Добро утро мешковци. Прегледот помина. Царскиот ке биде за 10 дена од сега отприлика 38ма и некој ден. Уште чекам точен датум ама барем ми кажаа отприлика Се ми е измешано
Се возбудив. Ноќеска имав несоница и малце ја карав лепотица на мама дека ме измачи и сеа ми е криво ама добро битно се глеа крајот.
Кога ме трескаа хормоните плачев, кога беа у мирување ич не се замарав Е цела бременост ме нервираше лицето, 2 дена чисто 2 недели акни
Дали тие што пиете апчиња за железо , односно хематоферол ви се повраќа многу или ви е мачно? Или пак се почнати киселини во 28 ма недела?
Додека бев бремена бев иста како и пред бременоста освен што почна да ми расти стомакот, ама тоа дури при крајот почна ептен да се познава. А бев доста слаба претходно, еве и сега не сум дебела откако се породив. Само што имам малку повеќе меше од претходно, градите си останаа исти малечки иако дојам.
Здраво девојки, пишав во второ тромесечие но ќе пробам и тука. 17та недела, веќе неколку дена осеќам како бодежи од двете страни на вагината, многу се незгодни, еве денес посебно се изразени,само се штрецам, како во интервали се и пример ако се движам морам да застанам бидејќи се грчам. И во седење не се нешто пријатни баш. Некој искуство?
Јас имам болки во препониве, не знам дали мислиме за исто.. денес и вчера сум подобро со болките ама пред тоа неколку дена едвај се движев, како пред пораѓај. Пијам магнезиум и ми препиша др. едни таблети по потреба да ги пијам. Ширење на матката си го прај своето ама па овај пат мене прееерано ми почнаа.
Ако мислиш на Хеферол, јас ги имам еднаш во животот пиено и беа ужас за мојот желуднил. Гадење и болки во желудникот имав цело време и ги прекинав. Зошто не си земеш Лактиферон? За трудници се и плус не сметаат на желудник.
Bubish koja nedela si ? Jas sum 12+2 isto osekam kako bolka od vreme na vreme vo preponite, poveke na desna strana i toj kolk kako da go osekam. Maticnata mi rece se siri matkata ne se grizi. Sekako sum na pregled sega vo cetvrtok pak ke i napomenam.
Јас накај 18та, 19та недела имав краткотрајни бодежи од време на време, во долната лева страна на стомакот и левата страна на вагината, што според гинеколог би требало да е истегање на лигаменти поради ширење на матката.
Ама за ова се оди на доктор, не на форум. Сите болки кои создаваат нелагодност која не поминува со одмор бараат консултација од доктор. Утро! Станав со главоболка страшна, ама одвратна, уште ме боли. Испив и кафе и каснав благо, сега ќе појадувам и ако не ми помине ќе пијам парацетамол. Лежам божем, не сум наспана и плус ова гадново време ме мачи, ама тоа е што е. 1/3 од алиштата на Бејби се испрани и испеглани, како ќе се сушат или бар засушуваат ќе ги пеглам, да не се скроз суви оти така не се пеглаат убаво. И дефинитивно други се алиштата со и без омекнувач. Перам со пола доза Факс и пола доза Нила за деликатни, помалку омекнувач и на долга програма, има огромна разлика, ем во чистење флеки, ем во нежност, ем во мирис. Иако сум поборник против омекнувач за бебе, овој (некој Дуел нежен бебешки) не мириса толку јако и нападно и скроз е фин. Хев а најс деј мешиња!
Слаби болки во препони, вагина, кичма, стомак итн се нормални. Ама кога се нетипични се оди на лекар.
14+2 сум, ми се деси и мене прво 12та недела и тогаш на скрининг и кажав, пошо стварно вака ми беше 8-9 месец и се загрижив ама ми нагласи дека не секоја бременост е иста и дека тоа е ширење на матката, само ептен ме боли.. највеќе кога стојам или после станување аууу
До кога боцкавте Клексан во стомак? Почнува кожата некако затегната да ми е и не ми се боцка веќе таму. Сакам да се префрлам на нозе, ама не знам во кој дел точно треба. Ова го најдов на интернет.