Има многу причини зашто. Ако нема ризик најдобро е бременоста да се износи до моментот кога бебето ќе покаже дека е спремно за искачање. Раѓањето порано си носи ризици и најубаво им е на бебињата во меше
Mislam deka e vazno da gi naracas za vreme na popustot. Vauceri ima na nekoi proizvodi, jas gi gledav od Instagram.
баш пред недела дена ја прашував матичната кочку дневно смеам парацетамол со оглед дека сум трудна Ми рече до 4г значи 8 апчиња така да можеш не дека треба 8 да испиеш де ама за второ секако смееш
До некаде се слагам иако околу мене родија бебиња над 4500 некои и 5 кила а ги малтретираа жените до крај за да потоа царски ги породат...
Но ако е се во ред мислам дека е стварно погрешно да се форсира пораѓај пред 40та недела. А гледам дека често ги форсираат по болнициве.
@АнаМаријаД Фала ви девојки ептен. Ќе ми прсне глава. Ќе се напијам сега уште еден. Секако 3 ќе ми биде во 23 недели. Се надевам и последен.
I druga rabota sea mi tekna. Pak ko I prosliot pat mi rece pogolema I glavata. I sea ja moze smesno I tazno ama si praam filmovi kako ke izglea. So ako bide so mnogu golema glava
На моето поголемо му беше цело време. Се роди со најпрекрасно главче и уште му е. Е, сега, носи поголеми капчиња, но ништо невообичаено не изгледа
Ќерка ми се роди 2.580, а по обем со главче поголемо од граден кош, ги мерат, веднаш штом се родат. Ама како што ми рекоа кај многу бебиња е така. И кога ќе ја споредев со бебе од другарака, навистина имаше поголема глава, ама не се секирај сосема нормално изгледа. Сега е преубава женска со прекрасно главче
Стресот низ кој поминува детето, а и телото на мајката со индуциран пороѓај не се баш никаква добивка. Како прво со вештачка индукција мускулите на матката не се опуштаат измеѓу контракции, што е стрес и за бебето и за мајката, затоа и ваквиот пороѓај викаат дека е поболен. Најчесто контракциите завршуваат веднаш откако бебето ќе излезе, значи не продолжуваат понатака како во природен пороѓај за да ја вратат матката во природната големина и да спречат крварење, затоа и ризикот од крварење со ваков пороѓај е повисок. Скоро секогаш водењакот го пукаат самите доктори, па ако не почне природно отворање брзо после ова мора да се оди на царски нели. Бидејќи процесот е започнат вештачки, се стопираат сите природни механизми на телото за намалување болки, како испуштање ендорфини од мозокот ( нема кој да му сигнализира на мозокот дека процесот започнал, па и лачењето хормони не се тригерира ). Уште една причина зошто е поболен. Исто така не се испуштаат одредени хормони со кои телото е во алертна состојба за да може да го следи процесот и да соработува. Би ве советувала кога ќе дојде ова прашање на ред, да го дискутирате со гинекологот и добро да се распрашате за ризиците и добивките од истиот. Знам многу случаи кога искрено беспотребно се започнал процесот, и скоро секогаш завршува со царски.
Немам намера да се мешам во работата на докторот иако имам свое мислење . Се разбира дека секој процес што е природен е најдобар, НО многу доктори згрешија вадејќи бебиња порано, а исто така чекајќи "сами" да кажат кога е најдобро да излезат. Лоша проценка, лош пристап, компликации кај мајката. Така да нема правило. Тоа е вистината.
Правилото е да се чека што подолго без притоа да се надмине терминот за повеќе од 15 дена и без притоа да има последици за мајката и бебето. Муабети од типот на мајката ја фаќа нервоза, на бебето му е тесно внатре не се валидни медицински индикации за да се почне пораѓајот.
Грешка си, што подолго, условно кажано, само во "идеална ситуација". Секоја бремена жена има различна историја.
Затоа и треба проценка на доктор кој му верувате дека работи во ваш најдобар интерес. Муабети од типот ќе те индуцираме денес пошо нареднава недела сум на одмор, за мене реално не се валидни причини за индукција.