На прво дете, стомак немаат некои до 23-4 недела. Исто и со осеќање на бебето, првото го осетив после втор скнининг, значи беше после 22 недела. Првиот пат бев активнс тој ден ептен, легнав да одморам и како некој бранови ми поминаа, после уште еднаш истото, сватив дека е бебе. Еве сега со второ сум 16 недела бремена, не го осеќам уште.
Кибеитчиња намокрени и брцнати во земјата со црвеното надоле, два дена стојат па ги менуваш. За неколку дена нема мушички @Starchild
Мене ме буди нејадењево пред анестезија. Ок, сфаќам, не треба, ама итните царски и најадени и напоени се и се е ок.(или јас имав среќа) Немав никаква мака со анестезијата иако и пред царскиот и после него јадев и пиев а секаде еве читам не треба.
Dali nekoja ja ima procitano knigata Svesno Majcinstvo od Nada Bucevik? Da kaze mislenje. Dali e dobra
Здраво женски.. стигнав до 36 недела.. ама многу почна да ме боли стомакот мислам менструални болки.. прво по 1 сат во денот и од ден на ден се повеќе и посилно ме боли.. не сум сигурна прееска во вц како да беше дел од чепот ама беше проѕирно и не многу.. паѓа одеднаш или можи дел по дел? ако ми се зголемат болкиве ќе одам на доктор.. а и плус многу сум нервозна и наплив на емоции..
Здраво, на вториот скрининг докторката ми рече дека стомачето на бебето е малку поголемо, колку што видов оди понапред за една недела. Ми рече не е ништо страшно и ме испрати да испитам скриен шеќер. Инаку сум 20 недела и само 2 килограми поправена, 62 килограми. Дали некој имал слична ситуација?
Дани мислам дека е пред се од предострожност. Може да се појави некаква алергија, повраќање и слично и за секој случај да не се поклопи. За после тоа не сум ни јас на чисто, како ќе проработат цревата ако не јадеш, ама мене 3 дена без јадење ме оставија. Може да паѓа и дел по дел. Го постигнав највисокото ниво на трудничка збунетост! Си ја заборавив ташната на работа Имам новчаник со ремче како за преку рамена и тоа врз мене а ташната на работа. Дете големо љуби га мајка пак настина, носот му е бабура, се надевам искрено да не прифатам, не можам пак...
Ништо нема да ти се јаде, верувај. Пред царскиот до 8 вечерта смеев да јадам, до 12 да пијам. На ден на царски само течности, 24часа после царски двопек со јогурт и течности, 48ч после царски може сè, еве со сила ме тераат да јадам, па дури и кафенце ми сварија за да одам да се прочистам иначе нема да ме испуштат
Не ве читам многу, се гушкаме со бебуш, дојдов само да кажам дека не можам да си поверувам каква љубов е оваа Го гледам и не можам да поверувам дека е мој, не можам да престанам да го гушкам и бацувам
Не, на ГАК. Немам збор колку е добро, немам на што да се пожалам, најискрено. Никогаш нема да го заборавам тимот во сала, толку беа позитивни, посебно анестезиологот што се ми објаснуваше чекор по чекор. Сестри само една поарогантна има кај бебињата, другите сите се услужливи многу, лекари, сестри, болничари. Ми помагаа и со доењето, проверуваат гради, даваат пумпа ако има потреба. Даваат терапија редовно, единствено може не даваат толку аналгетици, освен ако не побараш. Јас носам парацетамол и си пијам ама ако им побараш ти даваат. @AngelOfArh направив едит, може да дочиташ.
Скриен проверуваат сите. За стомачето не е страшно, кај некој кажуваат и помало дека е, на крај е секогаш во ред.
Некои го скокаат и тоа е грешка. Пред да ме породат на патолошка лежеше девојка која мораше порано да ја породат заради премногу плодова вода, доста поголемо бебе од тоа што треба и компликации со цревата на бебе. Грешка е да скокне било која анализа во бременост иако своеволно некогаш жените не ги прават сите анализи/прегледи.
Кај мене немаше индикации ама матичната а и на ГАК ми рекоа задолжителен е па правев, секако на своја одговорност можеш да прескокнеш, како и сè друго.
Исто и јас проверував. И тоа двапати. Првиот пат заради урината а вториот тој редовниот во 7ми месец ако не се лажам беше . И тоа без индикации. Освен првиот пат со уринара