Со првото отидов со најјаки, на неколку минути, мислев цела отворена сум, ми рекоа само 1-2 прста мислам. За второто отидов со слаби болки, веќе неколку прста отворена, ме оставија сама на бокс, рекоа ќе дојдат за 10мин. Онака, издржливо. Кога се вратија рекоа цела(10прсти сум отворена). Со третото повеќе од недела шетав отворена додека пукна водењак и добив болки. Со сите три ми пукна водењак па добив болки и тргнав.
Фала ви на сите за честитките и убавите желби На сите ви посакувам ваква радост и сонце што ќе ве грее цел живот И да, вреди секоја болка за тие две мали очиња полни со љубов
Од рубриката "паничарски прашања" Ја испив грдата шеќерна течност и бебево маалку мрдна, тек тук. Кај вас одма се размрдаа?
Не, малце мрдна, повеќе мрда на оброк обичен него на тоа @Iris-1234 честитки мајка, живо и здраво Он топик, терам 25+1, со кг не мрдам бидејќи ме ставија на диета поради гестациски дијабет На моменти ме фаќа нервоза и ми се каснива благичко, ама ќе мине и ова, иште 3 месеци, само бебе да е добро Читам се и сешто по нетов за ова и се паничам, а знам не треба да читам Ми вели дригарка, цел живот си на диета, та за 3 месеци гајле немаш Се боцкам по шест пати на ден, добар ми е шеќерот, се надевам ќе ми намалат барем боцкања, за јадењето не е проблем Со маж чистевме новиот дом, не можев да се движам два дена од тоа клекни стани бриши прозори кои се огромни, бриши под на колена, ме креваше после од доле, а ја 2 пати потешка од него Чекаме иште греење да донесат и да се селиме Се разработив оти ми рекоа ко да не см правена конизација ми е цервиксот, 3.5 долг, црвст, затворен, една мака помалце да не го мислам и него Топраа маката, да се префрлат машини, алишта, оф мори мајко, ама ајде, за арно нека е само, ќе биде полека А ми е екстра тешко, ко расштрафена одам сега, а до крај што ќе биде Со првото немав ич ни стомак, маж ми само се смее, ме допира н стомак, и вели машала машала Ќе изеде ќотек кај и да е Малава на сите кажва за бебето, мног е смешна, се надевам ќе минеме фино со нејзе и бебето здравје Каша попара пост, се изнакажав Галете мешиња, лета времево леле, како вчера да имав позитивен тест и ве малтретирав за бледата црта
Ми падна слузниот чеп, после саат време почнаа болките, отодовме на болница, ми дадоа бускопан и ме вратија дома да сум лежела во жешка када, не бев отворена ама видоа дека нешто се дешава, чекав да се смени смената и во 8 се нацртав таму и ме примија одма. Мене болките од 12 вечерта до кај 15ч ми беа скоро исти ама од ко ми го пукнаа водењакот почнаа појаки и после пукање се породив за 3 саати, не знам што чекаа искрено ( пукнат ми беше горе кога отидов во 8ч ама ми го допукнаа после 5 саати ) И сега со второво исто ќе отидам пак кога ќе имам болки, оти и првиот пат ме видоа дали водата е заматена и не беше, не би ризиковала, подобро да ме вратат, а прегледаат одколку да си чекам дома. Шо знам, побезбедно се осеќав.
Mesinja mi stignaa rezultatite od nifty. Se e vo red. I nosam masko, mojot mal princ. Srceto mi dojde na mesto. Sega skokam od sreka. Samo ubavi vesti da slusame
Женски, обично пижамите ги кревам до под мишки и легнувам . Ноќеска така ми се смкнале надолу баш на стомак. Не знам колку време ме стегале таму, ама ме разбуди болка, се испаничив од кај сеа ова и од коа се стокмив убаво, ми престана болката. Сметало на бебе ова? Обично гледам околу мевот да немам притисок, лабаво да е скроз, првпат ми се случи да ме боли....
На преглед денес. Бебе претходна недела 3027 гр ,денес 3030 . Мн се нервирам...зашто не се поправила? Другото се е окејрече Илиевски....веројатно 39+ ке боде царскиот....
А зошто се нервираш? Протоци се е во ред? Моите толку се родија, второво 2.690. Не ќе се нервирам што не биле 4.000 кг.
Супер си е бебка, не се замарај, помало бебе поздраво, јас па не сакам да ми е големо многу. Едит: Под здравје мислев на здравје на мајката, демек мало бебе докторот мој вика помали шанси за гестациски дијабет на мајката. А некои статии што сум читала викаат дека демек родилната тежина има врска со дијабет понатака во животот.
Нема зошто да се нервираш, важно е дека сѐ си е во ред. Супер тежина си има и утре да треба да се роди. Уживај.