Ја си мислам деновиве ако ме фатат болки или ако пукне водењак а сум сама дома ? Да викам брза помош? Да викам такси ? Маж ми ако има работа да не го слушне телефонот
Маж ми е на терен 37-38 а најверојатно и 39та недела. Само викендите ќе биде дома. И јас сум со истите стравови, тука не ни има такси, само посебни служби однапред да договориш термин. Ќе треба брза помош а докторов не знам Оти ми рече дека не носела брзата помош за пораѓај бидејќи можело да биде лажна тревога, не можеле они икс пати да идат одат да земаат трудници, да не сум кажувала така Оти по најново може да не дојдат. Од помислата што ќе правам ме фрска глава.
Незнам стварно, некој пријател комшија имаш ли во близина ? Јас и на таа опција помислив ама живеам година дена во населбата па не сум баш блиска со комшии да им барам баш таква услуга ... Ма да таа идеа ми ја даде комшивка баш беше на кафе рече не се секирај као ќе има некој не е срамота за таква работа да побараш помош.. ама пак некако глупо ми е...
Пред месец доселени, немам никој. Свекор и свекрва живеат на пола час оддалеченост. Додека ги разбудам, дојдат, па уште пола час до болница…страв ми е четврта бременост бебе да не испадне веќе
Да се надеваме бебињата ќе бидат умни. Ќе знаат кога да искачаат. Или кај мене да не искача пошто изгледа ќе бидам со договорен царски. Ама дека сум со ризик за предвремен пораѓај од 5ти месец па сега ми фуфка. Ама барем од денеска официјално пуна 36та недела. По 3 ипол месеци лежење можам да се пофалам. Успеавме !
Дани знам дека ти е може лош советот, ама да ја прибереш свекрва ти преку недела кај тебе? Нели она вози.
Кај што живеам јас правило е да се викне брза помош. Види, многу различно е странство од Мк, пример тука кај мене мора да се легне и да се викне брза помош, не смее да се тушира.. се додека не види доктор дали е се ок. Во Мк, шетаат, чекаат дома долго време, па после одат на болница, што е правилно не знам. Ако си сама, јас би да си викниш брза помош, кажиш што се деси, имаш болки, сама си. Одлучи си како сакаш ти, а ако имаш кој да те однесе може и така. Битно оди што побргу. Никогаш не се знае дали плодовата вода е чиста или матна, подобро е да си наболница одколку дома.
Маж рече за свекор, ама им тежок табиет ми е. Како што ќе бидам очајна, накај свекрва и мене паметот ми отиде.
Ти Германија си? И јас сум а гинекологот ми рече ако кажам дека пукнал водењак и имам породилни болки може да не дојдат. Дека брзата помош не е надлежна на пораѓај да ме носи.
Јас сум ск. Незнам како е тука. Би викнала такси ама си мислам ако тече водењак лом ќе му ја направам колата Плус си мислам болки не болки, или пукнст водењак, мора туш да мавнам претходно, таква ли да одам на пораѓај?.. Милион мисли и прашања во главата. Ама ваљда во тој момент нема така да размислувам и ќе реагирам брзо. Нема да мислам дали сум туширана дента или не
Од улошките за после пораѓај на гаќи и од подлогите за преслека на бебе под газот во кола. Инаку кај сите три кај мене дома пукнуваше водењак, голема количина топличка вода, како помала кофичка, и толку беше. По пат не течеше. Јас за со сите три имав доволно време за туш, не дека мора, како ќе ти дојде во моментот.
Истиот муабет го правев со маж ми, дека ако се погоди викенд он свири, и ми вика што ќе правиш, му викам ја викам мама да ги чува децата и одам со такси не се замарам, да викам комшии или друг некој не ми се вика незнам како ќе се погоди кои време и дали некој е зафатен
Дали зголемен вагинален исцедок е нормално на крај од бременост? Сега сум 38 недела и нонстоп имам. Дали сте користеле вагиналети од кантарион на природна база за омекнување на грлото за пораѓај?
Јас од ембрио трансфер до сега не користев ништо (неколку недели). Со ивф сум и на ден на трансфер докторот ми кажа да отидам беш шминка и парфем и некако не знам зошто продолжив така (освен нормално стикче што не може да се избегне). Инаку мислам дека нема врска, се додека е некоја нормална козметика не мислам дека пудра или кармин може да наштети. Инаку јас сепак купив dr. Hauschka, природна козметика е и за време на ивф процесот ја користев и еве денес пак после подолго време ставив. Инаку овие неколки недели прекинав секаква козметика за нега - а користев многу, знам дека нема потреба ама едноставно така ми беше полесно на душата Од друга страна па приметив дека лицето ми е чисто и сјајно баш како после третман, мислам дека е поради прогестеронот. Како и да е, не треба да се оптоваруваме многу со ова, ако ти е полесно земи си и ти некоја природна козметика - Hauschka се сосема ок.
Не, Австрија сум и тука мора да се викни брза помош, си има посебен број кај што се звони за пораѓај и праќаат брза помош, знаат во која болница имаш резервирано за пораѓај и те носат. Тоа е затоа што викаат да ме се мрда додека не се провери состојбата.
Ете гледаш на тој дел не ми текнало да размислам И со царски ти даваат клизма или чепче да се исчистиш нели?
Мене чепче ми дадоа пред царски. Одма ми проработа, дури си мислев дека треба повеќе време да помине и дека уште не е готово.
Не може дома да се испразниш? Овој дел многу го мислам Ич не можам да одам во тоалет на друго место освен дома, може смешно е ама ете, така ми е