Во Ремедика ми направија трет скининг во 30 недела и ми наплатија како рутинско ехо, кога ја прашав докторката да не е некоја грешка, она ми рече дека третиот скрининг не е како претходните, се мери главчето и стомачето, плодова вода и протоци. Така да може и на тебе ќе ти наплатат помалку за трет.
Немој да се секираш. Во странство е со 2 боцкања. И плус да си јаден, освен благо и нешто многу солено. Ако резултатите се сомнителни те викаат на 3 боцкања. Ова со 3 боцкања и гладна е големо малтретирање за трудници и веќе се избегнува, односно се прави ако има потреба. Така да, не се секирај.
Може да те прашам дали ти спомна за дополнително испитување на срце? Мене ми рекоа сами да си одлучиме иако се е во ред ама запиша во извештајот. Па уште сме на мисла
Премачно е навистина, јас испитував во Плодност и се онесвестив меѓу второ и трето боцкање, постар гинеколог што ме прегледа после ми рече не препорачувал на неговите пациентки веќе такво испитување, туку баш така да се јадени. Големо оптоварување на организмот е.
Честитки мајка, да сте живи и здрави и двајцата Во која недела се породи? Јас сум 36та толку тежиме и ние моментално
И мене многу позитивно ме изненади Димчев и за првиот и за вториот скрининг, посебно зошто ме предупредуваа дека ништо не зборува и не објаснува, а со нас се смееше, зезаше и баш ме опушти. Може ме видел потресена па затоа И мене ми рече 30та недела за трет скрининг, а знам дека има трудници што не го прават. Здравје, се мислам дали да одам во 30та кај докторот што ќе ме пораѓа, па тој да ми направи скрининг ако смета дека треба.
Многу сум неупатена за скриениов шеќер. Кај сите испитуваат или треба да има индикација некоја? Матичната до сега ништо ми нема спомнато.
Не сум компетентна да прашувам тука баш во трудничкиве теми, бидејќи нит сум бремена нит ќе бидам во скоро време чисто ме интересира. Како ги прифативте вашите промени во телото? Зголемување на стомак, гради, можеби акни итн? Се извинувам однапред ако некоја се навреди од моите прашања
И за мене беше тоа испитивање најлошото во цела бременост, сега кога ќе треба пак не знам.. јас два пати правев оти првиот пат беше неуспешен, не можев да додежам, ми се матеше се пред мене и повратив, па наредниот ден пак.. ако беше и тогаш неуспешен и реков на матичната толку од мене, не повторувам. Плус таа сестрата не можеше вена да ми погоди, ме исуши, двете раце ми беа плави и потечени.
Имав периоди кај што плачев.. а немав голем стомак. Имав периоди кај што се гледав како најубава трудница , гледав често да се средувам, маж ми ми беше поддршка, иако до 9ти месец немав една стрија, преку ноќ распукав.. има и за тоа решение, не ми се ни познаваа после тоа, а си ја вратив килажата иско тешко ми беше ама немав после тоа промени на тело, само треба оддржавање доколку си склона на дебелеење. Јас морам да сум цел живот на диети, малу да се опуштам и толку. Ама се на се, накрај бев задоволна. Градите си ми останаа големи и тоа ми смета ама другоо.. ќе видиме со оваа бременост.
Женски здраво, пишав и на друга група, но оваа е поактивна некако, ми треба ваше искуство. Според ден на трансфер денес треба да сум 6+3, бев на ехо, но не видовме срцева акција. Докторот ми вика да појдам пак за 6 дена да видиме пак. Моментално сум flat line, ништо не осеќам, само празнина. Да се надевам?
Па не е баш дека кај сите испитуваат. Од моите другарки само една испитуваше, поради тоа што мајка и има дијабет, па генетски постои склоност. Мене матичната сама ми кажа да направам поради тоа што сум над 35 години и е близначна бременост, иако плодовите се помали од неделата. Како главни индикации им се една од овие: дијабетичар во фамилија, плод со поголем раст за неделата, повеќе плодова бременост, возраст над 35 години или покачен шеќер на гладно. Барем мене така ми кажаа, ако има едно од овие, треба да се испита.
Да се надеваш, за една недела треба да имаш срцева реалција, не е кај дите исто. Ти држиме среќа и те чекаме во оваа тема