Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Топ поминав. Уште 5 би така:D.
    Толку бев исповозбудена, немав никаква ориентација за време. Мене анестезиологот ме муабетеше и следеше, се чувствував сигурно.
     
    На mal.ecka, Sienna_MK, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Кога ќе стигнеш таму, ќе сакаш само да заврши сè и што побрзо да го чуеш бебенцето како плаче и да го видиш.
    Ниту ќе ти е гајле дали си се средила како што треба, ниту дали не си дома, ниту што ќе биде после. Живееш за тој момент и ништо друго нема да ти е важно.
    Ќе видиш, ќе осетиш што сега ти зборувам. Па кога ќе се соземеш малку од емоции, ќе сакаш што побрзо да му кажеш на цел свет дека си станала мајка и дека си го имаш сега светот во раце.

    Ај се изнаплакав додека пишував, си го преживеав пак моментот :inlove:
     
    На spasovskam, Zorajde, Bella_Stella и 7 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Iris-1234 @Misskirova мене двата пораѓаи со царски ми беа по пола саат. За подготовка е различно во секоја болница, јас бев во Плодност, таму примаат ден пред царски, вечерта се прави цтг, сабајлето рано прават микро клизма и ставаат инфузии, фамосан и реглан и антибиотик. Во 8 и пол ме земаа за во сала, во 8 и 52 е родена малата. Прво ја ставаат спиналната и за брзо не се осеќа ништо надолу. Цело време се следи притисок и пулс, мене ми даваа цело време терапија за тахикардија, не оставаат така ако нешто не е во ред со притисокот или пулсот. Ставаат завеса кај стомакот да не се гледа и после мене ми го ставија одма на гради бебето и првиот пат и сега. После носат одма во интензивна и јас од прилика по 2 саати почнав да ги мрдам нозете. И таму следат се. Вечерта кон 21 часот прв пат ме станаа малку, па од нареден ден вадат катетар и веќе морав сама да станувам.
    Вода пиев во интензивна јас ми даваа по голтка, а и инфузии течат цело време со лекарства за болки.
    Не е ништо страшно, брзо е опоравувањето.
    Со лесно да ви е, се ќе е во ред.
     
    На mal.ecka, Leanne, Bella_Stella и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ме стопииии:l::l::l::l::l:

    Сега од што ми е страв од интервенцијата никако не мислам на најубавиот момент и на бебуш ама едвај чекам тоа да се смени(fingers)
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам Девојко.
    Ептен е опуштање вака коа ке ти каже некој....:inlove:
     
    На mal.ecka и kristina.k им се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу:l: Јас сум голем паничар и пулсот наеднаш ми скока, па тоа дополнително го мислам ама супер штом даваат терапија:)
     
    На Misskirova и kristina.k им се допаѓа ова.
  7. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    - в соба чепче и канила, разговор со анестезиолог
    - те носат в сала, гола си, само онакво чаршавче
    - прскаат спреј па боцкаат спинална, и легниваш
    - анестезиолог и сестри ти зборат нешто сосем 3то
    - со мраз те чепкаат за дали осеќаш
    - сечат, вадат бебе :D
    - бациваш бебе, го носат, тебе те шијат
    - мене ми се качи притисокот, ме заспаа да довршат
    - се бидиш на интензивна, 2часа може там беа
    - вода не даваат тогаш, после во соба да, вода сок бистар и чај
    - од интензивна се префрлаш сам на кревет за во соба и те носат во соба
    - во шок си и спиеш, ги мразиш сите окол :D маж ти најмнг, мазиш мирисаш бебе, плачеш
    - втор ден: станиваш, одиш ко стара баба, се придрживаш, и оброк прв, ако си лаком газ ко мене, со катетер на тебе ќе трчаш во вц, бидејќи те фатило пролив од благото што ти го донел маж :D ама ти викаат одлично, цревата работат :D бебе е до тебе, твое е, вистина е ова, плачеш
    - трет ден: шпарташ подиправено од вчера, те носат надвор на цигара :D јадеш ко чоек, пиеш кафе, пак плачеш за нешто
    - ден 4: потпишиваш за бегање од болница и си одиш
    не плачеш веќе во болница ами дома :drunk:

    Изволте мешковци :D
     
    На spasovskam, Leanne, Slonce91 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Дома рикаш :)))))..се шалам
     
    На mucka3 и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.425
    Допаѓања:
    8.601
    Пол:
    Женски
    Оли што се оди во пакетот породување во Ремедика и за мене и бебето?
     
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Носењето надвор на цигара и кафе ми се бендиса највеке :lol::lol::lol::lol::lol:
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    На глас си се насмеав :rofl:
    Баш фино доловен секој момент :D
    Се пронајдов во делот со плачењето,гарант ќе сум иста :|:D
     
    На Sienna_MK и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.700
    Вие што сте бремени а веќе имате дете/деца. Ги кревате ли во раце?
    Јас сум на почеток,тек утре почнувам 6та недела и мм само вика по мене ако го земам во раце 3годишното синче.
    А има моменти кога е неопходно,на пр кога бевме на лекар пред некој ден,со тт беше не сакаше ни да оди,ни баба му да го носи....и морав во раце
    Малку паничи мм после скратениот цервикс во минатата бременост..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Женски
    Јас не го кревам моето. Уште на прв преглед ми рече матичниот без кревање тешко,а после во 7ма недела и прокрварев па тогаш ми рече да не си помислила да креваш нешто.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @oblace1 Утре ќе го најдам листот што ми го дадоа при испис, па ќе ти пишам.

    @Sofi.ja Јас ич не го кревам од трансфер наваму, 9+4 сум.
    Додуша не е дете што бара во раце, дури се буни ако го креваш.
    Особено бидејќи прокрвавев, уште помалку смеам.
    Ако нешто треба, мм го крева.
     
    На oblace1 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  15. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Јас ја кревам
    Малечка ми е и она, 3год, не може сама да се качи в када, да излезе, до тоалет исто, немам нонстоп некој да ја крене, сами сме повеќето време
    Болна беше исто... се кај мене, ми е жал и за неа, а со конизација см јас...
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Девојки не се паничете од царскиот. Возбуда левел 100000000 и исчекување на бебе ќе ви ги прикрие сите стравови. Јас може и не сум репер за постапка ама чисто информативно.
    Во 18:00 часот закажано прво цтг (36+5). Бебо изваден во 21:24 минути, ова со одење дома, пука водењак, се враќам во болница, ми прават итен прием и подготовка и директ во сала.
    Само озбилно јас не се сеќавам ни на клизма ни чепче. 90% сум сигурна дека не ми ставаа, 10% постои можност да ми се избришало од меморија:rofl:.
    Во 23:00 веќе ме префрлија од интензивна во соба со целосно вратено чувство во нозе. Сабајлето во 12 м извадија клизма и почнаа да ме стануваат. На 5ти ден дома, како да не сум вила под нож, функционирав нај нормално.
    Не се плашете. Не викам дека кај сите е лесно како јас што поминав, ама кога ќе го помирисате тоа мало суштество се се заборава.

    @Sofi.ja јас не сум го кренала од трансфер наваму. Ако има потреба да го изгушкам, само седната во скут ми го подавале. Ама и јас како Оли имав крварење и постелката ми беше до скоро ниско, па препорака цело време ми е без кревање и без односи. На моменти ми е жал, ама за среќа разбран е баткото.
     
    На Sienna_MK, Nala37, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. hope123

    hope123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ве молам за искуство тие што сте на режим стого лежење, јас сум од пред една недела поради скратен цервикс, сега сум 29+2 со близнаци - дали може во текот на денот да се подигнувам во полуседечка положба ( освен за јадење) бидејќи ме утепаа киселини и колковите од тежината
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.223
    Допаѓања:
    111.466
    Пол:
    Женски
    Ами 5 дена ли ќе трпиш? Мора да одиш, сакала или не, во некои болници ни храна не даваат ако не си отишла у вц. Пример у Санте.
    Ама зошто мислиш толку, не си на пазар, у болница си, а кога си у болница они знаат што треба и како треба. Еве јас да ти кажам како беше. Во 2 се разбудив со пукнат водењак веќе, почнал процес, во 4 бев во болница. До 12 не се отворив ни 1 прст, докторката предложи царски и прифатив, немав ни време да мислам ама ич не ми беше важно само сакав бебе да излезе што поскоро. Во 12ипол ме спремија, во 1.20 се роди бебе, толку имаше време. И тоа бев со целосна, немав време ни да размислам. Цело време си на монитор, имаш куп луѓе околу тебе, доктори, сестри, специјалисти... Бебе мора да излезе, размислувај дека и за тебе и за него е подобро да се роди царски отколку природно, зошто да се мачи, подобро да излезе на безбедно. Јас во 9 станав, не ми помогнаа, рекоа морам сама, и станав. Следниот ден се избањав, се средив, се спастрив и почнаа посетите. Сега ако се е во ред би сакала да си дојдам дома на 3 ден, не би сакала да седам 5 дена, ама ако морам ќе седам. Јас не ни мислам на тоа како ќе биде, ќе биде како треба, секако не знам ништо за целиот процес зошто сум архитект, не доктор, па подобро да им оставам на нив да ме водат отколку да се замарам, мое е само да го родам, а како ќе биде они ќе речат.
     
    На Iris-1234, Misskirova, Lavica2602 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    1.024
    Мене најјак муабет од свекрва ми ми е кога кажува како постариот син баба му(нејзина свекрва) го повивала цел за спиење да не мрда буквално, да не се штрека или не знам што а кога станувал на чело имал росичка:sweat::rofl::rofl: а детево сигурно препотено е било :rofl:
     
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    12.281
    Пол:
    Женски
    ;(
    Жал ме фати. Да замислиш, кутро бебе како му било с'клет во него.
    Добро бе, сите со ист ум биле порано? Немало некој попаметен очи да им отвори?
     
    На 0ли и Starchild им се допаѓа ова.