Немам индикации никакви. Не сум крупна, бебе не е поголемо, плодова вода доволно, фамилијарни предизпозиции немам. И мене ми се виде високичко. А не јадев после 18:30 синоќа. Ќе видам во петок ќе одам кај матичниот.
Знам дека не е здраво, не мислев буквално 200 кила. Јас сум цел живот слаба, дури послабо од нормалата. Се сум пробала да се поправам и не иде. И свесна сум дека и плус 5 кила ќе ми треба време на ги навикнам да ги носам. Но ништо не ми е поголемо од желбата да останам бремена. Мајка ми со мене 30 кила се поправила…
Да знам. Минатата бременост така и јас во Грција. Пред онесвестување бев. Мртва гладна со банана во ташна само мислев третото боцкање да помине и да ја излупам. А овде топ. Еден саат одма ми помина. Ем доручкана, плус едно боцкање само. Ми дадоа гликоза да пијам и ми рекоа не наеднаш да ми се слоши од толку благо, туку 10 мин. По саат ме боцнаа и заминав во шопинг. Шеќерот нормален. 3 боцкања на гладно се буквално тортура за трудница.
Јас како што знам на гладно <5.1, е сосема нормално ,после 2 часа <8.5. Така стои и во референтните вредности.
Да ама кај нејзе други се референтните така да веројатно е во ред. Инаку и кај мене вака беа Под 5,2 (за трудници 5.1), по 1 час 11 (за трудници 10), после 2 часа 8,5
Имам имам, бев на 2 пати на преглед, се врати нагоре бебе и веќе не ни истекува урина како пред тоа. Се осеќам ок, дури и напорно ми е лежењето, а на работа имам канцелариска работа која бара само седење и тоа до 1 максимум седам. Ме носи мм ме зима, така да немам стварно мака. Колку се нервирам кога нема да отспијам а ми се спие... Ќе појдам до кај комшиката на слава, па ќе имам изговор за порано да си одам, ми се спие ептен. И вода немаме, како ли ќе заспијам вечер без туш не знам... ух...
Девојки , во Чаир како е царски ,со спинална или целосна и дали за сите е исто? Или спинална даваат со врски?
Ок затоа одма и ти реков да си фи видиш референтните. Секако доктор ќе ти ги види и ќе ти каже. Ова се целосно различни референтни од авицена. Ако имаш ок. Јас мислев да те карам ако се контраш на препораките. Инаку те разбирам за лежењето. Иста сум и јас. Едвај чекав летоска да ми одобри докторката да почнам со работа. После тоа секоја контрола кога ќе речеше постелка е ниско, само се молев да не рече пак да мирувам. Сеа на последна контрола малку потскратен цервикс и ме врати на утрогестан и контрола за 3 недели. Ако ме прати на мирување ќе си пукнам.
Без да ме сфатите грешка и со никаква намера да ве исплашам, мој совет е да не скокате главни прегледи. Јас лично благодарение на третиот скрининг открив за аномалијата на бебето. Касно беше, прекасно, ама барем октрив пред да дојде ред да се породам и да мислам дека ќе родам здраво бебе. Дај Боже сите живи и здрави дечиња да си дочекаме, ама не скокајте прегледи.
Се слагам. И покрај тоа што, мене лично Котларова ми рече дека 100 % никогаш нема да бидат сигурни за нешто и они ,и покрај сите прегледи, баш поради тоа дека во живо ке го гледаш и не можеш да видиш а не па на ехо. Али секако да се прават сите прегледи!
Овде сме за да споделиме искуства и мислења, нема зошто да сфатам погрешно. Знам дека е добронамерен совет и благодарам за истиот. Жалам што си поминала низ тоа, се надевам никому да не се случи. Извини те молам ако навлагам во теми што се осетливи, но ме интересира дали имаше правено пренатален тест?
Без гајле, немам проблем да зборувам на таа тема. Немав правено пренатален тест, меѓутоа моето бебе имаше механичка аномалија на срце, немаше хромозомско нарушување (синдром). Пренаталниот тест немаше да ја открие аномалијата за жал.
Бидејќи и јас имам поминато низ истото, слично, сакам да те прашам, кај кого го правеше вториот скрининг, а кај кого третиот?
Кај матичниот што ми ја водеше бременоста ги правев сите прегледи. На третиот скрининг тој виде зголемена плодова вода и ме праќаше да повторам огтт, воопшто не ја виде аномалијата. Повторив и во ред си беше шеќерот, па тоа ми беше тригер самоиницијативно да одам на второ мислење. Чудно ми падна што водата е зголемена а "се' e во ред". Во Ремедика кај др.Афродита бев, така почна да се размотува клопчето.