Оф иста сум веке неколку месеци. Не се секирај. Мене откако ми дадоа терапија за желудникот и почнав да јадам ко човек и бебе наеднаш качи килажа, незнам дали е до моето јадење ама ете кај мене така е случај. Заедно недела од 2300 дојде на 2700 . Ама како и да е не се секирај,иста сум и јас
Не да сум за ќотек, ептен, вака исто и со баткото се зезнав. Има да одмарам неделава, ветувам. Алиштата се испрани пола, другата половина следна недела и ајт на здравје. Не смеам да се форсирам, тоа е. Ви ветувам и тебе и на Дани доста беше, ќе одмарам сега. Не е дека којзнае колку работа завршив, ама пак, тешкичко ми е. Ама за смукалка, џогер и алишта се вика ли жена, греота е. Сега и јас на маж се жалев, доста е викам, прибирај се дома, батали планините да се средиме да не изненади и овој батко порано. Ние ќе да сме од ист крај, и кај нас се чоколадни, јас сум директ од кај јапонските. Може се многу ама ептен ми помагаат во контрола на апетитот, башка се од тие ситните сплескани, Џиро, па се тешам, ко 2 големи. И калинка јадев сега, дека синко ми ги изеде јуфките, останав јас гладна. Ама многу му дојде благичко, еве го претка.
Не мора да значи дека е од тоа. Бебињата нагло растат во последните недели, а и не значи дека секогаш се измерени точно. Како и да е супер што можеш да јадеш, една мака помалку.
Да да и јас сум од југот, не баш од кај јапонските, ама тука негде. Преубави се, особено чоколадните, можам мислам 3-4 од шала да изедам ама се контролирам некако ај.
Се надевам и мојата манекенка пораснала. Одвај чекам утре на преглед да видам што ќе ми кажат.. Те читам дека и ти се изнамчи со желудник цела бременост... Ниту еднаш не седнав да се најдам "ко трудна жена" што се вели. Што и да каснам у грло ми останува, или ако го голтнам одма се враќа назад. А плус брз метаболизам имам цел живот... Коски и кожа сум...Се радував демек у бременост ќе се поправам , ништо од муабетот...
И мене во првата бременост малиот ми беше цело време две недели поназад. Тоа е нормална отстапка +/-2 недели. Не си прави за џабе стрес. Се додека не заостанува се повеќе на секоја наредна контрола, не се секирај. Папочна кила. Мене баш над папокот ми е пуштено, се забележува како поолабавен е мускулот и малку како испаканто. Кога ќе се стегне стомакот или се прејадам се интензивира, а вака на допир е поосетливо. Баш затоа и те караме. Си ја знаеш историјата, имаш и сега индикации и пак си играш. Те молам стварно олабави, бар уште 3-4 недели, па после ако имаш сила удри се на чистење. Добро само јас ли не можам да ги погледан мјапонските, а камо ли да каснам. Порано имав еден дечко со потекло од тие краишта и татко му кога ќе донесеше ме товареше со калинки и јапонски, ама јас , особено оние обичните што треба да ги чекаш како желе да станат. Да се пофалам се избањав и малку се опуштив. И пеглата ја истерав и сега со нозе кренати уживам и јадам крекери уште киселиниве да ги потсредам. А мм правеше крем супа од тиква, ама ми е страв да каснам сега. Ќе си ја мислам до утре , што е сигурно сигурно.
Jas ja izedov bez mislenje, i jas imav krem supa od tikva. Ve citam so kiselini ste site, jas nemam skoro ic (epten retko) se nadevam deka taka i ke ostane do kraj.
Еве ме и мене пак со жалење. Од прва бременост без потешкотии, полна енергија и без болки се до 8-9 месец, овааа бременост ќе ми наплати и за двете. Киселините шо ги имам, ги имам амаа препониве луѓе овие два дена ми се делат на две страни, легната сум во кревет, ме тресе, лице ми гори, температура немам. Ако стојам на нозе, ме боли многу, ако пам лежам/седам и станам, мислам ќе се распарчам. 15 недела влегувам утре, значи препрано е болки во препони, шо знам.. ете така имав кога веќе бев пред пораѓај, кога притискаше, спомнав еднаш на скринингот ама не беше до овој степен, денес е претерано. За стомаков.. според мубети со втора бременост побргу расте и ок ми е тоа ама преку ноќ ми е многу подуен и тоа горе, сабајле си беше таман. Немам проблем со столица, па да речам од тоа ми е.
Женски кај правите уринокултура вие? Кај мене пред месец искочи Клебсиела бактерија и тоа 1 милион во уринокултурата,пиев цефалексин дупла доза ништо пак ја имаше 1 милион,па ми дадоа Панцеф 10дена и пак ја покажува на уринокултурата и тоа пак 1милион,а во истиот ден правев крвна слика со урина,на урината кај бактерии негативен наод си е све си е супер,а на уринокултурава бактеријата искача пак и тоа пак 1милион,сумљиво ми е. Ова во Авицена. Си викам утре да направам во Биотек. Не ми е верно некако ова. Пијам и чај од брусница редовно,и вит Ц од 1000ка,и едни Cysticare. 15+5 сум. Антибиотициве по антибиограм ги пиев.
Биотек, се правам таму. Првата бременост се изнамачив со ешерихија, оваа од старт почнав со ВитЦ 1000ка и брусница навечер, мочам секои пола саат, јадам многу свежа храна и фала богу добра сум.
И јас мочам на пола саат може и почесто некогаш. Навечер по 100пати идам. Никаков симптом немам дека ја имам бактеријава веке после Панцефот. Претходно и урината ми беше матна и покажуваше нитрити во урина,тие покажуваат инфекција и кај бактерии си стоеа плусови. Ова нема шанси да е 1милион и да ми стои кај бактерии негативно а да ја имам на уринокултурава. Ке носам утре во Биотек и ке видиме што ке испадне. Не ми се пие антибиотик пак за џабе,ако се работи за грешка некоја.
Истерана свадба до утрово, денес цел ден ручеци, чистење низ дома и сега веќе со болки во грб и нозе. За неколку дена стартувам со 7ми месец и изгледа веќе е време да одмарам повеќе. Магнезиум за денес не ми помогна многу. Дали парацетамол би помогнал за болките во грб и нозе? Немам навика да пијам ама изгледа ќе морам вечерва доколку од лежење не ми поминат за некое време.
Утро мешиња! Се сместив синоќа во спална, на мојот убав мек и топол душек, си заспав слатко гушната со чиста миризлива перница и таман да потонам во сон се осеќам крчкам, се свртев, ај викам нема да хрчам ваљда вака... иде маж, легнува и тој, завлекуваме, осеќам ме љуља, хрчиш! Сцена два, се превртувам пак, ставам перница бр.3 и пак заспивам, се будам и го гледам маж со ќебе, перница и иде накај дневна, Седи, седи, јас ќе одам, не си ти крив... и така пак си спиев во дневнааааа. Ми се плаче за мојот убав мек кревет, ама стварно не е крив маж да ме трпи со хрчењево. Планот е кога ќе се породам да спиеме јас и синче во спална со бебе а он во детска, пошто бебе ќе се роди во најтешкиот негов период од работата, а баткото ни е цврст на сон па нема да се буди ако плаче бебе и ќе се снајдеме некако, ама ќе видиме, плановите не се секогаш остварливи нели. Инаку правам пресметки да се вратам на работа кога, како што и најверојатно тоа ќе биде во понеделник, ќе најавам од денес, па ќе останам на работа уште 3 или 4 недели и ќе отворам породилно после. Размислував, планирав, калкулирав, никако не ми искачаше планот и затоа ќе си поодам малку на работа, секако не ми е работата физичка, ќе си одам порано малку, ќе се изгураат некако 4 недели и после натенане ќе го чекаме Бејби, ако не дојде во меѓувреме, како што рековме погоре, плановите се покажа и докажа дека не се секогаш остварливи. Денес планот е да се земе упат за брисеви, а утре сабајле да се оди да се направат, имам покачени леукоцити, докторката се сомнева на бактерија во грло или нос, јас не би да правам ништо ама ајде она е запната да направам. Па ем ќе прошетам малку ем ќе си ја тргнам од мисла таа работа и ќе можам да се олабавам. Мада си мислам и да имам бактерија, па зар ќе пијам сега антибиотик на бактерија без симптоми... Трудна работа, триста мисли во главата. Убав ден мешиња, сонцево ветува надвор, ќе ги изнесам алиштата ба Бејби да се испечат малку па ќе собирам како се сушат по ред.
Ај добро утро. Ја отвараме 37ма . Се глеа крајот ама и тешкото. Грб ме искина од болки. Утре одам Чаир. Се пие кафе. Па ке се праи генералка деновиве. Не прашувајте. Ништо не ми е спремно. Барем торба да си спремам
Утро мешиња, од сабајле преглед, а сега кафенце се пие Денес 37+6, бебо измерен 3300гр Ми закажаа уште една контрола оваа недела (иако не очекував), па ќе закажеме царски, бебушко е карлично па ќе мора така. Малце паника ме фати, искрена да бидам. Не сум спремна, немам испеглано сè, ми фалат ситници во торбицата за на болница... Од нервоза и паника, цело време чистам низ дома, наместо да се спремам за бебе Уффф, уште малку остана, збунка сум, како во сон да живеам, како да не ми се случува ова мене, страв и среќа во исто време ама само за убаво нека е
Ме боцнаа за гтт на гладно. Ми рекоа да стигне резултатот па дојди. Појдов добар бил шеќерот, испив гликоза и сеа ќе ме боцнат за 2 сати пак. Се на се 2 боцкања. Така ви правеа?
Јас правев со 3 боцкања ко бев трудна, ама за времето дури чекаш резултати не треба да се движиш мора да се седи, во мирување да е телото, инаку не е релевантно испитувањето.