Ќути еј, пак уште пред да ми почне тешкото, се с'скав за вечерта лук да земам Сега сум подобро се спремам за во вц Ама од мисли вчера што се вознемирив и бебево се размрда, се вознемири и тоа. Ќе ти пишам деновиве, очекувај ме со прашања
Женски, на вториот скрининг денес ми кажаа постелката е ниско. Должината на цервикс е ок. Што да очекувам? Прашав дали да лежам повеќе ми рече не. Ако имам некои крварења да одам одма на доктор.
Ќе се враќам и во труднички да гледам до каде сте и со душа ќе ве чекам во мајчински кога ќе дојде време за и таму да се тешиме
Не се грижи постелката ќе се помести и јас имав ниска постелка која во 28-29 недела се крена горе имаш време не е страшно мислам дека,само не кревај тежини
Јас користев еднаш глицерински чепчиња дозволени за трудници и завршив работа,пак со мака ама успешно.
Како си мила? Мајка уште под импресии од вчерашниот ден, батко не изненади со 2 награди вчера и сме пресреќни. Прво место за цртеж и истакнат ученик на тромесечје во одделение, знам прваче е, не треба да не тригираат вакви работи и да му стварање притисоци, ама ко на мајка прилично добро ми дојде. Се надевам и Бејби ќе повлече на бато. А Бејби ко Бејби, пред реконструкција на матката, ко да ме мава во карлицата го осеќам како ме турка нешто, ме бутка. Интересно ни е. Легнам ли на стомак, рачунајте дека се дешава самба во стомак, превртување колку што ти душа сака. Забава за сите пари. Исправ бели и светли работи, испеглав се што излезе, нови тури сега искачаат, па после ќе перам темни. Само најавуваат да носат алишта блиски и не ги одбивам, што ми одговара користам, што не тргам на страна. Убав ден мајки и идни мајки!
Дали осеќате некогаш како притискање на бебето надолу? како врз анусов да прави така, па и мрда повеќе чат пат. Што ме спопадна страв од вчера не знам. @Lina-Detelina имаш ти така? Се осеќам вознемирено. Немам болки, чат пат како виење шета низ нозе низ кичма. 26/27 недела сум.
@AngelOfArh добра сум. Легнав, се напив магнезиум, набљудував….и заспав. Подобро што не трчав по брза помош, само ќе се измалтретирав. Ваљда се има местено. Како и до сега, само ако пукне водењак мислам би одела во болница. Мислев утрово да одам до кај матичен, ама џабе гњавење ќе беше. Се смири болката(таа од синоќа барем, стандардната секако секој ден ја имам) бебуш мрда… и тоа е. Од утре 36та Вие како сте?
Ама ти си при крај на бременоста. А јас не е нешто многу, скраја, ама паничарка сум за ситни работи. На штрек да не почне да се засилува, само чекам нешто такво скраја. Анксиозност. И се тегне бебево, уф само да се смирам
Кај мене се што ќе пишеш сега ко под закон се јавува за 2 недели Ако до сега ми леташе бременоста, од сеа некако ми оди со желкини чекори, бавно бавно.
Бебе е супер,од завчера е на друг оддел каде што се стабилните бебиња,ја надмина и родилната тежина,прима терапија и си расте.
Стави од нив заврши работа и гледај потечно храни се,супи,манџи,јади овошје зеленчук,модри сливи повеке за да немаш мака друг пат.
Леле ќути жено. Се ми е од вчера, а уствари ништо не ми е. Се оптеретив физички бааѓи и синоќа си окркав убав страв. Половината не да ме болеше, не беше моја. Како стврднувања имав од стомаков, во вц бев по голема, пак ми се одеше. Дали од страв или што ли ми беше не знам. Денес има за доработување ама јас лежам. Ако се доработи арно ако не, не мора, само да не се плашам за бебе пак како синоќа. Притисок кон анус знајш дека од почеток имав јас, ама не нешто страшно, интензивно, не знам ете така како потиснат ректумот го осеќав. Сега немам. Денес уште ме наболува кичмава и цел грб, односно цел 'рбет ме боли. Бебе си игра, посебно откако се најадов. Денес ќе се одмара!
Ви благодарам на сите одговори (никогаш не сум добила побрзо одговор на форумов ) Имајте си лесна бременост и породување Се читаме повторно ако ми текни да поставам некое глупо прашање а далеку сум од темава
Еј баш на страницата на Систина во 27ма 28ма пишува болки во грб, грчеви во нозе, стврднувања. Одморај сега, ќе завршиш работа кога ќе ти помине нелагодноста. И јас сакам по дома да работам, ама сега не фаќам ништо. Јас си згрешив вчера со храната, лоша комбинација. Денес само овесна каша јадев, сега тост ќе земам. Мене ме вие тело, гледам утре дожд, па се надевам од тоа. Метеопат сум. Ништо, Че си лежиме сега
Аха, добро што ми кажа да не кревам, баш мислев дали тоа е проблем. А нормално таму не ми текна да прашам.