Буквално исто како jас да се читам... Страшни се, жими се, а тебе како те читам низ темите, ти се восхитувам, богатство си имаш покрај себе
Исто, пред да останам трудна на глава ни се качија, дури и напорно беше, секое одење кај нив прашуваа дали има нешто ново, дури мм се изнервира еднаш им се раздра. Притисоци по телефон невидени, свекор ми сакал внуци да гледа, пензионер бил со слободно време, еднаш дури ни рече направете го вие па јас ќе го гледам Кога останав трудна мм беше највозбуден да им соопшти дома баш заради ова, вика леле ќе се радуваат многу. Луѓе одиме да им соопштиме, јас снимам дури, очекувам некоја реакција вауу. Кога им кажавме рекоја само епа ајде честито и толку. Ни стана некој да не гушне, нишо. Свекор ми си продолжи да си игра на телефон игриците, свекрва ми да пие кафе и толку. Мислам дека мм многу се разочара. Еве и сега, се јавуваат два пати неделно ( пошо не сме во Мк ), абе еднаш не прашале како сум, само со мм комуницираат, за мене никој нишо не прашува. Дали купивме нешо, дали сме биле на преглед, апсолутно нишо. Од една страна си викам поарно, од друга знам дека на глава ќе ми се качат кога ќе дојде бебе. Моиве секој ден ме прашуваат како сум, дури на мајка ми и велам досадна си, секој ден по три пати ме прашуваш како се осеќам. Бев на службено патување пред една недела, жената секој ден ми ѕвонеше, дали ми било напорно, да сум одмарала. А општо кога и да ми ѕвонат прашуваат и за мм како е, никогаш не го изоставиле. Ама тоа е ајде, да сме живи здрави.
Мислев единствена сум ама за жал очигледно кај повеќето е исто. И јас чекам син и дај Боже да ми се роди жив и здрав, ќе дадам се од себе да останам присебна кога ќе дојде ред да бидам свекрва. Не можам да си објаснам што им е. Некни разговараат со една роднина и се јавија снаа да и честитаат и женава вика кај нас и друго има ново, ќерката е бремена. Овие ни а ни б за мене човече, ништо не кажаа. А ги замоливме само првите три месеци да не кажуваат. Не знам што им е стварно. За себе не се нервирам толку, ама стварно ми е криво за маж ми. Ги гледа моите како секој ден ме прашуваат како сум, прашуваат за прегледи, овие ништо. Ама нека, јас така викам, кој како ќе посее - така ќе жнее. Ќе дојде ден они да зависат од нас па ќе ги видам тогаш. Знам дека ќе има паметување за бебето ама има да ги сечам во корен и ич не ми е гајле. До сега толерирав за мир во куќа, ама нема веќе.
Ве читам за свекрвите. Јас свекрва немам ама имам стрини и тетки кои верувајте се бетер. Еднаш кога спомнав како ми е мачно и се пожалив добив коментар дека "порано трудните се пораѓале работејќи на нива а нас се ни е тешко " и што сакаш повеке....Додуша спомнаа дека кај нив на село и ден денес трудните работеле.... Имам срека па не ме замараат да ми се јавуваат. Свекор ми не се замара. Мајка ми само ке дојде да помогне коа ке родам и толку Али па мајка ми е стварно кул не дека е моја.
Имам и јас таква еднаш не ме има прашано како сум како е бебето а за јатрва ми само таму киснеше по цел ден се и правеше а јас ако цела недела спремав јадење за мажот и кога беше таа Германија ама ако ќе и падни газот веќе се навикнав не ми ни честита кога останав а знај со какви маки сум ама гледа господ затоа и ти уживај и не и молчи акинај ја со зборови
Во странство искрено не ни знаат што е широк повој. Нити ми спомнале, нити планирав да и ставам. Во Мк имаат пракса посебно на женските да им ставаат, да ги повиваат цели, да им стават ракавици и да ги претрупуваат со алишта, сето тоа странство е едно големо не.
Zdravo 32+6 sum denes gi zemav rezultatite od krvna slika i mokraca no ispadna deka imam bakterii.. Mi dade maticnata upat za urinokultura, prasanjeto mi e dali e stetno za bebeto ili za dzabepanicam , do sega ne sum imala nikakov problem . Fala vii
Не само на женски, истото и на машки им го прават тука. Колку само им ставаат ракавици, капа, чорапи, боди со долги, шпикозни со ногавици и широк повој на тоа. А дома топло Ама кивнало, му студи. Или икало.
Ке ти даде терапија,ке се среди. Кај мене излегоа на обична урина бактерии кои на уринокултура не се покажаа па ми дадоа антибиотик.
Баш хаха, моево нема хулахопка ставено на него од кога е родено, а е јануар родено или покриено за спиење. Па му излегло на детето вруќаници, се испорило, плаче од жешко, да знае да зборува ќе ги отера у три лепе
4.8 шеќер за бременост бааги ли е? Обично максимум до кај 4.5 ми одеше ама овој сирупот Дуфалак шеќери е полн, како смола е, може од него малку да скокнал?
Девојки се мислам дали еден ранец да спакувам или мал куфер..стварно незнам....а реално и ранецот не е мал баш....
Спакувај во тоа што мислиш дека тебе ќе ти е позгодно. Ако мислиш дека тоа е ранец, спреми го него, секако ако се премислиш можеш после само да ги префрлиш работите во куферче.
Од она што јас го купив пред месец дена -оградици со јорганче и две кебенца,едно поголемо едно помало. -такво едно за постилање ко малечко јорганче,може да се стави да си лежи на него а може и за во количка. -три моч пелени за преслакање две помали една поголема. -20 тетра пелени -бодиња на кратки и долги -шпихозни -скафандерче -чорапи , капчиња и ракавици -четка за коса -ножички за нокти -Хип 2 во 1 шампон и купка -Џонсон масло за масажа -Павловичева за пеленска регија -физиолошки раствор -Бекутан детергент течен -две шишиња -цуцли -чистач за шишиња и цуцли И горе доле тоа.
Ако мислиш за во болница, потребно ти е само пелени, влажни и крема за газе, пред да си одите дома нешто за облакам. Е за дома ќе ти требаат, бодиња, шпихозни, комплетчиња, средство за бањање, нешто за мачкање доколку е потребно, крема за лиценце исто доколку е потребно, коритце за бањање, креветче, количка, релаксатор по потреба, ќебенце, бањарка, чорапчиња, постелнина, вреќичка за спиење... тоа се отприлика основните работи. По потреба може да ти треба шишенце, ад и цуцла, капки за грчеви, д3 капки...
Еве ја мојата листа -постелнина -вреќичка за спиење -покривки (подебели и потенки) -тетра пелени -бодиња со кратки -шпихозни -тренерчиња -цуцли -шишиња -козметика Мустела (2во1 купка и шампон, млеко за тело и крема за пеленска регија) -мрежичка за во кадичката -Веледа масло за грчеви -Шумиш -крпи за бањање -влажни марамици -лигавчиња -капче и ракавички (не планирам да ставам ракавици ама ајде ми запнаа да сум имала) -чорапчиња -чевлички (да не излегуваме само по чорапи од болница) -термофорче -банеоцин прашок и гази -пелени -чешел и четка -турпија за нокти (нарачав и чекам да стигне) -Персил сензитив гел за перење -стерилизатор -рачна пумпа за молзење -фрош детергент за цуцли и шишиња Ми фалат уште некои ситници ама мислам дека тоа е тоа генерално, плус секако на листата се додаваат големите работи: количка, креветче, релаксатор, кадичка, транспортер итн