Јас боцкам по 2 клексани на ден, до 5 месец се боцкав во стомак, сега веќе само во рацете и во бутини, ама не се спуштам толку долу накај коленото, тука кај салцето повеќе што ми е, на заоблениот дел од колкот. Три и пол месеци боцкање во колкови и раце ама веќе местото е тврдо и заситено и излегуваат модрици, се мислам да се префрлам на слабините.
Почнав и јас официјално од денес во нога. Ќе видиме како ќе оди. Таму кај што опиша се боцнав, безболно беше како за прв пат, ќе видиме понатаму.
Од 5та недела боцкам во рака некако језиво ми беше во стомак а и матичната ми предложи во рака. Еве 23+ сум уште во рака боцкам Ако сакаш објасни ми и јас да се уиграм со штипка Како го правиш тоа
Истово го искоментирав пред некој ден во темата скрининг. Не оспорувам стручност на гинеколог, скрининзи сите прават, ама специјалист си е специјалист и точка. Некој специјализирал плус во таа област. Би си скратила од милион работи ако треба ама би дала 6000 за скрининг кај специјалист перинатолог. На матични гинеколози за скрининзи мн мн не им верувам.
Јака си Јас немав потреба од стискање на раката бидејќи боцкав ептен поткожно и не треба штипнување. Иглата на помалку од 45 степени, ептен поткожно поповршински. Местото ќе изгледа како боцнато од комарец кога ќе се вбризга течноста и ниту една модрица не ми се направи сите месеци. Имам објаснувано во Вонтелесно како боцкав, може да пребара некој ако сака. Цела бременост димери не ми се качија повеќе од 600-700, па претпоставувам добро сум се боцкала и добро се апсорбирало. Сега уште ставам во стомак, има време за во рака. Некои велат дека подобро е во рака отколку во нога, имаше објаснување, но којзнае.
Само кај главчето стави пеленка, не врз цел транспортер, има малечки што се за да не ги преклопуваш. И јас не би ставала јакничка, пошо во кола мора одма да го слечеш, а најчесто спијат.. ќе го покриеш само до кола и тоа е тоа.
Па мора да се снајде човек, маж ми не е секогаш дома да ми стисне рака , свекрвата ли ќе ја викам секое боцкање вака сама и раат.
Пребриши со антибактериски спреј. Ако не врзеш бебе во транспортер е исто како во раце да го носиш. А ако летне не сакаш да знаеш што се дешава. Или имаш клипови види. Едно бебе кое го знам летна така, две недели по болници. Не е исклучено и нешто посериозно да се деси. Од дома ке си го ставиш во транспортер, ке врзеш каиши и одозгора со кебе.
Таму ми е најбезболно место за боцкање, со месеци ќе тераш така ич немај гајле, плус сама можеш да се боцкаш и да имаш контрола над болот. Инаку за помалку модрици уште од старт, бидејќи јас сум некако склона на нив,стипнувам малку салце,косински ја ставам иглата колку да влезе подкожно и пополека вбризгувам течност, после ја вадам иглата пополека и само нежно пребришувам со алкохол, ова ми беше кажано од трансфузиолог и делува кај мене со месеци, а претходно кога боцкав под агол од 90 степени уште одма бев со огромни модрици на нозете, така да ако имаш модрици уште од старт ептен косински ја ставај иглата.
Бираш место ја штипнуваш раката, прскаш алхохол малку почекуваш да не лизне од течноста ако е стабилно боцкаш само најди некоја полаваба да не стиска многу
Фала за советот. Во стомак боцкав под агол од 90 степени и освен на почеток по некоја, понатаму не ми се правеа модрици. Ќе видам баш сега на нозе како ќе биде.
Абе се ќе беше ок да не ми се смееше еднаш кога и побарав помош и дојде изгледа интересно боцкањето и си викам веќе јок сама јас ќе си терам работа. Убаво ни е со плакарот, се надевам само не не заприметил некој комшија што правиме секоја вечер.
Мора да се вади, побарај на YouTube, впиши го моделот и провери како се чисти. А под бебе ништо апсолутно не ти треба, освен ти кажаа кај главчето за не бљуцне па да направи лом и да се нервираш. Облечи го во некое скафандерче мекано, одозгора ќебенце тенко и толку, нема ти да одиш пешки од болница до дома, од болница до кола само. Ти го поддржувам мислењето, факт е дека е така, но некој нема од што да скрати верувај така да не е секогаш до желбата. 3 скрининга по 6000ден се нечива плата да ја даде само на тоа, а кај се сметки, јадење и пиење. Мора и треба да има државни термини, не да ги богатиме Систина и Ремедика туку а се бориме за повеќе термини на државно. Ете мене ми го откажаа терминот за скрининг на државно и останав без термин, пари за во Систина немав, кога се јавив за тој скрининг ми рекоа 7200 ако одам прв пат кај нив, не знам што им значеше тоа, дали ако не сум била на претходниот или не знам што, но толку ми кажаа, тоа за мене е 1/3 од платата, не можев да си дозволам и останав без тој скрининг. На сета оваа немаштија они профитираат од нас. Не секогаш е избор и тоа е тоа.
Фала девојки . Сега спремав алишта за од болница. Ај уште еднаш..дали е доволно.? Боди , шпихозни,чорапчиња и одозгора дебело кебе ? Нешто повеке или помалку?
Девојки од Скопје ако сака некоја што боцка клексани од 0.4 можам да и ги продадам 2 кутии со фискална и сметкопотврда може и да си ги рефундира нека ми пише.