Грешка си. Клексанот не е мускулна инкција туку е субкутана т.е поткожна Точно знам како се осеќаш, затегната е кожата затоа. Префрли си се на нога и ќе немаш гајле
Побарај да ти ги смени. Од срце ти ги препорачувам Лактиферон, никаква мака со стомак не предизвикуваат.
Jas ne gi znam izrazite samo sakav da kazam ne e venska . Lele koga ke se setam onaa na klinika kako me bockase ko pikado i cudno modrici ne mi napravi.
Прашање ! Дали додека се бебиња ,ке ги земете од болница ,значи ептен мали ги врзувате во транспортер? Сега гледам...немам како да го врзам ако постелам кебенце за од болница...или јас незнам
Јас сум веќе уиграна за сама со голема штипка за коса се штипнувам на рака и се боцкам. Во стомак ме болеше многу уште во почетокот.
Сите ги врзував. Потенка облека, за да не се испрепоти во кола(од исцеливе како мечиња што се или не многу дебела јакничка), ќе ги врзев, и врз нив ќебе за до кола додека претрчаме.
Не знам каков модел имаш, некои транспортери си имаат како гнездо, додатен дел, бебето директ внатре се става. Најобична тетра пелена под главчето само сум ставала. Транспортерите се ергономски, нема потреба од ќебе оздола.
Пред некое време ми излезе видео дека никако не се препорачува постилање на ќебе/пелена врз транспортер/седиште. Прво ќе си го ставиш бебето, а после ќе го покриеш. Секако дека ќе го врзеш. Јас здравје ќе патувам 150км од болница до дома, обавезно би го врзала. И кратка да е релацијата треба да е врзано.
Ништо не треба да се постели врз транспортерот, можеш само кај главчето една тетра да ставиш ако сакаш, евентуално да не бљуцне. После, ќе си го врзеш убаво и ќе го покриеш со ќебенце. Никако немој да го возиш неврзано.
Да и ние на ортопед кога отидовме со транспортер рече да ја извадиме пелената,да требало да има така ќе се продавале
Обавезно врзано во транспортер и каишите стегнати убаво. Ништо дополнително не се става, ако сакаш да покриеш со ќебенце, го врзуваш прво бебето па над каишите ставаш ќебе. Инаку некои транспортери имаат додаток за новороденче.
Многу работи се прават од неискуство и со добра намера. Ама сега веќе кога ни се достапни толку извори за информирање комотно може да не се прават такви грешки.
Па мислев шубе дека да не ја ставам така на транспортер ....немам како да го исперам....али ај така ке напраам
Нели се вади навлаката од транспортерот? Кај мене се вади и го перев во машина на 30 степени. Знам некои го прскаа со Дезинтал и го бришеа.
Можеш со Дезинтал да го пребришеш или ако имаш онаква рачна пегла на пареа па да го поминеш со јака пареа.