба да си створиш одбранбен механизам на таа тема. Кај ќе ти е крајот ако откако ќе ти се родат бебињата ги слушаш сите суфлери од страна, а ќе ги има. Слушај си го својот инстинкт, ако ти се пие кафе напиј си се, не е штетно кога не е претерано.
Е ај ако не да не дишиме, шо знам. Јас кога сум трудна со кафето сум скарана, ама имам низок притисок и ако не пијам сум ко пијана, па минимум едно јако или и повеќе морам да се напијам. Кафето не качува така лесно притисок, не се сеќирај. Пиј си, ако ти е шубе пиј некое послабо, не знам, капучино или нес послабо и немаш гајле. Не си прај толку стресови. Штетно е да испиеш денес 6 кафиња и трудна и нетрудна е штетно, ама едно до две, па и три некогаш, не е штетно. Само пиј вода со него и немаш гајле. Многу се нервирам од суфлери, и тоа од вашите, на моите не им мавам рецки. Мајка ми е суфлер главен, па свекрва ми, ама ич не се замарам со нив, али во споредба со вашиве се мачкина кашлица. Абе ржнете малку остајте ги не се замарајте. @Misskirova јас си земав на БејбиНова, мекички се ептен, башка се 140ден за две и да ти кажам искрено и да не ги употребам нема да се замарам. Толку пари за Медела и Авент не давам. Братучетка ми рече ќе ми даде Медела, ако видам дека стварно подобро е со нив ќе ги користам, ќе купам ако треба нови, ама за проба не давам толку пари. Стварно беби опремата и потрепштини е премногу отидена у плафон со цените, по 50% ако не и 100% е качено се. Вир влошките се 250% качени, пелените се 50% качени, шишенцата и цуцлите и тие се отидени, марамиците што беа по 50 ден сега нема испод 70, за облека да не зборам, истите шпихозни што лани ги купив 850 за едно бебенце, годинава се 1500, зар не е претерување, апсолутно се истите. Немам зборови!
Јас потрошив до сега ако ти се верува 16.000 точно ,на ситници и пак ништо немам. Не ја ставам тука количката ,а не купував ни гнезда некои такви луксуз ствари ..и пак потрошив и нз кај отидоа....
И да знаеш дека си во право и треба да си почнам. Докториве не ми спомнале ништо, ни за храна ни за пијалоци, ни килажа ми измериле, само еднаш двапати искоментираа слаба си, ама као тоа е добро, бебињата растат, немаш гајле. Ама затоа околина се знае, и кафе да не се пие, и што да не се јаде и дека многу кила ќе сум качела до крај Оди фати им крај, само што сум смотана и не можам до толку да се исклучам и ич да не слушам што дрндаат.
Искрено, многу сум мирољубива по природа и избегавам секаков конфликт , ама одвај чекам да се породам и да видам дали конечно ќе ме мавнат тие хормоните за да им сржам на сите од страна. Мислев и сега во бременост ќе бидам поцврста и полоша, ама не бе, си останав смотана што преќутува.
Опушти се и уживај си. Тек кога ќе се породиме, како ќе дрндаат ехееее... Па кога ќе почнат во наше време вака, онака
Кај мене главен суфлер е свеки. Со мајка се разбирам ама оваа претерува. Уште се осмели да ми каже доста сум порачувала за бебе работи и сум фрла пари. Сум имала премногу ќе му донеле и другите. Прва работа не чекам од никој, за мои пари за мое дете ќе си купам што сакам ич да не ми се меша. Прво ми е , мерак ми е пари се печалат. Дека лежам цело време само ми искача нешто по страните и си порачувам.. Сакам и да е убаво и да е квалитетно. Она купила 3,4 комплетчиња од по 200 денари квалитет картон па уште ќе ми кажува јас што да купувам и што не.
Ма не знаеш колку ги имам, среќа во несреќа што сум на патолошка, па барем оние теткине на работа не ми кажуваат по колку грама треба да јадам на ден и колку воздух да дишам. Си ја прашав матичната за фризер, забар нели кога што смее не смее, она вика терај си слободно. Отидов си се ишатирав, кога ме видоа аууу, па со кој ум, тоа се хемикалии си дишела таму, штетат. Е добро викам, девојчињава што работат фризерки и се бремени, што прават 9 месеци, да не ги ослобидил некој од работа? А за цените морам пак да искоментирам, нездрави се скроз, мислам буквално искористија криза и профитираат како лудаци, а нема кај нас инспекции да ги провери што прават. Толку години чекав да забременам и си фантазирав како ќе средам соба, какви дотеранции ќе правам, а ова сега испадна да се надеваме дека ќе имаме за пелени и млекце. Ама да сме живи и здрави, ваљда ќе им дојде крај на глупостиве.
Дали сте користеле Џонсон масло Бед Тајм за масажа? Го земав чисто да го имам...ми го препорачаа во аптека ама сега гледам низ групите нешто не се задоволни.. Иначе јас бодиња и шпихозни изнакупив од Синсај..некои на попуст ги земав ,некои по редовна цена..да ви кажам ептен сум задоволна..ги исправ ги натокмив гајле немаат. Реално ,си викам јас не сум салам , ама не ми се даваат бе по 1300 ,1400 денари за шпихозни што ке ги нарасне за 3 пати. Мајка имаше купено 1300 денари шпихозни од 0-3 ке ја убиев
И јас имам и мали гради и мали брадавици па проблем со доење немав. Мали фати буквално на прво местење и повеќе од година успешно доев. Еднаш зараси рагади се обидов и со силиконски и ги фрлив. Нит јас знаев да наместам, нит бебе да повлече. Прслук за во болница . Ниту пак за дома носев
За Џонсон имаше некоја афера, колку е точна не знам, јас големото сум го бањала со него, за бебе некако многу ми е миризливо. Јас земав сега нели Виолета, ама прво бато ќе го пробаме па после на бебе, некако ми е многу да експериментирам за бебе толку мало, Бејбилав си е проверена работа, органско, го провери золва ми на една апликација за хемикалии, излезе дека е 1/20, што е одлично, идеално за бебе и ќе го користам тоа додека може. Башка ефтино и лесно достапно. Прслук не планирам да купувам, мислев ама се предомислив. А најдов во Порта Влае едни ефтини италијански, ама не зимам. Имам 2 чист памук, демек спортски ама не се спортски и нив ги фурам и сега и кога ќе родам, од Интимисими ги земав за 400ден.