Мислам кај мене и од преголем замор може беше. Деновите со сите три ми се турбо, ама навечер, со исклучок на икс пати до веце или мака со желудник спиев и одмарав. Викториа изгоре од тт предходната ноќ, шетав натаму наваму цела ноќ за да и мерам и лек да давам…и толку ми биле силите. Со нови сили од денес. Се надевам прегледот наредната недела ќе го измерат бебуш или нешто плус ќе кажат. Маж заминува понеделник на терен и 3 недели нема да е дома. Првен беа две, сега три. Вријам
Херојка наша, уште малку ќе си дојде домче. Многу се радувам за вас, мајка на тебе сега ти олеснало малку Може ли да ми кажеш која е родилна тежина? Јас утре сум на мерење.
Ау и мојот требаше да замине на 26ти до 12ти, во Валенсија, ама не отиде, се предомисли. Ние сме со страв и овој мајмун да не се роди порано и затоа сме претпазливи. Мене денес ми е нешто мачно, јадам и мака ми е, ништо чудно пак да е свртен обратно, прилично се вртеше изминатите денови.
Кај мене таман од 36-39нема да биде тука. Туку ми остана уште транспортер не купен, треба со адаптерот од количка да се оди во дуќан за соодветен да ни дадат. Не можам онлајн. А маж мораше да ја предаде возачката на цел месец поради брзо возење, и без возачка е, па јас да возам он до мене да седи не дај боже да не ме фати некоја чудна болка па да се менуваме и он на црно да не враќа дома. Низ градчево немам мака возење, ама на автопат ич не сакам во оваа фаза. Машка работа, се сега, во последниов месец, е собрано.
Многу се врти и прета бебава моја ,ама многу. Незнам дали значи дека ке искача или не у скоро ама се тегне на сите страни и болно ми е....а очекував т.е викаат у 9ти се помирни
Аа седи да не биле помирни. Мојава салта правеше до последен ден. Ако не сакаше сама да излезе мислам дека јас ќе ја вадев. Е до толку ми беше мачно веќе
Кога да очекувам бебе да мрда? Постелка на преден ѕид. Од утре 17та недела здравје. Пеперутките шо велите не можам да разграничам гасови ли се бебе ли е
Оф незнаеш колку ми олесна мислам дека голем терет од грб ми падна ама со поголеми сили сега очекувам кога ќе кажат дека може да си дојде дома Мојата се роди 1.180г таа е родилната тежина,првите две недели качуваше па намалуваше од завчера качува вчера беше 1.250г.
Вчера го пишував истото, мислам низ стомак ќе излезе, не знам што прави ама цел стомак ми го деформира. И јас исто се прашував, нели немаа место во 9ти и беа помирни?
Мене на ехо ко ме гледаа пред да се качам на бокс, госпоѓицата моја го тресна ехото со раче и таква клоца ми удри шо мислам дека повеќе ме здоболе тоа од контракциите. И после тоа фати да ја врти главата вака
Кај мене убаво се осети прв пат минатиот петок во 18+6, исто постелка на преден ѕид. Од тогаш многу ретко осеќам слаби движења, освен синоќа малце појаки беа кога легнав. Уште малку Дејзи, стрпи се и ќе го доживееш најубавото чувство што постои.
И јас чекам, 18та недела сум и цело време на штрек сум, не сум уште сигурна да разграничам што е кркорење на црева а што е бебе.