Можеби генерално истражувањата покажуваат дека е така, ама јас имам поразлично искуство. До душа се пораѓав под сосема различни околности, ама сепак имав индуциран пораѓај, во нетипична недела за породување. Последици немав никакви, болки немав преголеми ниту пак крварев обилно. Две недели после породување бев на преглед и се си беше вратено во нормала. Секој организам е различен и сечие искуство е индивидуално, не може да се генерализира на ваква тема.
Нормално дека секое искуство е различно, затоа и викам дека треба медицински оправдана причина за да се оди со ваков пристап наместо да се чека за природен пораѓај. Ама најчестите причини во моја околина, поради кои пораѓајот бил индуциран се следните: -докторот не е на смена следните неколку дена -на мајката ја фаќа нервоза Да се има доктор кој ќе работи во најдобар интерес на пациентот е најдобро, за жал некако се почесто го гледам ова.
После прв вагинален преглед со рака се чуствувате доле чудно? Овие 7 месеци не сум имала односи и сега наеднаш ме израширија, кога одам во вц како отворена да сум 20цм се осеќам, не ми е исто ни кога мокрам. Јас мислам дека е тоа ама дека и со скратен цервикс сум сега па ми е страв тоа чувство да не е од што сум стварно отворена. Не замислував дека бременоста ќе ме смени во ваква паничарка.
Мамички, се туширав пред малку и кога ги соблеков чорапите приметив дека левата чорапа ми направила бразда над глуждот и како пресечена, ми се направил малку оток кај глуждот, на десната нога исто помало стегање од чорапата ама нема оток. Дали ќе се врати само од себе или можам нешто да ставам да се намали отокот? Ваши искуства
Четврта бременост веќе, нон стоп, континуирано, со рака ме прегледуваат. Никогаш немало контра индикации, сеедно кој месец сум била. Сосема нормално ми е станато Имав и јас периодов. Елиминирав солено и маж ми ме масираше навечер, па поминуваше.
Имав и јас периодов. Елиминирав солено и маж ми ме масираше навечер, па поминуваше.[/QUOTE] Дали смее да се масира? Јас си мислев ладни облоги и кренати нозе, дали си пробала и такво нешто? Секако ќе пробам и со масажа. @danichap
@Sienna_MK Во оваа бременост немам пробано, масажава ми се гледаше како побезболно решение. Порано имав ставано облоги, ама не се сеќавам за што беше
Него мене сериозно ме интересира ,откако ке се породам царски ,после колку време/денови ,ке можам да јадам и пијам.без да ми е желудникот полн и храната во грло? Стварно едвај чекам и жедна сум веќе...... Што ако потрае ова вака некое време
Помина мојот скрининг.Мојата лепотица е супер,се е уредно,ми олесна можам да дишам иако главата ми прска од напнатост и исчекување цел ден.Колку мрдкаше леле љубовка се стопив
Тука, во Германија, прв ден после пораѓај ми дадоа најнормален ручек со месо и си го изедов. Така да јас немав мака, од прв ден си јадев нормално.
Најголемата мака е после 36та, итен царски бев тогаш и го прескокнав тој дел, порано се роди момата. Од утре сум 37ма сега, едвај дишам, едвај јадам и водата што ја пијам ми го гори хранопроводот. Цела ноќ седам со перници зад грб, губам воздух, дијафрагмава ме притиска
Јас стварно ке се угушам некогаш. Страшно е ова. Ми се плаче од мака. Ама нејсе...издржав до тука....
Кај мене е со главчето надоле божем, ама многу високо, ич не е симнато и притиска на дијафрагма. Првото до крај остана горе, не се симнуваше.
И мојава не се симнува. У нос ми е секое јадење. Туку, знаете ли во Чаир дали пораѓаат Ковид позитивни?