Нормално дека ќе се надеваш. И јас бев во шеста недела по трансфер, имаше само две yolc sacs, па ми закажаа преглед за две недели, во осма и тогаш ги слушнавме срценцата.
Не губи надеж може да е покасно мене трет пат ми ја менува датата на последна менструација. Со хормоните и трансферот може да биде покасно. Последна менструација ми беше 8 ми , до пред некој месец 12ти сега 13ти ме води.
Јас искрено имам голема среќа шо природно сум фит, иако вежбам и се одржувам, дури и да не вежбам пак изгледам фит...за понатака се плашам дека би можела многу да се здебелам и да не можам да си ја вратам килажата имам и мали гради кои многу си ги сакам, големи би ми биле проблем и психички и физички... *не сум ни блиску до формирање на семејство but anxiety kicks in* П.с. Лесна бременост и породување
Фала ви многу! Се надевам дека и ние ќе видиме срценце. Како е пишано, така ќе биде. Инаку докторот не ми ги испечати параметрите, сигурно за да не се преоптоварувам да читам, не ни ми кажа премногу… А вака само уште потешко ми е…
Кога ќе се случи бременоста нема да размислуваш на тоа. Ќе сакаш само бебе да ти е живо и здраво а све друго се средува. Ќе си го сакаш и стомакот и градите и акните. Зависи каква ти е градбата. И јас сум слабичка цел живот.Ниту се поправив(само меше) ниту ми пораснаа гради (јас се надевам ќе ми пораснат после пораѓај) Секоја промена е најнормална и нај природна работа на светот.
Штом вежбаш и се одржуваш во форма нема да ти биде проблем да се вратиш назад. Јас во првата бременост се поправив 6-7кг, во втората 4, но таа траеше пократко но не верувам дека ќе сум се поправев повеќе од 6-7кг како и во претходната. Имам мали гради кои се зголемија во текот на бременостите и додека имав млеко, потоа си се вратија во првобитната форма. Што е до мене јас би сакала да останат како во бременоста. За чудо некое немав ни една нова стрија иако сум склона на нив и имам од претходни варирања со килажа, но ете во бременостите не испукав. Во бременоста косата ми растеше како луда и ми се згусна, но по пораѓајот почна да паѓа и сега имам нови антени што растат. Стапалата не ми се зголемија, сеуште можам да носам стари обувки. Најмногу ми сметаше што ми се исфлека лицето како географска карта со мелазма, но еве сега со разни креми почнаа да бледеат флеките. Инаку многу си го сакав трудничкиот стомак, некогаш ми недостасува па дури размислувам и за трето.
Ги прифаќам со голема радост сите промени, градите за прв пат ми се зголемени по мој вкус стомакот исто има интересен заоблен облик, нозете не ми се здебелени ниту отечени а сум 8 месец, само што бременоста ми е лежечка па не можам да си се дотерувам и да си шетам, практично ништо не можам да правам ниту по дома, па ми останува сама да си се гледам и да си се радувам. Само да се живи и здрави родени, дефинитивно како за прва бременост можам да кажам дека е благословена состојбата скроз прифатлива со сите мачнини и тегоби бидејќи малото кога удира од внатре, како се мести и како генерално реагира е уникатна комуникација помеѓу мајката и детето, таа врска е посилна од се’ и нераскинлива понатаму во животот.
Не. Може дека му кажав за Нифти дека правев, не знам. После прегледот во првата бременост си реков веке никад кај овој доктор. Ме имаше искарано за исхрана, да сум јадела салати ми рече и тоа многу тешко ми падна тогаш Ама пусто знам дека е добар дијагностичат, свртев опашот и пак кај него. Овој пат ми рече за исхрана нема што да ти зборам, се гледа дека не јадеш многу . Па си го сватив као комплимент овој пат . Јадам ама по здраво јадам сега. Плус се шегуваше цело време, баш беше расположен. Ми покажа и ноџиња и рачиња, мозок, срце, очи, раце скоро се и рече супер е.
И 200 кила да биднам не ми е гајле, самоо да останам бремена. Шок е на организмот тоа е факт. Плус бебе , хормони и се по ред. Ама желбата ми е многу поголема од тоа како би изгледала. Верувај потешко се здебелува, него да ослабнеш. Од искуство е ова.
Па незнам искрено. Обично даваат со индикација ама мојава матична е таква Ама верувај дека не е здраво. Многу проблеми во бременост настануваат и од пренагло поправање. Шекер,висок притисок,димери,отоци итн.
Ама ти пак сакаш да се караме Нели требаше да мируваш. Имаш дозвола од гинекологот да се вратиш на работа? Честитки мајка. Живи и здрави да сте
Мислам дека во протокол им е влезен, го даваат без индикација. Е сега секако, можеш да одбиеш да го правиш на своја одговорност.
Поизморена од ниедно испитување до сега не сум била. Малтретирање невидено. 5,2ммол/л на гладно, 6,2ммол/л по два часа резултатот. Не е баш ниско, ама бар е во граница. И плус 10тина минути пред второто боцкање повратив, до тука можев да издржам. Се надевам дека остана нешто во мене. Не им кажав. Не сакам да го повторувам. А матичниот можам да го замислам ко ќе му однесам резултати зошто не е со 3 боцкања. А имаше нагласено човекот. Ама јас и тој не можеме да им ја промениме рутината, така си работеле луѓето.
Почнав со поголема тежина и некако се оптоварив потсвесно дека не смеам многу да се поправам, така да внимавав на храна, многу движење итн. Среќа немав мачнини. До кај 6ти месец ми одеше и по план, да ставам 0,5-1 кг месечно. Сега се немам мерено. Во поглед на гради од старт имав средни на кај големи, така да не ми се многу зголемени плус, макар што болките и осетливоста ми сметаат. Стомак - до после 4ти месец не ми се познаваше. Од кај 6ти ми е поголем. Не знам дали не се бендисувам со голем стомак или тоа што сум ограничена во гардероба ми смета повеќе. До максимум пробувам да поминам со алишта што веќе ги имам и да купувам минимално труднички или ептен голем број. Акни имав, сега ми се исчистени . Тоа позитивно. Коса кај некој можеби паѓа, кај мене засега не, плус посјајна ми е сега. Е веќе почнува да ми смета тоа што имам болки во препони, нозе, потешко ми е да се наведнам итн.
Ама и 5,2 е над граница за трудни. Според референтните кај мене е потенцирано за трудници под 5,1. Види што ќе ти каже и матичниот. Друга индикацика како повеќе плодова вода, поголемо бебе?
Јас вежбав пред првата бременост секој ден по 2 саати, во бременоста продолжив до 7ми месец, пак се здебелив.. немав стомак стварно до 9ти ама кг си беа тука, мислам дека е генетски не знам.. ете ти кажав после тоа се вратив во старите фармерки и стомакот ми беше вратен ама дека паѓав психички на моменти паѓав, не дека бев преголема, туку мислам дека хормоните ми влиаеја и тоа највеќе 6 месец, кога немав стомак голем, јас знаев да плачам пред испаѓање.. пошо не изгледав како трдница со стомаче туку кко да сум се само здебелила и алиштата не ми седаја ок, повеќе би сакала да ме препознае секој дека сум бремена него да мисли дека сум здебелена хаха ама тогаш беше тој памет, сега за сега сум супер и немам такви испади. Здебелување во бременост е нормално, разочарување на моменти е нормално ама најважно од се е, здравјето ииии да знаеш дека после бременост може да се вратиш и те како во форма. Акни немав, пигментација немав, коса не ми паѓаше, заби одлични.
Женски се фарбате ли во бременост? Јас сум плава фарбана ама се немам фарбано неколку месеци,коренот ми е пораснат многу,природната коса ми е темна и ке мора прво со бланш па после со фарба за да ми биде еднаква цела коса. Има ли некоја искуство со бланш во бременост? За фарба ке најдам без амонијак ама ова..