Знам истите баби насекаде ги имаме. Ама бар сега имаме форуми, групи, телевизија, можеме насекаде да пратиме и да прашаме, и да се спротивставиме на притисоци. Ама порано како сите под ист калап, ми се чини како сите да ги стегале во таков повој, каша од брашно им давале, им баеле, ги успивале со којзнае какви врагови, грав на 5 месеци курето да не падне итн итн. И во сите еден барем да имало мудар да резонира поинаку. Ваљда имало такви ендемци.
Аман И тоа штрекањето не треба да се потиснува, моро рефлекс мислам дека се викаше. Сосема е нормално да го има бебето, се губи од прилика до кај 6 месеци. Ама којзнае порано на какви баења не ги носеле бебињата за ова, а не би ме чудело и уште во некои средини да е нешто невообичаено.
Порано ги носеле??? Душо, братучека ми од крштевка на бајачка го однесе. 27 годишна е. Со пепел на чело да не фаќа уроци. Со јајце да и падне пред пораѓај за лесно да се породела…итн Комшиката ми е бебиситеркаи жал ми е за бебињата. После бањање ги повивала како фишек и млекце и спиеле без да се будат…21 век сме, 2022 год.
@Misskirova Прво ти ставаат инфузии срц ... После тоа катетер (не боли ич ) После со катетерот под мишка во операциона си седнуваш таму, анестезиологот ќе те намести убаво и ќе те боцне (боли колку и инекција) И после тоа не боли ништо. За притисок висок низок паничен напад и сл над глава ти стои анестезиолог кој цело време ќе ти одвлекува внимание со муабет и ќе прати и притисок и се и нема шанса нешто да се случи и ќе ти каже коа да си спремна дека ќе го вадат бебуш ... И останатото е историја Сакам да кажам дека многу страшно изгледа а не е до толку. Коа ќе пушти анестезијата маааааалце е зезнато и боли оти ставаат во инфузијата онакво за стегање на матката да не крвари премногу и да се собере И станувањето е малце зезнато Сакам да кажам дека ќе си го запознаете бебуш и ич дудна нема да ви чуе шо ве боли
Којзнае веќе.И ден денес го слушам тоа за повивање ради штрекање коа мрдало,па бајачки за буквално се.Тоа грчеви има дур му проработи систем за варење дур се навикне па голтало воздух, таа ти вика а урочено е на бајачка да го носите,клинови имало со стапчиња да му баеле, што се тоа клинови побогу какви стапчиња.До 40 дена да го бањала свекрвата не мајката,ја молим ти се таа да не ми го носела или раѓала.Еее па ние порано сме им давале да јадат од 3-4 месеци кај сме имале млека и пари,брашно и вода што викаш,грав.Абе 21 век сме побогу,па јас нема да јадам и пијам ако немам млеко да го дојам ама на него ќе му купам.
За бањањето. Мојата свекрва се налути што не дозволив да ми го бања бебето Се затрчала кога дојдов од болница, адети ќе ми тера. Нека си раѓа, па нека бања.
Комшивка моја снемала млеко дека шетала навечер и некоја баба ја урочила. Па маж и морал да краде вода од 3 куќи за да и се врати млекото И и се вратило ! Втф?
Ау даааа.И тоа ми го кажа.До 40 дена да не сум излагала навечер ни у двор,ќе сум снемала млеко,и реков само како да не бабини деветини дур пушев цигара навечер на тераса надвор.Се налути и се вивна внатре
Феминки, имам болка речиси една недела под левата града и на кај слабината поинтензивно. Дали на некоја од вас ова ви се случува?
И јас ја кревав дури бев бремена ..помала беше мојата кога останав бремена, 15 месеци само, да не речам уште бебе ми беше. до крај на бременоста ја кревав.
Под градата како да те удрил некој? Како воспален мускул? Јас имав и во првата и оваа бременост. Нормално е. Претходната бременост нозете му беа скроз исправени и таму удираше. Сега незнам во која позиција е, ама болката е тука, повеќе лево, помалку десно. Еве овие денови прави некои салта и качен е високо и одма болаката се интензивираше.
До 40 дена се чуваат пелените. Алишта собирањњ прес да се стемни. На повојница се иде додека има сонце, да не ги фати темно гостите пред да влезат кај бебето. Бабата обавезно иде на повојница. И ако мајката има добиено, несмее да иде на крштевка кај сопствено дете( братучеката ми неотиде).
Фала ти...Баш како да ме удира некој и тоа уште повеќе боли ако се движам малку..ужас..помислив да не се и бубрезите..На дишење и издишување ми е најтешко...
Абе ако си имаш нерви само да си слушаш глупости.Се они знаат ние ништо не сме знаеле,прифаќале они више ги израснале децата па што им фалело.Абе бркај си работа да кажеш нешто нормално,совет да прифатам фала богу.Они како ги изгледале ги изгледале остај јас да си најдам начин нормален јас како сакам да си го гледам ,па нека бидам немајка.Неможе да се наметнува така све и свашта 300 глупости,осет немаат
Леле да и овие муабети ми ги има кажано,освен за крштевка,сум ги заборавила пред 4 години беше Којзнае уште на што се не ми текнува