Шо ми кажуваш, познавам веќе случаеви кои и покрај компликации во првата бременост, не прават сега разни испитувања и имаат глупи изговори. Мене првиот пат ми беше неуспешно со скиениот шеќер оти повратив ама си кажав и отидов наредниот ден, не се осудив ни да скријам, камоли да не отидам уште еднаш.
Јас ни едно ни друго имав проверено.. Матичната не ми даваше упат не требало а не отидов приватно зошто се изнадавав пари по приватни анализи. Ми рече демек ако имало индикација ќе ме пратела
Поднесов за Клексаните, ми ги примија документите. Од 0.2 примам јас, ми кажаа нивната цена дека е 110 денари по клексан. Тоа значи дека за 30 ќе ми исплатат 3300 ден?
Девојки можам ли во 13 недела да чистам заби и да поправам заб? Си ја скршив 4ката ме штрака нервот внатре отворен е забот ми е страв да не направам процес
Мене во второ тромесечие ми ги чистеа, во прво не сакаа, а за поправка најдобро со стоматологот да збориш
Незнам колку е редовна цена на овие. За 0.4 кој чини околу 250 во аптека, на крај после одбитоци само околу 150 денари исплаќаат
136 денари се во аптека. Кога ги прашав во ФЗО по која цена исплаќаат рекоа 110 денари, прашав дали 80% од сумата по таа цена, ми рече само нешто као па не 80% таа си е цената по која што ние ги исплаќаме и не ми дообјасни.
Цената варирала како на берза и они по тоа рачунаат не се секогаш иста цена ова за фзо а аптеките си држат цена
Јас ќе направам само понатака зошто сега сум 23 недела, за чиста совест ништо не е скапо за да се направи. Пишав што ми кажа матичната
Не, да речеме ако по инекција враќаат 110 (3300) ќе ти одбијат и партиципација 600 - 700 ден мислам за 30инекции ама не сум сигурна баш колку ќее е партиципацијата
Еве ја последната математика за 0.4 Цена во аптека ~250 Фонд 176,72 Од тоа одземаат 20 денари партиципација 156 од парче
Партиципации, намалени цени, божем мислиш примате клексани од што сакате и ви е ќеф, божем филери на уста ставате па ај да ви дадат некој денар. Глупости. Срам да им е.
Мене ваква пресметка како вашите не ми дадоа. За три месеци поднесов од еднаш, ќе си почекам за да видам колку ќе исплатат. Освен што ми кажа дека нивната цена е 110ден ништо друго не ми објаснија, немој да не се изморат, за грев.